не ги алкирам ноктите ниту на рацете ниту на нозете, се случува ама ептен ретко. Инаку ноктите на нозете ми растат побавно од тие на рацете.
Бидејќи ми здосади веќе да ги шлакам ноктите на рацете со разни шари почнав да ги лакирам со еднобоен лак. И каква боја на лак ми се ноктите на рацете, таква боја ми се и ноктите на нозете. Ако ноктите на рацете не ми се налакирани, не ми се ни нозете.
Ednostavno,so turpija.Sekoja nedela si gi sreduvam so turpija,neznam od koga gi nemam seceno,taka so turpanje si gi oblikuvam do posakuvanata dolzina.Nesakam dolgi nokti na nozete i skiro sekogas mi se nalakirani,duri i vo zima
Не можев да најдам тема за габична инфекција на нокти, па да напишам овде. Доколку имате проблем со габична инфекција на ноктите на нозете или кожата на нозете, правејте си секојдневна купка со хималајска сол. Сега слушав доктор на тв, рече дека е слично како да сме на море одлично за габична инфекција.
Не можев да најдам некоја тема баш за ова, сакам да прашам, како се справувате со нокти кои растат во месо(ќошињата навлегуваат во прстот поточно)? Јас имам проблем со тоа и не знам дали има начин да ја средам или барем подобрам ситуацијата. Некој совет?
Девојки дали има некоја проблем како мојот , на малото прсте не ми расте нокт или расте но ептен мал. Не ме боли но не изгледа убаво.
Јас имам. Цел живот ми беше таков ко топченце само Имав и проблеми со габична инфекција на палците на нозете(ми беа такви задебелени ко на дедовците) и ги лекував со маст Ексодерил, попатно ги мачкав и малите ноктиња. После доолг третман приметувам дека се малку проширени и имаат барем некој изглед на нокт, иако не целосно, ама има разлика. Пробај, може ќе ти успее
Здраво девојки, можеби не е за овде,ама ај да си прашам... Го сечев со ноктарица ноктот на палецот на ногата. И лошо ми се скина. Има веќе 2 месеца, осеќам ко да ме удара некој со остар предмет,боли и ретко мириса, преку ноќ го третирам со ,,киснење,, во вода, хидроген за рани 3%-добро изврива и тоа е тоа... чаре?
Лакот ми трае мноогу долго на нозете. Ставив еднаш гел лак, ама малку ми ги подигна ноктите и ми пречеа тесните обувки. Сега на козметичар си правам само педикир, со обичен лак.