Moите зебра нокти Ах да и морам да го искоментирам цртањето на вештачки нокти на неколкуте феминки. Не ми се допаѓа воопшто. Не е исто да ги земам лаковите, да ми бидат слободни двете раце и да си црткам на ноктиња вештачки. Друго е кога црташ на своја рака, посебно кога црташ на десната рака со левата рака која одвај ја мрдаш а не па да црташ со неа (зборам за деснаци). Тоа е поголем труд и поголема уметност, колку и да е рашмрљана изналакирана рака секогаш јас би им дала предност на тие феминки, кои сликаат сопствените нокти, него на оние што цртаат на вештачки. Тотално неинтересни ми се тие на темава.
Целосно се сложувам со rossonerka. И минатиот пат кога една членка постираше слика од интернет нагласив да не се постираат само нокти, ама бидејќи моето мислење беше оф-топик и реков да се избрише очигледно не го прочитале тоа. Значи смеете да постирате вештачки нокти, но само ако се залепени. А за тоа на кому ќе му се даде предност ќе си одлучат тие што ќе го бираат победникот
Ако не сум грешка, денеска треба да кажам победник. And the winner is ........... Cence! Преубаво, основата иако е од повеќе бои, многу суптилно се претопуваат една во друга, ептен ми се допаѓаат. Well, congratulations!
Ви благодарам на сите Оваа недела како тема за цртање на ноктите, одбирам да биде .. градација на бои .. Драги мои, тргнете кон нов поход
Имам користено 4 лакови, и се извинувам што не ми се избришани од страна, ги сликав пред да ги упропастам