Палчето ми е Љутко, прстето до Љутко е Спанко, до Спанко е..... Спојлер не ми личи на годините вака да се лигавам Секогаш ми се излакирани, најчесто црвени, а поретко во некоја друга боја, ама обавезно потемна од бојата на мевцето околу ноктите, не сакам да ми изгледаат прљаво. Со орпоштење до сите што си прават француски маникир на нозете- мене тоа ми е грдичко.
Јас си ги пуштам ноктите на палците. На пример сега ми се до пола прст и изгледа ужасно, болно е и гнои, затоа што растат во месо. Сакам да ми бидат малку под или до ивицата на самиот прст. Се што е над тоа се согласувам дека нема смисла и изгледа одвратно.
Jас во февруари, го исеков едниот нокт на левата нога премногу, понча да ми гнои, премногу ме болеше, го носев така со гној, можеби 4-5 месеци. На почетокот на месецов се решив да направам операција, енд хир ај ем! Ако ти загнои многу, подобро сега да отидеш на операција отколку покасно зашто после ќе ти траат преврските подолго, и повеќе ќе треба да те исечат. Ако сакаш уште нешто да знаеш слободно лп. Он топик. Моите нокти на нозете се благо речено УЖАСНИ. Шит нокти, си ги мразам! Зашто мораат да ми растат во месо.
за тие што ви гнојат ноктите еден совет. Пред да ги сечете испрскајте ги со спреј ЕКАЛИН го има во исте аптеки. Ги омекнува за да не пукаат при сечењето. Исто така од време на време поткревајте ги краево на ноктите за да не зараснуваат навнатре. Ова од искуство ви го кажувам.
Мене ми се супер. Си ги сакам бе. Иначе , моментално ми се налакирани со розев лак. До сега не сум имала проблем со ноктите, ни на рацете ни на нозете...
Девојки пред некое време се удрив на едниот палец од ногата (поточно ми падна тежок предмет врз него) сега гледам ми потемнел пола нокт. Уште малку сум на свадба,а планирав да правам француски маникир, но нема да можам бидејќи ќе се гледа црното, +отворени сандали ќе носам. Совет
Леле истото имене ми се случи пред 2 години,се удрив силно во дрвен предмет.Ќе ти падне ноктот за некое време сам од себе и ќе ти израсне нов да знаеш.Мене ми израсна супер,фала Богу.Иначе не ќе можеш француски маникир ќе ти се познава,налакирај се со црн лак.Јас додека ми беше темен само црн лак ставав секој друг ми се познаваше дека е темен.Имав среќа што беше зима па до летото ми израсна сам.
Мене ми се проблематични само палците, и тоа деловите од страна кај месото, но не е ништо страшно и сама си ги средувам. Сакам убаво негувани стапала и излакирани нокти и скоро секогаш ми се во некоја потемна боја (поретко светла). Ги лакирам и во лето и во зима, како и ноктите на рацете.
Ги негувам и средувам исто колку и на рацете, сакам да ми бидат тип-топ и во зима кога никој не ги гледа.. Секогаш лакирани.. Најчесто се црвени или некоја друга темна боја. Моментално се нежно розеви. Некогаш им правам и француски, ама тоа поретко..
Моите нокти на нозете ми се симпатични по облик но имам еден проблем, имам габична инфекција на левиот палец и никако да отидам на доктор, и поради таа габична инфекција неможам да ги лакирам во светли бои туку само во темни. Моментално ми се циклама розеви со бели точки, исти како на рацете А за должина да не коментирам, најкратки што може, грицкалката ја бутам додека не почне да ме боли, долги нокти на нозе ми се одвратни .
stapalata si gi neguvam isto kako i racete.Odam na pedikir koga imam moznost,a i doma si klavam maska i krem za noze i noktite gi turpiram,ova go pram i zima (poratko) i leto a lakirani mi se non stop ne pamtam da sum gi ostavila bez nisto uzivam koga ke gi vidam sredeni pozzz [mod-kirilica:2l21ckgk][/mod-kirilica:2l21ckgk]
И мене ми се има случено тоа лани некаде март месец,ми падна онаа даска ли како се вика за сечење месо итн итн......ноктот ми беше целиот модар,и го носев некаде пола година и повеќе се додека не ми израсна нов и неми падна тој стариот.Никако француски ке се гледа,налакирај си ги во потемни бои темно кафеава,црна и или било која потемна боја,и купи си оние налепници за нокти и залепи си на палецот,барем јас така си правев цело лето и многу ми беа убави
а пак на ќерка ми која има само 11 години и влегува ноктот во прстот и заради тоа многу ја жалам.цело време гној и тече и за жал често и се случува таа појава. ДАЈТЕ ВЕ МОЛАМ НЕКАКОВ ЛЕК.
и јас тој проблем го имав со години...но летото ги оперирав нозете (палците и малите прсти) и сега се ми е скроз нормално
Значи најдобро е да не се сече ноктот туку да се поткрене полека од страната кај што навлегува во месето и таму да се стави памукче потопено во 3% хидроген. Јас лани имав таков проблем но откако направив вака ми помина сега немам гајле. исто и свекор ми имаше такви проблеми но благодарение на овој начин сега воопшто нема проблем. значи пробај вака ке видиш дека ке успее
Нека не ги сече до крај ноктињата, и јас имав ваков проблем исто, ама сега престанав да ги сечам скроз до крај (бидејќи до крај кога ги сечеш, после кога расте ноктот си влегува во месо и дур да порасне убаво и да избие надвор многу боли), исто ако има некои потесни кондурки / патики нека не ги носи, поубаво малце пошироки да носи, и уште нешто од една феминка што ми кажа кога го имав проблемов, лист од тегавец ако имате нека го извитка низ прстот, нека капне малку зејтин и нека го обвитка со газа, вака поминувало
Ноктите на нозете мене почнаа да ми с елупат. Посебно палците. Ама ги средувам некако тоа да не се приметува. Инаку, проблем ми е лакирањето, никогаш не можам саглам да ги налакирам!! Да ги видиш одблизу ќе забегаш!
За лупењето - тоа ми се случува мене на почетокот на летото/крај на пролет, поради промена на обувки, нормално. Инаку не. За лакирање, претежно ми се во некоја неутрална боја, беж, бледо розова, светло кремова, а НАЈМНОГУ на цел свет МРАЗАМ француски маникир на нозе! Поодвратно нешто нема според мене, оти колку и да се средени стапалата и ноктите, сепак изгледаат како неисечени и безвеза. На раце сосема ми е нежна и средена таа варијанта, ама на нозе - никогаш не сум ни направила ниту ќе направам, а ниту пак ми е убаво за гледање нешто такво.