Не знам зошто нeкои од вас не се придржуваат до правилото да ставаат само свои нокти, изработени со свои раце? Еве ме и мене
Уживај, очигледно некои или не ги читаат правилата или се прават дека не ги читаат. Затоа се гледа јасно кои се гелни, не ги зимам во предвид при одбирањето на победникот. Исто не беше почитувано од Шкорпија и првото правило на воведниот пост, значи баш прво правило. Пред да играте нешто прочитајте правила. Taка да си зимам за право да си ја дисквалификувам skorpija123 заради поставување повеќе маникира и lady-17 заради гелните нокти. Инаку одлични изработки на француски нокти, продолжете така имам неколку фаворити
Еве нешто и од мене Не се гледаат добро, бидејќи се од моб, од апарат сликите беа преголеми за жал...
Ајде и јас да учествувам у темава по прв пат . Ги имам веќе постирано мислам во друга тема,ама само тие ми се наоѓаат за неделнава темава..
Се уште се мислам што е финтава со ставање лажни нокти Еве ги моите, квалитетот на сликата е лош, знам. Обичен бел француски со сребрена линија одздола која на сликава не ни се познава
It's time! 28 пријавени ноктиња со француски маникир. Ги дисквалификував skorpija123, lady-17 и Lady97 поради непочитување на пишаните правила. И имав неколку фаворити кои се за пофалба како Trendafilka за одличната комбинација која ме потсетува на Лобутинки , Dushica-sk има преубави негувани нокти, thinkerbell едноставно а убавко, Ann.94 пролетни француски нокти и AngelOfArh штета што е матна сликата бидејки ноктите ептен ме бендисуваат многу ми се свиѓа таа средна големина и убав избор на лак, да беше побистра сликата и поубаво да се видеше можеби ќе беше мојот избор баш ти ииииии Mini-Mouse Ми се допаѓа и големината на ноктите и обликот и шарката. А и повеќето феминки ја лајкнуваа Мини па ни се совпаѓаат мислењата. Честитки
Благодарам Роси. По повод празникот што доаѓа, одлучив оваа недела темата да биде ВЕЛИГДЕН. Пренесете го Велигденскиот дух не само во својот дом, туку и на вашите нокти. Спојлер Пример.. Поставувајте слики до следниот Понеделник (16.04.2012).
Колку да не остане штура темава (да си знаете дека не ме бива иначе за нокти цртање ) ова сама си го дисквалификував пошто све ми се испомачка и ова у задњи обид да зачувам барем едно зајче