Секогаш ми се со јаки нијанси,и зима и лето.Циклама ,портокалово,црвено,црно. Не памтам од кога не ми биле нелакирани.Секогаш си велам дека зима ќе ги одмарам,ама не бива,пуста навика.
Абе додека немаш здравстевни проблеми со ноктите е ок. Ќе ги налакираш и крај прича. А ако ти врсне ноктот во месо е тогаш ќе се измучиш.
Ај француски можда ќе помине некако, ама гелни или какви и да се надградби на ноктите на нозете мене не ми се јасни... Еден период и лето и зима ми беа крем боја лакирани, а сега ми се циклама без никакви декорации.
Јас имав убави нокти ама си ги уништив со лаковите. Дури 6 месеци носев еден црвен лак од авон што бргу се суши. Пошто беше зимо и не се гледаа па ме мрзеше да ги бришам и така си стоеја 6 месеци И кога го избришав лакот забележав дека ноктите на палците ми се пожолтени, па постојано мора да ми бидат налакирани за да не се гледа. Е сега гледам почнале како да се свлечуваат, најверојатно нови ке ми никнат. Ме интересира дали новите ке бидат со иста форма или некои деформирани
Во прво време ќе бидат деформиранки (додека се борат со дуплиот нокт) , а после ќе си се оправат. Мене незнам колку пати ми имаат израснато нови нокти на палците, ама све тоа од тесни штикли ми е. Ми се гмечат и нормално дека нови ќе пораснат,уште малце и рогови ќе ни никнат . А најинтересни ми се оние со долги нокти па и подвиткани надоле,и у некоја папуча...Спремни за есенско орање.....
Ноктите може да пожолтат од премногу лакирање особено со црвен лак не е нешто страшно , земи лимон и маскирај ги ноктите така еден период и одмарај ги од лак ќе ти исчезне или пак купи си лак за избелување на ноктите
Уф си ги мрзам ноктиве, и како што пишав во предходното мислење , секојпат ми беа лакирани коа ми се љупеа, а сеа од лакот ми се катастрофално оштетени. Многу ги мрзам , ептен ми се тврди бљак , сеа по малце ми се размекнати , какви ми беа во зимата, ух
Имам убави нокти на нозете.Понекогаш ми се кршат ама пак се враќат во нормала кога ќе ѓи излакирам...
Моментално ми е бел, како и на рацете Секогаш се трудам да ми бидат ноктите на нозете налакирани исто како ноктите на рацете Особено во лето
несакам премногу натрупани нокти на нозете кога ги лакирамсекогаш се еднобојни моментално ми се со ментол боја..
Моментално си ги спремам за лето 2013. За чудо јас повеќе сакам лакирани нокти на нозете отколку на рацете. На рацете секогаш ми се исечени и почесто сакам да ми се со безбоен лак, а не сакам никако долги нокти. Ме плашат!
Секогаш средени. Не ми се големи и долги, туку се малечи и многу ретко се со лак безбоен. Нормално во лето си добиваат плус нега. Кога одам на плажа гледам да го погодам лакот на ноктите со бојата на купачите.