Благодарам Фиги. Се мислев што да биде новата тема, не можев да заспијам а да не пишам. Нека биде ЗЕЛЕНО. Значи можни се секакви комбинации, само да доминира зелената боја. Па ајде да видиме повеќе зелени ноктиња. Победник се бира на 24 јуни. Спојлер Стари теми - зима - точки - цвет - овошни - срца и вино - animal print - градација - cupcakes - музика - пролет - во согласност со накит - french manicure - велигден - машни - color blocking - морнарски - пеперутки - животни и инсекти - галаксија - лето - lollipop - олимпијада - ликови од цртани филмови - диско - црно и бело - хипи стил - летни бои - париз - печатирање - чипка - весник нокти - училишни нокти - вашиот омилен лак - љубов - линии - есен - графити - тријаголници - ацтеки - half moon nails - новогодишни - candy cane - готика - виножито - светки - ѕвезди - Св.Валентин Нови теми *знаме *спорт *машнички *нетипичен француски *цветови *бебешки *Сино *неон *водени-Water Marble *линии *Зелено
Капкејкс. Замислата ми беше поинаква, ама тоа е, се надевам следниот пат ќе ми испаднат онака како што сакав.
^ Истата слика ти е постирана за темата Цветови. Не постирам, но редовно следам, ми се допаѓа темата. Мислам дека тоа не е дозволено ..
^ Искрено не водам многу сметка дали исти нокти поставувам на повеќе теми од причина што не сум забележала такво правило од креаторот на темава, но доколку е против правилата, слободно избришете ја сликата.
Спомнато е неколку пати дека не смее да се постираат исти нокти за повеќе теми, не можам да го едитирам првото мислење, па затоа не стои во правилата.
Точна е забелешката на Chocolate.me ... Mayyya кога ќе бира победник, ноктитете на Sanniii ќе ги дисквалификува. Ајде продолжете сега со постирање нокти.