Како што знаеме уште ке трае овој вирус многумина се плашат но исто така има и луѓе кои слободно шетаат непрекинато и без маски, заразени има насекаде дури ни самите не знаат дека се носители на вирусот. Тоа значи дека колку и да сакаме не можеме да се заштитиме целосно, Децата имаат онлајн настава но што со нивните родители кои работат и несакајки можат да бидат причинители за заразата Младите психички се разболуваат од затварање по домовите од страв или грижа за домашните. Додека пак сите слободно шетаат и заразуваат. Дистанци нема, кафичи и паркови полни Треба ли слободно да си ги извршуваме обврските како и сите што не се прибираат. Бидејки колку и да трае ова не можеме да бидене затворени колку и да сакаме да се заштитиме, или пак сите ке го поминеме вирусов. Или треба да се затвориме дома година дена или колку и да трае..?
Животот оди понатаму и ќе оди со нас или без нас. Ние секако се трудиме да се заштитиме колку можеме, меѓутоа мора да се продолжи да се живее. Луѓето мислат дека ако се затворат сите дома ќе се реши се. А воопшто не е така. Да можеби ќе го нема вирусот, но треба да се гледа поголемата слика.Ќе имаме крах на економијата на пример, беќе на големо одиме натаму и потоа нема да се умира од болест, туку за парче леб, тоа пак ќе доведе до немири, исфрустрираност можеби дури и граѓанска војна. Тоа е еден цел ланец, круг кој мора да се врти не смее да запре, бидејќи ако запре ќе биде на наша огромна штета. Што и да се случи животот НЕ СМЕЕ да запре, секако да бидеме претпазливи и да се чуваме и пазиме колку можеме, но мораме да се бориме.
nema veke nisto dabide ko sto bese zasega ova e novata realnot a i po pandemijata nekoi (mnogu) raboti nema da bidat ko sto bea
Досега ние не осетивме некои големи промени заради пандемијата. Осим стравот за најблиските друга мака немам. Маж ми си работи од дома не се меша со луѓе, син ми е мал немам мака со онлајн наставите, ете единствено што сум бремена па на грижа ми е што како кога ќе дојде време за породување. И да има карантин мене ми одговара, само да се смири ситуацијава со ново заразени. И така сега дома сум си, иако си искачаме со мм но обавезно се чуваме.
Се грижам за домашните, поради едно кафе или качување во автобус можам да направам штета, ане можам да седам и да не правам ништо дома со месеци
Одамна на векот се сменети дефиницијата за нормалност. Посебно сега, тешка работа.... Позитивното во целиот муабет може да биде само работа на себе , и работа на себе. Социјалните конструкти се отидени одамна во неповрат , значи сега се креираат нови а каков ќе биде исходот од тоа ќе видиме во наредните години.
Оваа година 5-6 пати сум пиела кафе во кафиќ, и тоа е се. Излегувам минимално. Се убив од читање книги, ама па убаво ми е овие зимски денови да седам на топло и да читам.
Баш и не е нормален ама мора некако да се тера. На кафе ретко излегувам, одам до град по потреба,на гости не одам. Од работа дома и обратно, читам книги и тоа, се тера некако.
Кај мене ништо посебно не е сменето, освен тоа што одредени денови работам од дома. Јас и онака не сакав гужви и не се дружев многу и пред оваа ситуација.
Читање книги, фитнес-вежби дома, слушање музика, пешачење во природа. Овие четири активности многу ќе помогнат.
Ништо не е нормално, само до нас е како се ќе сфаниме како ќе реагираме и како ќе се штитиме... Животи се во прашање, смртта е најголемото зло шо ни се дешава ама тоа е мораме да сме силни и да се пазиме самите и нашите најблиски..
Се однесува на светско ниво во смисла на војна и немири, а нас како народ ако дојде до било каква војна ќе ни остане само да се молиме да не не збришат големите земји од лицето на планетата хахах.
Новото нормално не е нормално. Јас сум за тоа животот да продолжи, ама да се внимава. Што мора - да се прави, што може онлајн или да се избегне - нема потреба да се прави. Некои работи се учиме поинаку да ги правиме. Порано со роднините и пријателите седевме на кафиња или ручеци. Сега шетаме во парк кога сакаме да се видиме. Мора човек да се адаптира, долго трае и најверојатно уште долго нема да заврши.
Ми фали само патување. И можноста да се седне понекогаш надвор на ручек и пијалок. Tука цела хорека е затворена 80% од периодов. Не мислам дека имам право да се жалам, покрај толку луге кои економски страдаат и ќе страдаат , и секако смртни случаи. Дома сите тројца поминавме и не беше престрашно , сопруг на најблиска буквално на раб на смртта дојде, иако млад и без коморбидитети, и повеќеза него се плашев по третиот ден од за себе. Додека имам антитела, ми фали динамика и повеќе мрчам. Со дистанцирање и заштита, но строго применети, обврските но и дел од друштвен живот, сакам да продолжи.
Нема нормален живот во време на пандемија. Ако живееш ко да нема вирус, најверојатно ќе си го добиеш.
Јас и пред пандемијата не бев љубител на дружби. Времето секако го минував дома.. Но сега не се издржува.. Не можам да си ги видам блиските. Едно кафе со другсрка ми фали, прошетка со слушалки ми фали, вожња ми фали.. Дома не е дома за мене. Не се осеќам слободно тука кај што живеам и напнато е секој ден негативен.. Сакам барем малку слобода.. Добро е што сум зафатена со бебе, среќна сум ако во денот украдам саат време да вежбам или читам.. Смачено ми е да сум облечена постојано во пижами или тренерки.. Кога си го отворам плакарот и си ги видам сите тие убави работи ми се лоши бидејќи нигде не одам... Само генералки правев дома по сто пати чистев од досада... Сега немам доволно време ни за тоа.. Деновите ми се исти сите... НЕ Е НОРМАЛНО да се будам во 7 и да знам што правам тој ден и да ми се лоши од помислата дека едвај чекам да дојде време за спиење. Анксиозноста ми е се полоша и едвај заспивам ноќе, а уморна сум секогаш.
Не дозволувај роб на короната да бидеш претпазливо со маски можеш со другарка да се видиш и на клупи да испиете кафе ние така правиме. 2м оддалечени со маски секоја кафе од дома посигурно нема