Пет, шест пати ставам гел на ноктите на нозете и ми станаа тенки како лист. Ми се кинат до пола прст не знам зошто. На рацете ги правам 10 години и не ми се случило ова. А ми беа јаки до степен да не можам да ги исечам. Со истиот гел ги правам и на раце и на нозе, кај истата девојка.. Што може да е проблемот?
Дали некоја се соочила со габична инфекција на нокти на нозе? Т.е не знам ни дали се работи за инфекција или болест. Не знам како да ја наречам мојава ситуација. Имено, само на десниов палец на нога ми растат нокти, еден по еден и се прави како слој од повеќе нокти. Барав и по гугл и секаде, не најдов ништо. Имам користено све и свашта, ништо не помага... Ако некоја има совет или се соочила со вакво нешто нека ми пише.
Probaj so maslo od cajno drvo, etericno da bide cisto 100 % go I'ma vo aptekite zegin od 25 ml, Po ti se isplaka da go zemes 320 den, od 10 ml e ti e 210 den. Moze da stavas dva pati dnevno na zabolenite nokti, na kozata Ako go stavas treba da bide razredeno so krema ili malso 50:50 soodnos, za kozata na stapalata. Kaj mene imase efekt posle Edna godina stavanje sekoja den mi izrasna Nov nokt
Најверојатно се реаботи за габична инфекција,дерматолог тоа мора да го види и да препише терапија.Мене ми помага топла купка,колку можеш потопло толку поарно,од вода,оцет,сода бикарбона и морска сол,и така секоја вечер.И добро сушење на ноктот,ако треба и со фен!
Ноктите секогаш сум си ги средувала на нозете. Никогаш не сум имала проблем. Но, пред некој месец на двата нокти после палецот шо ми се, на едната нога, забележав дека едната страна од ноктот е задебелена и како да ми влегува во месото. Го исеков малку тој дел и оставив, мислев ќе помине. Но сега пак исто е, ме фати инат и земав сечев, сечев, копав со тоа острото, и го исеков пола нокт до горе. Од што може ова да биде така, прв пат ми се случува. Мислев да не ми навлегува во месото и му ебав мајката. Да напоменам дека немам никакви болки.
Најверојатно се работи за габична инфекција. Најдобро е да си посетиш кожен доктор. Габичната инфекција може да се појави: од неправилно сечење на ноктите односно треба да ти бидат право исечени, ако носиш тесни обувки или нешто друго. Внимавај да не практикуваш нешто од ова. Ако сакаш да земеш нешто сега засега земи си капки ексодерил и ставај секој ден и повремено држи ги ноктите во вода со сода додека не омекнат и чисти го ноктот покрај месото.
Не праам ништо од тоа. Ама ќе ги земам капките. Ти благодарам. Дали има шанси да израсте ноктот повторно добар?
Ако ти е задебелен ноктот, се познава кога е, ти расте одоздола друг нокт. Мене така пред некоја година така ми се случи. Само кај мене прво болка на прстот од каде што расте, без да имам оток и црвенило и се чудев 2 месеци што е, после само црвенило, и на крај памет не ми текна дека внатре ми е загноен за на крај и мал оток ми се јави. Тогаш почнав да ставам црна маст и од нејзе ми излезе гнојта, која претходно не укажуваше на тоа и почна да си расте нов нокт. Задебелениот како расте озгора нов си расте без проблем. Некоја габична инфекција е, и јас се чудев од што може да е. Јас мислам дека ми се појави од шпиц балетанки што ги носев кои не беа удобни. Веќе не ми текна да ги облечам, уплав фатив од толку јака болка.
Не ми беше цел нокт задебелен, туку само таму од страната, како да ти објаснам, ни пола нокт не е туку помалку, и како да влагаше внатре во месото. Ама го исеков тој цел дел до горе. Сега иам пола нокт и пола месо ми се познава
Штом ти влегува во месото редовно сечи го во тој дел, тоа па штом почне да влегува болка до бесвест е , јас после порагај не знам што ми се деси со прстите на нозе се нешто ми се дешава. Кај мене на двата прста ноктот во месото влегува и затоа морам на време да ги сечам пред да почне да расте затоа што многу боли. Само сечи на време за да не си направиш проблем. Најмногу се случува од тесни кондури, неудобни.
Не носам јас тесно, а и не ме болеше мене ич. Ни пред да сечам, ни кога сечев, ни отпосле. Може од некоја габична инфекција така се здебелил. А и не ми е палецот туку двата прста после палецот. Искрено, не ми се оди по доктори, во странство живеам и многу се чека за термини, па затоа тука побарав помош. Некои капки, некој бабин лек, некоја бајачка, шо имате понудите
Јас прво пробав со канестен капки, не ми помогна, па зедов црна маст и тоа ме среди. Така го средив и брат ми тој живее во странство и тој не сакаше по доктори, и таму најде црна маст. Инаку кај тебе штом нема болка, сигурно некоја габична инфекција со капки ќе помине. Пробај канестен маст или капки ако можеш да најдеш.
Да таа. Јас ставав од таа, па ми рекоа капки канестен подобри се баш за тоа, па на крај црна маст. Абе докторка, арно без прсти што не останав
Стај, ако имаш октанисепт спреј и од него шприцни. Што ќе да е ова со ноктите на нозете и пораѓаите поима немам. Кај мене прво не растеше, стагнира, па пожолте едниот нокт на палецот, па сега се оправи сам од себе и продолжи да израснува, ка и да е ќе израсне скроз и ќе биде пак нормално. Не боли исто. Дали некои нерви се штракнуваат, од исцрпеност на организмот ли е. Кој знае.