Преку цела година внимавам и на нив.Си ги сечам кратко,зошто не ми се допаѓа кога ќе видам подолги нокти на нозе.Си имам некоја навика ноктите на рацете и на нозете да ми бидат во иста боја и најчесто ми се црвени,розеви или со француски маникир
Секогаш ми се средени и максимално исечени. Во зима не практикувам да ги лакирам,а во лето секогаш.Практикувам некоја темна нијанса, но знам и да ги исшарам понекогаш.
Нормално, ги сечам и ги средувам без разлика дали е зима, лето, есен, пролет. Речиси секогаш ми се лакирани во некоја убава светло-црвена нијанса, ми се допаѓаат како изгледаат со црвен лак. Ги лакирам и преку зима, иако мора да признаам не толку редовно како во лето
Летото ни пристигна...Почнавме да носиме сандали,апостолки и ноктите на нозете мора да ни бидат средени и налакирани. Епа тука може да поставувате слики од вашите нокти на нозете налакирани. Спојлер Јас моите нокти не ги лакирам бидејќи имам проблем со ноктите.
моментално ми се исти вакви и без разлика дали е лето или зима секогаш ги имам направено ноктите и на раце и на нозе
Јас не можам многу да ги тинтарам па ги правам секогаш еднобојни. Секогаш ми се кратки, истурпијани и средени. Моментално ми се со тропско розе боја лакирани
јас нон стоп се лакирав со црн лак на нозете.. и сега сакам да направам француски ама ноктите на палците ми се малку жолти . од што би можело да биде тоа и дали знаете нештто што би помогнало во овој случај ?
Ти пожолтеле од самиот лак. Можеш да ги избелиш ако ги четкаш со смеса од сода бикербона, лимон и малку водичка.Исто така можеш и со паста за заби.
Моментално ми се плаво/тиркизно...како и на рацете. Преку лето се трудам да ми идат иста боја на рацете и нозете
Обожавам дискретно налакирани нокти на нозете, кратки и средени.. а поодвратно од френч на нозе, плус со нокти пуштени како на орел нема...
Мислам дека имам опсесија со ноктите на нозете. Сите нокти и мојте и на сите жени ми се грозни и одвратни, па кога ќе видам некоја со француски или несредена иууу ми доаѓа да повратам. Секогаш се трудам да ми се средени и сечени колку што може повеќе. Сега ми се црвени
Преку зима ми се или без лак или со некоја темна боја, најчесто бордо. Летно време правам комбинации, иако да признаам често ми се случува ноктите на нозете и рацете да ми бидат во различна боја, не за друго, туку дека немам живци да се шлакам по 2-3 саати. А кога сум во некој средувачи моуд еве некои вакви летни комбинации им правам.
Девојки дајте совет како да ми пораснат повеќе ноктите на палците, искрено мислам дека не ми растат воопшто со месеци. Може 3-4 месеци не ми мрднале ич, пред некое време малце ги исеков сега се уште пократки и пак не растат. Другите ми растат нормално, само палциве се... Не е нешто драматично ама стварно ми се мали некако многу поубаво би изгледале подолги.. Сте имале ли сличен проблем?