Немаше многу заинтересирани за овој предизвик, па и немав некоја дилема при изборот на победникот. Росоњерка избира тема за наредната недела. Спојлер
Штета што постоеше незаинтересираност на баш оригинална тема Ајде вака следна тема лесна и опширна. French manicure Да видиме која феминка ќе има најдобар френч. НО, немора да е класичен француски. Може да има печат, циркон, може некоја нежна шара или евентуално френч во нестандардни бои па употребете бои по избор. Идеи за француски маникир имате милион побарајте идеи 1 идеи 2 идеи 3 идеи 4 Гуд лак. Најубавите француски нокти ќе ги избереме следниот понеделник. СО нагласок дека гелни и акрилни нокти направени во салон нема да бидат избрани за победник
Прво па машко Навистина темава е цртаме, значи ние цртаме, а не други да ни цртаат на наши нокти. Да бидеме фер надградби, лажни нокти и такви ствари на другите теми слободно.
сориии не го прочитав последниот дел,бидејќи се загледав во идеите што си ги поставила п.с. не се лажни мои се,гелни. Тогаш еве други,сама си ги цртав
Оваа комбинација ми е од поодамна, постирана во Вашите нокти... се надевам не е проблем. Во моментов имам нешто слично, само основата е розева нијанса.
Ајде нешто и од мене,за прв пат во темава. Кратки ми се ноктите многу,морав вака,нешто поедноставно. Хоуп ју лајк ит. Едит:Камерата не ми е добра,сега видов дека лакот испаднал како црвен,а е онаков флуросцентен,онаа бојата меѓу портокалово и црвено.нешто вакво слично.
Е сега, би требало да не ги прекршам правилата. Значи вештачки се ноктиве, ама јас го правев францускиот маникир, ко што гледате, ми накривуваат линииве. А ги имам и овие поставено во Вашите нокти..
Ахххх само што си ги скратив ноктите, ми се скршија неколку и ... Жалам што тооолку касно ја видов темава и ми поминале наааај нај нај омилените теми ама сеа што е тука е ...