Епа, hei. Темава ја отворам за да си помагаме сите ние што моментално го учиме Норвешкиот јазик или наскоро планираме да започнеме со учење на истиот. Па да почнам, ќе ве молам некој да ми објасни кога/како/зошто користиме den или det.
Хрватско - Норвешки речник мал формат но околу 900стр. во Хрватска е 279 куни кај издавачот т.е. околу 2100 ден. Во скопската книжара Просветно дело во Центар (во близина на гимназија Ј.Б.Тито) едно време го имаше, мислам дури и на попуст. Засега (јуни 2020) нема во обратна насока. Не ми е познато на македонски јазик дали има или се подготвува такво нешто.
Den се користи кога зборуваш/опишуваш нешто што е од машки или женски род, а det се користи за neutral, кај нас што би претставувало среден род.
А да нè научите да читаме норвешки? Знам само дека Norsk се чита Норшк. Дали тоа значи дека секогаш s=ш или не? А овие букви? ø å æ
Колку се слични, а колку различни скандинавските јазици и дали би било збунувачко ако со научен германски почнеш да учиш норвешки?
Можам да прикачам видео за почетници, учење на азбуката и читање на секоја буква и вовед во јазикот кое што мене доста ми помогна.
Со оглед на тоа дека потекнуваат од иста група јазици( англиски, дански, шведски, норвешки и германски) доста може да ти помогне во однос на поставеност на реченица, зошто горе-доле имаат иста систематика.
Швеѓаните ми имаат кажано дека се доста слични, воглавно се разбираат меѓу себе но данците додека зборуваат, нив им делувало како да имаат компир во устата. Шведскиот воедно има поинаков правопис, некои гласови поинаку се бележат - ö и ä наместо ø и æ на пример. Исклучок се исландскиот - íslenska и фарскиот - føroyskt mál (не е исто што и фарси/персиски) кои иако се во иста група, не им се разбирливи на луѓето од Скандинавија. И секако различните букви и гласови кои ги нема во другите скандинавски јазици: ð и þ
Колку балканските се слични, отприлика. Ако со научен германски почнеш да учиш норвешки, ќе видиш доста сличности во зборовите, however, граматички се доста различни. Ова ме потсети на една случка... Јас кога учев шведски, на школо ни рекоа дека нема правило и мора да учиме дали е den или det со секоја нова именка што ќе ја научиш. За глава се држевме! Јас така и почнав, така и ги научив зборовите. Девет години подоцна, кога Исланѓанец почна да учи шведски, ми го посочи она што го кажа @Flerehhi, а учителите на школо не знаеја да ни го кажат. Штета!
Tusen takk Норвешкиот мене лично ми се гледа лесен, ама го учам од Англиски, некако ептен ми се слични а со тоа што Англискиот го знам супер, не ми е проблем. Норвежаниве ми имаат кажувано дека Норвешки и Шведски се доста слични, додека Данскиот е малку по комплициран и дека Норвешкиот има доста сличности со Германскиот. Ако не ти е проблем, фала. Јас изгледав неколку видеа на Simple Norwegian и од Michelle Alexandra, супер објаснуваат.
Јас не учам норвешки јазик, но моментално сакам холандскиот јазик да го научам . Го учам со апликацијата Duolingo. Брзо и лесно се учи со неа , ви ја препорачувам и на вас.
Уф... имам запрено неколку месеци со учење Инаку, Duolingo е супер, можам да сврзам неколку реченици благодарение на таа апликација. Исто имам изгледано и неколку видеа на Simple Norwegian на Јутуб, супер се и тие. Мене Норвешкиот вокабулар ми е лесен, затоа што е доста сличен со Англискиот. @theowndemon е понапредна, давај идеи, vær så snill
Дуолинго деф за структура на реченици, ама јас сум презадоволна од Drops за градење вокабулар. Се осеќам ко на неќење многу да научив. Исто преведвам детски сликовници ко ќе сум послободна.