Cекогаш ми се средени,налакирани воцрвено,црнорозе секој ден ги мачам и рендам,после како олеснато ми е ама воопшто не си го сакам стапалото,како дебело,не ми стојат сандали,отворени чевли вака изгледа
истијот проблем го имам и јас а и боли а страв ми е да одам на доктор бидејки ке сакаат да ми прават операција
Мене докторката не ми даде операција. Таа ми препорача да ставам тегавец. Пробај, ако живееш во куќа сигурно имаш околу.
јас кога бев тин преубаво се справував со ноктите на нозете а сега де пораснале де ме болат ама колку што можам се справувам..
Мразам стапала, и се што е поврзано со нив!!! Ноктите на нозете ги сечам, не сакам да ми се пораснати...па уште и француски на ноктите...толку ми е одбивно. Јас ги сечам и ги лакирам со бодро лак. Во лето го менувам зависно од тој на рацете. И тоа е тоа. Не се оптеретувам.
Кратко, и најчесто во темно црвено,а често знам особено во лето со некое цветче и безбоен врз неа. Француски може ама на кратки исто, и тоа поретко, ако баш немам што друго да правам.
Не знам зошто ама одвратно ми е кога ќе видам француски на нозе,грозно ми е кога ќе видам нокти долги фујјј,ја си ги сечам ептен,да нема бело ич и обично преку лето ги лакирам со некој нежен лак,а преку зима ги одмарам
Најчесто ги правам црвени,млечни или со француски ама на кратки нокти,мн ми се допаѓаат долг ми е самиот нокт па убаво изгледа на кратки нокти кога правам француски,а инаку многу мразам долги нокти на нозете а и не знам како не им сметаат,па и лето да е ќе облечеш балетанки или патики не знам како можат да поднесат.Како и да е обожавам да си ги средувам ноктите на нозете исто како и на рацете
Не се оптеретувам многу со ноктите на нозете. Зиме ми се скратени и без лак, само ги мијам Летно може да ги пуштам маалце и да ставам по некое лакче Иначе многу се нервирам, ги корнам од страните и не ми изглеаат убаво од крај до крај..и незнам како да ги пораснам, дали едноставно треба да ги остаам на раат да си израснат. пример не се ова мои нокти еве на пр. сакам вака да ми се, од крај до крај - иначе за палците зборам само, не за сите, само нив ги чупам. а инаку и мене френч ми е некако одбивно на нозе..ме асоцираат на раце..и воопшто секаков поспецифичен маникир на нозе не ми пасуе некако.. за раце да, фрцкај колку сакаш али на нозе ако веке се става лак, најубаво цел нокт една боја
Во зима си ги одмарам, а лето настојувам секогаш да ми бидат налакирани. Мене баш ми е кул ова со францускиот маникир но на кратки нокти, не толку долги како на сликата погоре Зависно од лакот на рацете таков ми е и на нозете, но сепак најчесто е француски маникир.
мене ми е убаво француски ама на кратки нокти и многу тенка линија и така ми се најчесто. а исто така ги правам со бордо лак или светло црвен.
И мене ми се лупат често, сум слушнала дека не треба да се чепкаат веднаш по бањање, тогаш се уште меки и можеш лесно да ги оштетиш ако си невнимателна. Прво ке биде добро а коа ке се стврднат ке те боли мнгоу(сум искусила)
Секогаш ги сечам со ноктарица (несакам долги нокти на нозете) и секогаш од крај до крај ги сечам и ептен сум педантна и уредна за тие работи но често знае да ми нагнои месото што е веднаш до ноктот, а еднаш ми има паднато ноктот но веднаш ми порасна друг. Но, тоа многу ме нервира што колку и да сум педантна и да ги сечам и се тие пак нагнојуваат и ме болат. Уф комплицирани нокти и прсти
Несакам долги нокти на нозете, неуредно ми изгледа и си ги одржувам кратки. И секогаш ми се лакирани.
Не сакам долги нокти на нозе...не ми е педантно,секогаш ми се кратки и налакирани нежно, не во дреч бои. Долги нокти само на раце имам...
Јас незнам зошто но секогаш која и да е девојка ја гледам во стапалата и ако не и се средени ноктите на нозете некако си ставрам слика за неуредна девојка. Бар малку да се покажело грижа околу нив ноктарка,правилна форма,и најобично налкирани не мора никаов дезен ќе остави убав впечаток,а вака само не бараат стаплата многу обврски,малку пилинг,камен,крем секој вечер и ете ти нежни ноџиња...
Јас на нозе ги имам најмалечките ноктиња на светот што би рекол еден другар Секогаш ми се налакирани исто како ноктите на рацете и исечени скроз и на нозе и раце. Е сега палците на нозете стварно ми прават проблеми, имам мн дебели нокти, на десната нога се удрив, па ми падна цел нокт па новиот што ми израсна беше потенок, сега гледам и тој е пак ист како другиот, ама редовно ги турпијам па некако се преживува Само проблем ми е што ги сечев ептен кратко и заоблено, па на палците ми раснеа и во месо, сега не ги чепкам сакам да ми пораснат до ивицата на прстот, па потоа да ги сечам правилно. А другите ноктиња на нозе ми се ок, пу пу. Ги лакирам со сите бои, како што реков зависно од лакот на рацете, најчесто потемни (зима) и подречливи нијанси (лето).
Јас сум можеби глупа ама ич не разбирам како може да се пуштаат ноктите на нозете Моите се најкратки што може. На најмалиот едвај се лакирам Сега ми се со розев лак налакирани инаку