ги правев вчера ама се сликани од таблетот па сликата може нема да е така квалитетна..но моето мото е :„важно е да се учевствува“.
Не знам зошто ми го снема постот од вчера, ама еве пак Спојлер Модераторки, ако грешам нешто пишете ми ЛП
Ти благодарам уште еднаш lady.N Следна тема нека биде СВЕТКИ, но секако да бидат повеќе застапени (под ова подразбирам да не биде само една светкава линија, или пак само еден нокт ) Еве ви неколку примери Спојлер Победник се избира на 13 август. Паа ајде повелете Претходни теми: Спојлер *знаме *спорт *машнички *нетипичен француски *цветови *бебешки *Сино *неон *водени-Water Marble *линии *Зелено *„крзнени“ нокти * точки во две или повеќе нијанси *лето *рибина опашка *сложувалка *светки
Се надевам дека се прифаќаат? Инаку еднаш мислам порано дека ги имам ставено во темата вашите нокти,што значи дека ми се стари
Благодарам. Предлагам оваа недела да цртаме карирани нокти, еве некои примери. Спојлер Следниот победник се бира на 20ти август, па до тогаш ... цртајте. Претходни теми: Спојлер *знаме *спорт *машнички *нетипичен француски *цветови *бебешки *Сино *неон *водени-Water Marble *линии *Зелено *„крзнени“ нокти * точки во две или повеќе нијанси *лето *рибина опашка *сложувалка *светки *карирани нокти
Ако менувасх тема ке треба да се смени и дата...може да се повеќето на одмори па да ги нема ... Спојлер лично јас мислам дека имав постирано такви скоро и не ми се баш баш убај
Па секако ќе се смени и датата, не се брзаме ние никаде. Мене баш интересно ми изгледа овој принт, но штом нема заинтересирани, ајде нека биде темата омбре нокти. Мислам дека оваа е многу полесна и би требало да има поголема заинтересираност, м? Нека бидат само со бои, под ова „само со бои“ мислам да нема некои светки, додатоци и таквимити детали. Less is more. Претходни теми: Спојлер *знаме *спорт *машнички *нетипичен француски *цветови *бебешки *Сино *неон *водени-Water Marble *линии *Зелено *„крзнени“ нокти * точки во две или повеќе нијанси *лето *рибина опашка *сложувалка *светки * омбре Победник се бира наредниот понеделник, на 26.08.
Спојлер ако смеам да прашам и се извинувам што тролам кој се твојте?? Би сакала да замолам да сме малку посериозни за да не ни ја стават темава под клуч.Уште еднаш извинете не сакам никој да ме свати погрешно или да се навреди. барав но не можев да ги најдам мислам дека не сум ги постнала освен на Вашите нокти ... Спојлер ако ги има во темава просто игноре