1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење на бебето во слинг или марама

Дискусија во 'Бебе' започната од Unique.chick, 5 октомври 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Мамички дали вие користите или сте користеле слинг или марама за вашето бебенце??
    Јас сакам да набавам ваква бидејќи моето бебенце го мачат грчеви , се смирува само кога е до мене а не можам постојано во раце да го држам..
    Исто така ме интересира и каде може да го набавам ??

    еве што најдов за носење на бебето во слинг или марама
    Бебето има природна потреба да биде носено. Тоа било носено во утробата на мајката девет месеци. Таму се чувствувало безбедно, заштитено, го слушало срцето на мајката, ја чувствувало нејзината близина, нејзините движења ит.н. Кога ќе се роди бебето, неговата потреба од близина со мајката не престанува. Кога бебето е носено, повторно ја чувствува истата близина, утеха и заштита. Од гледна точка на бебето доаѓањето на свет е огромна промена. Во стомакот на мајката било носено 24 часа дневно, па кога ќе се роди се уште ќе има потреба од тоа. Не е точно дека со носењето бебето ќе стане разгалено. Со носењето Вие всушност одговарате на неговата потреба да биде близу до Вас.
    * Носените бебиња се позадоволни. Испитувањата покажуваат дека плачат помалку за 40-50%. Додека плачат кај бебињата се ослободува хормон на стрес. За секое бебе е нормално да плаче, но преголеми количини од овој хормон можат штетно да влијаат врз мозокот на бебето. Бебињата кои помалку плачат, тоа време го употребуваат за набљудување на околината и учење на нови работи.
    * Често пати исхраната на носените бебиња е подобра, затоа што мајката полесно ги забележува знаците на глад, уште пред бебето да почне да плаче.
    * Движењата кои ги чувствуваат бебињата додека се носени, се добри за развојот на центарот за рамнотежа и за целиот физички развој. Бебето го слуша дишењето на мајката, ги чувствува нејзините движења и самото реагира на нив со своите движења.
    * Докажано е дека прерано родените бебиња подобро напредуваат, ако се често допирани.
    * Носењето на бебето во положба со раширени нози е добро за развојот на колковите.
    * Кога бебето е носено во марама, мекиот материјал ја спречува појавата на сплеснување на задниот дел од главата. Инаку ова е честа појава кај бебињата кои многу лежат.
    * Бебето може и треба да биде носено и од таткото. Тоа помага за развивање на близината помеѓу таткото и бебето. Онаа близина што ја имаат мајката и бебето уште во текот на бременоста, со таткото е неопходно да се развиве покасно.
    * Носењето на бебето, на мајката и го олеснува извршувањето на секојдневните обврски. Додека таа работи, бебето не е оставено само и може постојано да го надгледува.
    * Носењето и овозможува на мајката подобро да го запознае бебето и неговиот начин на комуникација. Мајките кои ги носат бебињата полесно ги разбират и толкуваат изразите на лицето на бебето. Во исто време имаат и повеќе време за меѓусебна комуникација. На тој начин се стимулира бебето да учи. Докажано е дека кога му зборувате на бебето, му помагате во развојот на неговата интелигенција.
    * Носењето не е толку незграпно, за ралика од буткањето во количка, носењето во корпа и сл. Можете без проблем да го носите бебето, додека другото дете го држите за рака.
    * Го олеснува доењето на јавни места, правејки го подискретно.
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.466
    Допаѓања:
    105.839
    Пол:
    Женски
    Еве јас ке кажам за мене :) Кога се роди керка ми планирав да купам слинг или кенгур како го викаат еве вакво [​IMG] , но керка ми беше височко бебе :D а јас дека ниска и со денови се мислев дали да купам или не. Исто така се си мислев дека грбот ке ме боли ,а и некако за многу кратко време се користи ми се чини кенгурот до 9 кила , а марамата нешто повеке од 9..Така да на крај додека јас да одлучам керка ми беше 4 месечно бебе и реков епа сега за малку не купувам и не купив :D Инаку мене педијатарот ми препорача бебето да се става внатре од 3-тиот месец, а не одма..
    А инаку многу ми се допаѓаше , како што ти наведе бебето е во твоја близина , па некогаш и да излезеш до некоја продавница што се вика набрзинка ке го ставиш бебето во кенгур , ниту количка да влечеш ни ништо :D За да го купиш па има во Mothercare ,потоа во продавниците каде што се продава Чико опрема. Инаку цената им е од 40-80 евра зависи од марката , а марамите јас како што ги гледав во Мадеркејр беа по-скапи околу 80 евра и повеке.. ( јас зборам за во Грција каде што и живеам , а во МК можеш да најдеш и за поевтина цена не зборам за овие Чико и Mothercare ) :)
    Еве гледам и во Megastore имаат и се многу поевтини

    http://megastore.com.mk/Default.aspx?KatID=212
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ние имаме кенгур, незнам како ќе биде, но уште пред да останам бремена , премногу сакав да имам слинг. Ми изгледаат страшно практични, и здравје Боже мислам дека ќе купам, ако биде се како што треба.
    Планирам деновите после пораѓајот да погледнам во продавницава http://www.bebesling.mk/ што и како имаат, колку што сфатив се од 3000ден нагоре, но има мајки кои го користат и за 4годишни деца. Можеби за некои е претерано, за некои не. Не викам дека и јас би го користела толку долго, зошто не верувам дека дете кое проодело би седело во слинг, сепак муабетот ми е дека најверојатно се квалитетни и практични.
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мене слингот ми изгледа доста практичен ,а и мислам дека со него се намалува болката на рамената која се јавува од кенгурот доколку рачките не се убаво пополнети.Доброто кај слингот е тоа што бебето може да се става во неколку положби ,па тоа во некоја мера и олеснува и на мајката за да ги одмори малку рацете.За првото дете бидејќи немаше вакво нешто јас сама си правев слинг од две-три марами и многу ми го олесни периодот со грчевите.Имав купено кенгур,но во него можев да го држам најмногу 2 часа затоа што после многу ме болеа рамената.За второто дете не купив затоа што веќе имав кенгур и некако не ми се даваа пари и искрено жалам затоа што мислам дека со слингот барем малку ќе си олеснев,бидејќи мојата малечка до 4 месеци беше по 24 часа во раце,затоа што имаше многу грчеви.Јас мислам дека е добра инвестиција особено ако е прво дете затоа што тоа понатаму би се користело и за второ. Е сега доколку ви е премногу за џебот ,можете да најдете слики на интернет или да отидете да го видите во продавница и со помош на некој кројач да го направите.Целата работа кај него е во една метална алка(прстен) за која мислам дека може да се најде и по џиџимиџарниците ,а трико платно има или на женски пазар или во Матекс,со тоа што ќе купите поголема должина ,а 1метар чини од 100-150 денари.
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Мене слингот ми изгледаше интересно, но јас си бев за кенгур... Искористивме максимално кенгур на Чико, а за второ здравје планирам да го купам физио кенгурот на Чико кој е навистина поскап но одличен за грбот и кичмата. Овој нашиот беше поедноставен модел и чинеше 2000ден, а ќерка ми уживаше да седи во него. Дури и заспиваше во кенгур. Се каам што не го купив поскапиот модел (беше околу 5000ден), но не знаев дали ќе ни биде воопшто од корист. На овој маста му ја извадивме и едно конче не попушти. Закон. Инаку, додека да го најдеме правиот кенгур за нас, сменивме два, двата беа на Бертони ама не ни се допаднаа како седи бебето и како лежи на грб. Веднаш ги заменуваме и на крај застанавме со избор на Чикото.
     
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    и јас ги гледав кенгурчињата на Мегасторе ќе го купиме овој http://www.femina.mk/out/?id=20574b00c8 ... atID%3D212 ама сега за сега мислам дека бебушка е многу мала за во кенгур подобро ке биде во марама, во марамата нели може да се носи од првиот ден после раѓањето..
    Како и да е ке мора да излезам да видам или пак да си сошијам..
     
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    син ми си се научи за враце и цело време е враце и со намера да си ги одморам рацете купив кенгурче ама 3 пати го кладов некако не ми е практичен. дури го наместиш па да го ставиш бебето па да се дозапетла... крени го и свршена работа
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.120
    Допаѓања:
    101.936
    Пол:
    Женски
    Внука ми седеше во кенгур од сам почеток, ми текнува имаше месец дена кога ја ставивме, или два, не се сеќавам, ама ортопедот рече дека може од +0 да се става. Инаку сестра ми имаше кенгур од Чико, фантастичен, со мемори пена и воопшто не беше тежок за носење, го купивме од Џамбо за 1700 а во Чико продавницата беше 2400, богами разлика, внука ми навистина си го искористи, си сакаше да си седи и си уживкаше, ама пошто е прилично долга немаше смисла да седи веќе во него, идеше ко дете од 3 години да седи во кенгур, ептен беше глупаво. Инаку слинг марамите ги има во една продавница кај Универзална, Беби слинг се вика продавницата и има лиценца за продавање на прави слинг марами. Мене искрено ич не ми свиѓа, ко детето да е само така ставено, ми нема логика, а и многу бе некако се стуткани, се си мислиш ќе излезе. Инаку видов неодамна една мајка на семафори, абе детево ич не му беше удобно, на грб и беше ставено, ко ранец да носеше, а да видите само ноџињата како му беа пресечени, греотче, којзнае колку беше мало, па нели е гревче, мало детенце да го носиш на грб, па стави си го барем напред во некоја поудобна положба. Јас сигурно ќе го користам на сестра ми кенгурчето ако не се погодиме во исто време, ама мислам дека додека е мало од раце нема да го испуштам, пекмезче ќе го направам :lol:
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Значи никој со искуство за слингот??? :?:
    Јас утре ќе купам па ќе ви кажам како ќе ни се погоди.
    Ќе го земам зошто ова зверот сака да е залепен за мене и се во раце, едвај ја спуштам да спие на кревет, па мислам дека е ова единствено решение за некогаш рацете да ми се слободни(кога сум сама), да можам да се напијам вода или да јадам :envy:
    Мајка ми ме зеза, вика немој пак со ова да не сака детето после во никој да оди, се за мајка и да е залепена. Може и држи место муабетот, ама па не се трпи веќе. :emo:
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    39.014
    Пол:
    Женски
    Јас имав ваков кенгур [​IMG] го купивме доста касно , кога малата беше 4 месеци . Сега веќе не ја ставам во него пошто тешка е, има накај 9 кила :lol:
    Ама задоволна сум ... а и ефтин беше многу .
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ние си купивме слинг, bobawrap, баш овој
    [​IMG]

    Многу ни е убав, малата уште во продавница кога го пробувавме и кога ја ставивме си се намести така фино , за секунда заспа. Многу практична работа, ја шетам , постојано е до мене , а мене рацете потполно слободни, грб не боли, не се ни осеќа дека носиш дете, барем засега :lol:
    Муабетот од погоре што е за сами да си сошиете, се замислив и јас, но морам да ви кажам дека материјалот е навистина посебен, растеглив, со две лица, односно од едната страна е мазен , а од другата е како ќебенце тенко, се осеќа дека е цврст материјал, сепак треба тежина да издржи.
     
    На macunka, kravce и AIT им се допаѓа ова.
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    meU даде 2800 за слинг? :tmi: Јас ич не ги гледам за долгорочно корисни за толку пари... :^) Ај ќе чекаме за мислење и искуство. Со здравје да ве служи!
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    2950 e слингот и искрена да бидам ни денар не жалам. Еве ја плачеше, вриштеше, ја ставив ,сега е на мене задоволна ужива, а јас сум комотна и слободна. За вакви лигави деца како моето што стана ова е закон. Релаксатор не сака, количка може ама само ако вози некој, а за седење строго во раце додека не се успие. Е ако е така и јас сакам малку раат , па мораше да се најде решение.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Muabetot mi e kolku e isplatlivo posto ne gledam deka e dolgorocno.. kolku saka neka se do18 meseci posle 6ti mesec ko ke pocne da mrda sekoj den se poveke, mesto ne gi drzi.
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Е ќе видиме колку е исплатливо , тоа допрва :lol: Но, не купувавме релаксатор, не транспортер, едно друго, па прадедо и сакаше да и купи нешто од него, ете супер поклон бидна :)
    За исплатливо и дали ќе седи ќе ви пишам понатаму :angel:
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Имам носено дете во марамава (туѓо дете) и е стварно супер затоа што може да се стави детето во повеќе позиции. Јас го разнесував во супермаркет и супер е раце ти се слободни и плус грбот помалку боли. За моето, здравје, ќе ја позајмам за да видам дали ќе сака да седи во неа. Плус за кратки релации како да тркнеш до продавница без количка е многу практично.
    И јас мислев дека можам да сошијам ама стварно матријалот е посебен и треба многу матријал така да исто ке се фати само малтретирање.
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Материјалот е долг 5м, но за шиење треба да ја погодиш ширината, а и квалитетот на материјалот, + краевите не се исто широки колку предниот дел.
    Еве слика од вчера,уште додека бевме во продавница, кога го пробуваше маж ми. Цуцката си се намести и си заспа.
     

    Прикачени фајлови:

    • tato.jpg
      tato.jpg
      Големина на фајлот:
      43,3 KB
      Прегледи:
      433
    На Anacid, Lolipop23, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Многу слатко и пријатно делува! Ајде чекам да видам како ќе се покаже следниве месеци, па ако си задоволна да си знам за второто да си купам и јас. :*
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    навистина делува многу слатко а мислам дека е и доста корисно многу имам мерак за вакво сигурно ќе земеме и ние
     
  20. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Епа MeU, да знаеш дека твојата слика ми го дефинираше изборот за роденденски подарок :P . Знам дека е многу рано за да купувам вакви работи ама кога ме праша мм што сакам за роденден ми текна на Boba Sling-от. :D Утре ќе дознаам и во каква боја дефинитивно да купам 8)
     
    На macunka и meU им се допаѓа ова.