1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нора Робертс

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од nedzma, 26 февруари 2011.

  1. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Нора Робертс пишува крими романи со нишка на футуризам, лесен стил и романсата ја концентрира во главниот лик. Дали нејзиниот стил на пишување ви е интересен и разбирлив? Дали уживате во нејзините романи?

    Јас ги обожавам нејзините дела. Ги имам прочитано Голи во смртта и Славни во смррта од серијата Во смртта и многу ми е криво што само овие две дела се преведени на македонски јазик ме оставиа без зборови, Вечерва и засекогаш и Краеви и почетоци се лесни љубовни и прекрасни романчиња.
    Сега планирам да си ги земам Засолниште и Право на избор. :)
     
    На Draginja и hristina979 им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Јас оваа ја имам читано, само на македонски.
    [​IMG]
    „Паднати ангели“ - така чинам беше преведен насловот.
    Интересна ми беше навистина и она што навистина ми се допаѓа е што имаше доза на мистерија (што е една од основните работи кои ги барам во книга пред да се одлучам дали да ја читам) и секако романса (која СИТЕ ДЕВОЈКИ ја бараме по книгите :) ).
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Ах, да ја заборавив Паднати ангели и оваа ја имам прочитано. Добра е. Ако ти се допаѓаат вакви романи со доза на мистерија а воедно и романса читај ги Голи во смртта и Славни во смртта.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Ми се допаѓа стилот на Нора Робертс,ги имам прочитано Прашање на избор и Вечерва и засекогаш,Вечерва и засекогаш ми остави силен впечаток многу добра книга и исто така почнав да ја читам Black Rose ама не успеав да ја дочитам
     
  5. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    И јас ја имам читано Паднати ангели и баш ми се допадна.Ама замислете,таман дојде расплетот и видов дека од книгата нема 20 страни :@ и може ли некоја да ми каже како заврши,т.е.дали имаше убиство или не?Мене тој шерифот некако ми беше сомнителен...
     
  6. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Па да полицаецот беше убиецот, ама Рис и дечкото ( заборавив како се викаше) се спасија на крај, од дамна ја имам прочитано и не се сеќавам баш на деталите
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ Двеојкииии, ставајте во спојлер тоа горе!!! :tmi: не откривајте ни од книгата! :)
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Може ли нејзините книги да се најдат низ библиотека?
    Бидејки многу пати барам книги ама не наоѓам :?:
     
  9. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Секако дека можат да се најдат во библиотека,и јас оттаму ги земам.Ги немаш начекано оти веројатно ги има во по еден примерок,па биле земени.
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. in.love.girl

    in.love.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Јас сега моментално ја читам ,,Краеви и почетоци" и многу ми се допаѓа и делото и стилот на Нора Робертс би сакала да прочитам ѕште некое дело од неа :)
     
  11. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Вечерва и засекогаш е слична на Краеви и почетоци, типично за стилот на Нора Робертс. :)
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    39.485
    Пол:
    Женски
    Јас само Паднати ангели ја имам прочитано од неа и ми се допадна.Има и филм според книгата, само немаше торент па го гледав на делови на youtube, добар беше и филмот и сега имам на листата уште еден според нејзина книга.
     
  13. sason

    sason Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Голи во смртта ја имам читано и прекрасна е.Нора има лесен стил на пишување,уживав во книгата.
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сум ги прочитала повеќето книги на Нора Роберст, и навистина прекрасно пишува. Но, најмногу ми се допаднаа Голи во смртта, Славни во смртта и Вечерва и засекогаш
     
  15. Afrodita-M

    Afrodita-M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Најинтересна ми е серијата Во смртта, за жал само Голи во смртта и Славни во смртта ги има на македонски. Ви ги препорачувам сите што ги немате прочитано прочитајте ги, нема да зажалите :wink:
     
  16. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Ги имам прочитано „Голи во смртта“ и „Славни во смртта“, ми се допаднаа и еве сега планирам да ја читам „Паднати ангели“. Интересен стил има. :)
     
  17. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Моментално ја читам оваа. До пола сум. Ми се допаѓа стилот на кој пишува.
     

    Прикачени фајлови:

  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Ја имам читано само Голи во смртта и ми се допадна. Лесна и интересна
     
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Јас сум ги прочитала Голи во смртта и Славни во смртта. Пред да ја прочитам втората ми се допадна стилот на писателката, приказната...но кога ја прочитав втората се разочарав! Преслични книги, некако ми делување како госпожава да нема креативност и инспирација :( И некако сега имам предрасуди дека не вреди да и читам друго дело. Што мислите вие? Вреди да и дадам втора шанса? Ако да, ајде предложете некоја добра друга нејзина книга... :)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.148
    Допаѓања:
    97.409
    Пол:
    Женски
    Ау женава ме импресионира, почнав со една книга, трилерче-романче, на името не ми текнува ама мислам дека беше нешто Кралство, Принцеза, приказната се развива околи киднапирана принцеза, мора да ја побарам како се викаше точно, ако има некој идеа како се вика нека пише, имам лоша навика читам и не памтам наслови. По таа книга ја прочитав и Точно на пладне и уште една ама ете и на таа не се сеќавам на името а последна неа ја читав, за срамови сум, ако некој ја читал нека го каже насловот, иначе се работи за криумчарење на дијаманти, антиквитети и нормално фантастична љубовна приказна. Сега на ред ми се Голи во Смртта и Славни во Смртта, земени ми се и двете од библиотека, ама се плашам дека нема веќе ништо овде во Ѓорче, ќе ги барам додека не прочитам добар дел од неа, а машала има замашна колекција од неколку стотици издадени книги за двеипол децении работа, алал да и е. Имам интересно чувство кога ги читам нејзините книги, за жива глава не можам да ги оставам дури и очите да ми паѓаат од умор :lol:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.