1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Норвешка шума (Харуки Мураками)

Дискусија во 'Книги' започната од xxx-ba, 14 јуни 2012.

  1. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Се работи за млад јапонец Тору Ватанабе чиј најдобар другар се самоубил а девојката на другарот, Наоко, сега има психички проблеми. Тору е потајно заљубен во неа, меѓутоа неговиот живот ќе се смени кога Мидори ќе влезе во него. Таа е спротивност од Наоко, ведра, расположена насмеана. Таа се заљубува во Тору, па на него му преостанува да избере што ќе прави понатаму, дали ќе се врати кон минатото или ќе ја гледа сегашноста.
    Книгава ми е дефинитивно една од омилените, ја прочитав за три дена и после не можев да ја тргнам од глава уште два месеца.
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Мене искрено воопшто не ми се допадна и морав со сила да се натерам да ја завршам (мразам недовршени книги). Воопшто не ми беше забавна за читање, напротив многу е депресивна. Сепак за вкусови не се дискутира.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Го открив Мураками со Спутник љубов, а се заљубив до бескрај токму со Норвешка Шума. Како и во сите негови книги, токму и во оваа, не беше приказната, ниту ликовите пресудни за впечатокот, туку токму начинот на изразување и на пишување. Во Норвешка шума Мураками ми се чини го доживува врвот на емотивното и сликовито изразување.
    Додека ја читав книгава постојано се чувствував како да влегувам во тој свет, како да можам да ги допрам работите што ги опишува, да ја помирисам храната што се готви, сонцето, патеките, емоциите...се некако возвишено и неверојатно блиско. Жал ми е што книгата во моментов ми е кај другарка, радо би да издвојам некои мисли, реченици. А колку си плачев па на некои моменти :clap:
    Цело дејствие ми е така меланхолично во глава, лежерно, носталгично, бавно и интимно. Некако како свое :)
    http://www.youtube.com/watch?v=lY5i4-rWh44


    (незнам ни сама веќе што напишав за книгава :tmi: :D )
     
    На Espadrila, Irena888, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  4. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    исто !!!! :)
     
  5. Marija0505

    Marija0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    Каде би можела да ја најдам книгава и отприлика колку кошта?......ме заинтересира мн. Фала ви однапред
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Тору е оштетена личност,како и самата Наоко. И двајцата го имаат истиот недостаток, да се фокусираат на својот внатрешен свет и демони, отколку да размислуваат несебично за светот и на начинот на кои што би требало да живеат. Мидори како реализатор на се она кое сакаш,а поставува дилема дали смееш да го направиш,дали е морално,општествено прифатливо?!
    Барем мене ми беше интересно да ги одредувам како Наоко - его, Тору - супер его, Мидори - ид. Што не мора и да е точно. Кога од нив би се составила една личност, би било прекрасно.
    Убаво парче од Мураками. Не ми се допадна тоа што иако за тековните настани повеќе се фокусира на Тору, не навлегува подлабоко во неговата личност од минатото,а многу,многу ме интересираше и се надевам дека подробно ќе го разработи и него. Тој посекако е скршен, празен (во смисла на необјаснива ноторна осаменост ), себедоволен, паметен и поинаков лик кој повеќе сака да се предаде на иста таква личност со цел да ја поправи кога веќе не може себе си,иако многу пореалната личност го исполнува на подобар начин и е спротивна од него, ја доживува како решена мистерија која нема потреба од него.
    Стилот е прифатлив и разбирлив за секого,барем моментално да се внесе,но сепак мислам дека може да не се допадне некому само кој нема да разбере зошто Наоко одбира смрт, зошто Тору спие со Реико на самата завршница,зошто и пркоси на лудата и убава Мидори. Секој од ликовите е материјализирана форма на многу реални нешта со кои се соочуваме катадневно. Расцепот помеѓу секој преод на хетерогената личност на еден обичен човек на овој свет,е токму тука ќе ја пронајдете,во сите нијанси,а бога ми и крајности. Искрена и да бидам,псхолошки и не ги обработува многу личностите,но убаво ги претставува нивните моментални расположенија и емоции како мало делче кога психолошки анализираш некого,што остава на читателот да одлучи сам зошто и како,но сепак не остава голем јаз кој нуди претпоставки, на крајот ќе се сведе на едноставен заклучок.
    Да не навлегувам. Јапонска бизарност. Мене ми се допадна,зошто во принцип сакам кога делата не се исклиширани. Не се сеќавам на подробности искрена да бидам,ама генерално ја помнам фабулата која на почетокот ме бунеше како да ја подредам заради почетокот на делото,ама кога го комплетирав,лесно ја составив и неа. Но интересното,зошто баш Норвешка шума од Битлси?! :)
     
    На 1209, mims-89 и Magnolija им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто постојано го одбегнував авторов...кога и да видев некоја книга на полиците од него, автоматски тргнував накај неа и секогаш на крај ја оставав за да земам друга.А зошто поима немам, веројатно зошто секогаш кога нешто ми е многу фалено, на крај сфаќам дека не вредело толку.Ама по препорака на Кравче(мислам дека ти ми рече), ја зедов Норвешка шума и знаете што, буквално ја проголтав.Одамна немам плачено на книга, всушност ниедна книга не ме трогнала толку уште од Играта на ангелот, а приказнава во книгата некако ми е толку слична, но сепак толку различна со приказната од Играта на ангелот.
    Ги споредував цело време можеби затоа што и Кристина и Наоко завршија во санаториум и со ист крај. И Тору и Дејвид ми беа толку слични карактери...во борба за љубовта која не им е судена, минувајќи низ животот без да знаат каде одат.
    Сепак сосема се различни приказните и подеднакво ми се допаѓаат.
    Ме трогна ликот на Мидори, нејзината неизвештаченост, нејзиниот слободен ум и детето во нејзе.
    Сите ликови се толку детално обработени што читајќи имав чувство дека сум ги сретнала некогаш зад некој агол од улица и сум си муабетeла со нив додека чекам автобус.Ме разнежи многу книгава, на некој чудно бизарен начин.Има нецензурирани делови, толку секс и фантазии, а сепак ни во момент не почувствував гадост зошто се беше толку нефилувано,природно, зошто впрочем секој од нас го прави тоа реално.
    Немам други зборови за да го опишам доживувањето на книгава...едноставно ми остави пријатно и непријатно чувство во ист момент, толку добра, а толку тажна.Сигурно ќе земам уште нешто од авторов, морам да ги прочитам и другите негови дела.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    И така јас, превозбудена што конечно се ближи крајот и ќе видам како завршува, со сласт ги впивав последните реченици и шок ме мавна откако ја прочитав последната страна : продолжува во Книга 2.
    Не знам дали иницијално книгата е така напишана, во 2 книги или јас само како баксуз потрефив такво издание, ама премногу сум разочарана! Додека да го најдам вториот дел... :( А многу сакам сега да ја дочитам, премногу ми се допадна (тоа што го прочитав до сега).

    Едит: Еве онлајн верзија http://www.macobo.com/essays/epdf/Haruki Murakami - Norwegian Wood.pdf. Јухи, јухи јееиии :rofl:
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ја имам на полица, само чекам погоден момент кога да седнам да ја прочитам.
    После тоа ќе пишам овде впечатоци. :)
     
  10. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    102
    Ме предизвикавте сега да ја прочитам и јас.

    Особено поради тоа што Харуки е толку популарен и читан, и е толку насекаде со неговите книги, а јас немам прочитано нитуедна негова книга. Се чувствувам како да пропуштам нешто, а истовремено сум скептик да не е форсиран. :)
     
  11. Irena888

    Irena888 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Само што ја купив! Уште мириса на ново :))
    Имам се прочитано од него што е преведено, спутник, 1Q84, јужно од границата ... , длабоко во ноќта, роденденски приказни. Се до сега му било одлично. Сепак незнам зошто не секој знае да го доживее и чита.
    На некој му е напорен, досаден ... Мене ми е одличен!
     
  12. eminil

    eminil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    130
    Кога се работи за Мураками или ги сакаш или не ги сакаш неговите книги, трето нема. До сега немам сретнато автор со ваков стил на пишување. Книгава ја прочитав минатата година. Голема уредно перфектно спакована приказна во најмалата кутија (со пуфка).
    Капа му симнувам на човеков. Стил ипол. (y):emo:
     
  13. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    Најголемиот дел на ликовите во книгава се ментално оштетени личности, на овој или на оној начин.
    Па Мураками има дадено една добра претстава како изгледаат некои од нив заедно и последиците со кои се соочуваат.
    Мислам дека кога ќе имам време ќе прочитам и некоја од другите книги на Мураками.