Ahthatfemaleproblems, мислев дека сум единствена на планетава што МРАЗИ француски на нозе, ми олесна Толку одвратно ми изгледа, цела утроба ми се крева. Канџи, раур Иначе, љубител сум на до-месо-исечени нокти на нозе во мека боја, некоја неутрална, пастелна ^^
И што е ова? По цела тема само се жалат за гноење на палците. Од што е тоа? Леле грозно! А и којзнае каква болка е тоа Долги нокти на нозете не сакам и не ми изгледа убаво, но ниту ги кратам до живец. Сум слушнала, а еве сега и читам тука, многу си имаат проблем затоа што ги сечат премногу. Од уплав од такви работи јас не ги кратам до месо. Многу малку оставам речиси незабележително и обавезно со турпија ги шмирглам ќошињата. Ноктите и на нозете и на рацете секогаш ми се исто налакирани летно време кога сум боса, си сакам да ми се исти и убави. Секако се лакирам во зависност од тоа што носам. Користам лакови што брзо се сушат бидејќи некогаш и повеќе пати неделно се лакирам и убаво е кога не мораш да не пипаш ништо два саати додека ти се исушат.
Зошто канџи?Зарем мораш да имаш долги нокти за француски?Јас имам долга плочка на ноктите и комотно на скратен нокт си правам француски и преубаво изгледа. Инаку да не бидам офф секогаш ги средувам ноктите на нозете и летно и зимно време и најчесто ми се или црвени или со француски,понекогаш знам некоја интересна боја да ставам,ама пак се враќам на овие
Си го имала истиот проблем како јас земи си од Авон или Орифлејм лак спицијален за да ти се засврстат ноктите и фластер за жуљеви од аптека ( тоа ти е кругчето) маки со ноктите со стаплата ах леле
И мене не ми се допаѓа францускиот на нозе,најубаво ми е со бледо бел лак кога м се само и ја сиам проблем со палците ноктот ко да ми расте во месото и навистина многу боли и морам да ги сечам до живецот.
Е се додека ги сечеш ноктите до живец ќе си имаш проблеми со тоа,значи ноктите се сечат рамно и не треба да ги сечете така до живец,затоа ви гнојат и ви се прават проблеми на повеќето
Последниве, неколку година, која жена или девојка и да ја видам, било на плажа,било низ град, има црвени нокти на нозете. што е финтата? Модерни се? Некоја класика или...?
Ноктите на нозете ги лакирам само со бел лак,не од тој што е вар туку од оној обичниот што има сјај,Еднаш ставив црвен лак и ми беше некако штуро исто како да не се моите прсти,па така да само бел и никаков друг.Едноставно со него ми изгледаат нај нежни нозете.
Јас зимно време еднаш неделно ги средувам со дотеруванње. Летно време каква шарка на раце таква шарка и на нозе, маникир на раце маникир на нозе. Многу сакам средени нокти. А и ме бива за шарање, си имам разни четки,иглички,печати,лакови,циркони... така да се сама си изработувам и узивам. но имам и еден мал проблем: дали ви се случува ноктот да ви враснува во месото, и како се справувате со него, дали тоа справување е привремено или сте се опоравиле? Јас од враснат нокт патам веќе 4-5 години, на левата нога, палецот. Долго време имав огромни болки, одев на операции, но ништо не помага.Сега ми препорачуваат да одам на пластичар, но некако веќе немам храброст. Почнав сама да го засекувам некако и еве фала богу веќе 7-8 месеци сум подобро. Но сепак не е тоа тоа кога на периоди е во ред а после повторно болки и се друго.
Исто ми се случуваше и на мене. Боли, корни.. Лани лето, на палецот на десната нога, ноктот ми падна (сам од себе) и порасна друг. Пред тоа и тој ми враснуваше, ама од тогаш веќе не. Во Август некаде, палецот на левата ептен ми врасна и загнои многу. И претходно ми враснуваа, ама се трпеше и сама ги средував, но сега неможев, и одев на операција, сега некаде средината на Октомври, ми направија, и ете сега зараснува, па ќе видиме натаму како ќе биде. Инаку сега ги сечам само право, без заоблени ќошови, и ги сечам се до колку што е прстот.. Во зима ги средувам еднаш неделно, ги сечам (ако има потреба), им ставам безбоен лак. Во лето ги лакирам во различни бои.
Мене ноктите на нозете ми се ногу тенки и се разделуваат.. Незам што да правам.. Дали некој од вас го има овој проблем?
Како ноктите од рацете, така и од нозето обавезно ги средувам без разлика дали е лето или зима. редовно ми се средени,исечени и налакирани.Без разлика дали е лето или зима. Е сега знам од време на време да ги одтавам нелакирани да ми се одморам и да не ми бидат ќолти. знам да ги налакирам во еднобоен лак, најчесто црвен, дреч розево или некогаш црн лак. Понекогаш кога имам франциски маникир на рацете на лето, знам да си направам и на нозете, ама на исечени ноктиња.
едно нешто што приметив, летоска на море,од водата е дефинитивно, немав полка ни гној,си се повлече ноктот...пуста цела се радував, ама ништо после две недели откако се вратив па старото
Девојки дедо ми лечи такви гноеви и други ствари на прстите на нозете. Му го дал лекот некој стар пријател, турчин. И ако го каже на некој кај него нема да лечи. Многу чудно да. Прво не верував, но кога дојде кај дедо ми еден човек што требал да иде на операција да му го сечат прстот стварно му помогнал лекот. Па видете сеа Иначе да не бидам офф. Ретко се лакирам на нозе. Само летно време
Пред неколку години имав проблем со ноктот на палецот од десната нога ми зараснуваше во месо и бев на операција ама после тоа пак исто, пак почна да ми гнои да ме боли и полека полека почнав сама да го подигнувам, да го сечам тој дел што навлегува во месото и сега добро ми е. Иначе секогаш ми се кратки ноктите на нозете, малку да ми подраснат одма ме нервираат и секогаш ми се налакирани.