Пред 2-3 недели. Малото прсте ужасно ме нервира .Како шилци ми се Сега се лилави.Со ваков лак Спојлер . И сега одат на бришење.Да се средат
Ја прелистав темава и гледам дека ретко која ставила слика, 2-3 се во темава, за разлика од таа за ноктите на рацете која е преполна. Си докажав дека не сум единствена и дека девојките најчесто гледаат на стапалата како на нешто срамно, во смисол нешто од што не би прикачиле слика пред еден куп луѓе. Иако во лето стапалата ни ги гледаат илјадници луѓе, сепак не се дел од телото со кој се гордееме, ма какви и да ни се, верувам дека многумина ќе се согласат со мене, како што и (ќе повторам) темава докажува. Јас дури сега гледам дека воопшто постои. И он топик, моите се моментално тиркизно со жолто, малите мешани а палците жолти со тиркизни линии. Да бидам искрена, не памтам кога последен пат сум ги налакирала во иста боја со рацете, од причина што рацете често ги менувам (на два-три дена), а на нозете ем подолго ми стојат ем не им обрнувам толку внимание и не чувствувам потреба да ги сменам. Поготово што и јас си имам проблем со палците, како што спомна феминка погоре. Но летово мислам дека ќе почнам малце и нив да ги шарам, да експериментирам, како што неодамна почнав со рацете, пред тоа не се замарав многу ни со нив.
Ги лакирам ама само преку пролет и лето кога носам балетанки,сандали и штикли со отворени прсти,најчесто ми се црвени или розеви.
Абе ..ќе се налакирам на раце и ми траат 3-4 дена. А се налакирам на нозе абе траат цела вечност! иначе моментално ми се Неонска розова боја
Како ноктите на рацете и ноктите на нозете треба да бидат средени. Редовниот педикир овозможува негувани нокти и без лак во боја.Со оглед на големиот избор на бои на лакови за нокти се добива поубав ефект.Користам дискретни бои и секогаш тоа е истата боја на ноктите на рацете и на нозете. Моментално сум лакирана со Golden Rose Paris 92 Спојлер