Ноктите и на рацете и на нозете ми се секогаш лакирани , некако грдо ми е да ми се без боја( така се навикнав) Преку лето ми се во иста боја раце и нозе , а во зимо поретко ги средувам на нозете ги заборавам
Ноктите на нозете ми се средени и лакирани.Најчесто ги лакирам во нежно бела боја,иако практикувам и други бои оваа ми изгледа нежно.
Ноктите на нозете ми се секогаш лакирани,дури и на зима,но тогаш не внимавам многу на бојата која ќе ја употребам,за разлика преку летниот период секогаш сакам да ми одговара со лакот на рацете.Инаку додека сум на одмор и ме мрзи да се лакирам,ноктите на нозете ми се некоја по дречлива,разиграна боја, на пример зелена,плава,розева...а пак на рацете не ставам ништо од причина што одма ќе ми се излупи од водата.
Нема шанси такви нокти нема да имам никогаш. Колку се долгии моите нокти ми растат во месото и секогаш ги сечам кратко инаку ме болат. Има чаре?
^ А што ќе ти се долги нокти на нозете? Ајде тие што се црвено лакирани се прифаќаат. Ама другите две слики, особено последните? Ма дај. Чорапите ќе ми се искинат.
Хипи , патика да облечеш особено со такви нокти , ајде оди со нив така да те видам Инаку ми се кршат , и само со гел за јакнење ги лакирам , и добива некоја лила боја ама дискретно така ..
Се грижам за ноктите и на рацете и на нозете. Моментално на рацете имам француски маникир, а на нозете сум налакирана со лак во борда боја. Што се однесува до сликите што се погоре постирани, првата и втората ми се океј, ама третата... нема шанси... малку да се подолги ноктите на нозете болат и во патики, а камоли во штикли... така да ноу веј!
Ни јас не би можела со толкави нокти,туку ја ставив сликата затоа што се многу убаво налакирани,во никој случај заради големината
На последната слика мислам дека тоа е гел.А за гел нели треба подолги нокти.Јас лично не можам така.Одвратно ми е.Една другарка имаше гел и и беа долги.Поодвратно нешто немам видено.Можеби се стално средени,но сепак орелски!
Не сакам долги нокти на нозете. Многу ми е Ја си ги лакирам секогаш еднобојно, во една боја, и ги сечам кратко, така ми се најсредени
Ne se sekiraj i mene mi se sluci taka i pomina za mesec dena,pod noktite so se lupat mi porasnaa novi nokti stvarno se nervirav i jas mnogu i grdo izgledase , no kje pominetoa najverojatno od nosenje tesni stikli.Abe zensko-trpi za ubavina poz
И јас не сакам долги нокти на нозете .Преферирам кратки и секогаш ми се лакирани. Моментално со виолетова боја
Ич не ми се допаѓа кога ќе видам девојка убава, средена, дотерана, нашминкана, на штикли... а ноктите ужас! Нелакирени, или не исечени, лакот излупан... многу не убаво за очи! Ова се разбира во лето може да се забележи, а јас една глупа навика си имама фатено, знам да си се опуљам у стапалата на човек и да забележам и тоа што не ми е од работа Ноктите на моите стапала се редовно исечени,најкратко што може (бидејќи подолги ич не ми се допаѓаат нити кај мене нити кај др.луѓе) и секогаш ми се лакирани! Оваа лето се лакирав најчесто со оние драч розеви нијанси, или црвен, златн и среберен лак (поретко) Сакам лакот да ми биде во појака боја кога одам на плажа, затоа тогаш се лакирам во некоја впечатлива боја (најчесто розева) Во моментот сум лакирена со црвен лак а инаку преку зима си практикувам исто така и златен!
леле луге имам големи проблеми казувајте лек ноктите на нозите палците , месото ми е постојано подуено има и внатре гној по некогаш неможам ни да одам кажејте некој лек однапред благодарам
Нема да биде лошо да појдеш на лекар да видат за што се работи и најверојатно ќе ти дадат некоја маст да се мачкаш тоа што имаш гној најверојатно имаш некоја бактерија.
а мене ми е страв да не ме пратат на операција бидејки една роднина истите проблеми ги има а пробав зејтилива трева и ми помага
Ноктите на нозете ми се кратки, секогаш редовно си ги сечам Си ги сакам ноктите, секогаш ми се налакирани со циклама лак, ми се допаѓа како ми стои Не можам да се замислам без лак на нозете, и зима и лето имам лак на нив, ама редовно го одржувам.
Ноктите често ми растат во месо, а и некогаш загнојуваат. Тогаш ставам не него лист од тегавец, малку ќе се столчи, да пушти сок и се става на болниот нокт, го влече гнојот. Исто така му ставав и хидроген, го чисти. Е сега лошо е што после тоа мене ми паднаа ноктите, одоздола почна да ми расте нов и како новиот растеше другиот паѓаше.