Малку се постарички, веќе се и поставени во Вашите нокти, предизвикаа големо внимание и ептен ми се свиѓаат
Ах, пак нема кој да бира тема, пак нема кој да прогласи најлакирачка и најцртачка за неделава. Ко да ни опадна еуфоријата а?
Оукеј. Малце ми е тешко да одлучам, зошто ја нема Колаче,ќе земам за право да прогласам победник. Сите ми се допаѓаат,но на Сноу баш се диско топчиња. Сноу е победникот.
Фалааааа девојки благодарам Лилит ...те поздравувам со песната http://www.youtube.com/watch?v=GWoo1w2W-4I A сите други ги поздравувам со песната Црно и бело е се...како што е и наредната тема за цртање....шарата е ваш избор но ноктите мора да бидат изработени само со црни и бели тонови (нормално некој мал додаток како циркон....или слично не ќе е проблем) http://www.youtube.com/watch?v=vpYF_B_mAIw
Еве ме и мене. Таман ми дојде некоја полесна тема.. и црниот и белиот лак ми се каша попара направени. Па затоа еве постари..
Епа девојки....прво морам да ви кажам дека многу ме радува што имаше поголем интерес оваа недела....за разлика од изминатите. Победникот за оваа недела ееее..... Спојлер analia13
Благодарам Snow! Темата за оваа недела нека биде од 60-тите години на минатиот век и хипи стилот. СРЕЌНО!