Лесно се местат и безбедни се секако, нема да испадне. Имаш туториал како се врзува, погледни. Кога ќе се испраксаш, набрзина иде и покомфортни се за тебе, отколу кенгур. Е сега бебе дали ќе сака е прашање. Мојата не сакаше. И во кенгур тек се тренираме овие денови, до сега не сакаше воопшто. Денес цели 10 мин. издржа. За друго ако некогаш пак родам, во марама ќе го ставам уште прв ден. Колку по мек изгледа од овој јас што го имам на ергобебе. Овој е јак и цврст, ама крут. Горе на рамењата мене ми е предебел некако и ми е незгоден за носење. Се си мислам затоа не сака/ше до сега во него. А башка некако чудно се закопчува надзат, не знам каков е кај тебе. Овој јас што го имам можеш на два начина да го закопчаш, демек накрсно за новороденче и нормално за поголемо. Ама кај саклетчијава моја не бидна до сега ни еден. Се си мислам за еден месец нанапред ќе сака.
Леле не знам, јас една имав поклон ја добив, а и гледам стално ги носат тие, manduca побарај да видиш. Мојата е од тие еластичните што се, а гледам носат и такви како платно што не се растегаат. За почеток земи некоја поефтина, да не ти биде криво ако не сака да седи во неа.
Да и мене ми беше скапо, ама зедов марама прво и не ја сакаше, па зедов ваков кенгур кој беше околу 3000 ден, и видов дека дете само во него сака да седи и да се шета и многу ми се наоѓа, а не ми е удобен веќе ни мене, а тек па нему, подобро ќе земев еднаш посаглам него вака дупло пари дадов, затоа викам размисли, пробај ако има некој дали сака да шета така па после побарја некој поубав. Овој дефинитивно не, мал е уште и јадрата ако не му се оформени може да му наштети.
Јас пак марама имав и ништо не направив со неа, џабе лупнати пари ми беа, ете ја стои, а убава и квалитетна е, доста скапичко ја зедов и криво ми беше што не ја сака ама тоа е, ама и мене искрено терсене ми беше со неа и жешко така целата замотана. Овој може изгледа така ама не е удобен, мислам вака накај мене свртен ок беше за летото, ама сега зимата многу е тежок одвај го ставам во него, дека наоблечен. Нанапред ретко го носам и тоа сега почнав оти кога е свртен наперед нема опција вака да му се нозете и неправилно висат. Моето уште мало сакаше да седи во кенгур, среќа, без него ќе полудев само во странство оти везден во раце ми беше. Онака лесен е за закопчување и се тоа, ама сметам дека не е удобен за него. Сега веќе му е мал и на мене ми е неудобен на половината, ми тежи. Да ергобебе доста круто изгледаат ама ми се чини имаат подобра потпора за кичма и бебе. Јас планирам оној да го земам што има опција на 4 начини да се носи, скапичок е ептен ама сметам дека ќе ми се најде ептен, оти во Лондон ми е многу полесно вака да го носам него количка да туркам секаде.
@1209 , ние имаме на ергобејби, позајмен додуша. Цело лето ќерка не сакаше да го види, веројатно и беше прежешко во него. Есенва го покористивме за кратки прошетки. До маркет, низ улица, некои такви блиски места. Сега веќе е скоро 10 месеци и 9+ кг. И покрај тоа што кенгурот е до 20 или 22кг мене веќе ми е претешка така за носење. Таа сака, не дека не, јас после тоа, не го чувствувам грбот од болка. Постои можност и јас да не го ставам правилно, па затоа да имам болка. Баш и планирав да го исперам и вратам. До следна пролет ќе е над година, може и проодена. Не верувам дека ќе сака да е во кенгур.
Хм, ме замисливте сега Може да не лупам пари џабе за сега да чекам напролет…додуша зимава толку и ќе шетаме вака, среќа сака и во количка убаво замоткан, ама ми се наоѓа кенгурот. Оно секој кенгур сигурна сум дека прави проблем на половината, да не се лажеме тежина е тоа, колку сака нека е ергономски. Ај ќе размислам, стварно ме замисливте со ергобебе
Роднините од каде што го позајмивме носеа дете во него до кај 1,5 година, околу 10-11кг детето. Е сега најчесто го носеше мажот - 2 метра и скоро 100кг човек. Јас со мојава висина и тежина сигурно не би издржала. Не дека не може да се користи. Далеку од тоа. Мене лично ми е преголемо оптоварување.
Омни 360 тој го имам и јас. Ама реално не ми иде да е за новороденче, туку тек 3м да речам. За тебе нема да е проблем, твоето е секако поголемо. Има лепенки и се подесува за меѓу ножињата според должина на бебето, колку да биде отворено и исто копчиња за ако го носиш напред или надзат. Само некако тој дел за рамењата мене ми е преголем и крут. Ама па кога ќе видиш за потешко бебе таман е. На половината е широко парче и стои стабилно, ама сепак го носиш на тебе. Не дека не се осеќа. Особено потешко бебе. Ама нормално нели. И ние го зедовме со таа намера. Да отидеш до пекара или до парк набрзина нешто, оти количката јас сама не можам ни да ја симнам доле наеднаш, нема место да стои у ходник на приземје. Па мора у кола да стои, па бебе у транспортер да ставам дур склопам количка. Абе процедури. Упорна ќе сум сега и ќе ја учам деновиве, мора да почне да сака. После маж ми ќе ја шета на пример за викенд или навечер да фатам нешто низ дома. И за толку ми се исплати. А ги гледам овде низ паркот, значи сите ги шетаат во кенгур. Епа не може само моето да не сака. Има да мора . Инаку за во Лондон сигурно има опција секнд хенд. Погледни, иди на лице место пробај ако не ти се свиѓа не мора да купиш. Ние овој исто на старо го зедовме. Воопшто не е користен, не сакало нивното. И не само кенгурот, преферирам се што може на "старо" да земам. И поклони не сакам на ново. Им имам кажано..ама не ме слушашаат. Толку помили ми се нештата што ми ги даваат користени, отколку ново. Еве два пати ќе го облече и толку. Количката ја зедовме за 500 евра, на нова повеќе од 1000 е. Исто бебе што не сакало да се вози. Скроз ама скроз нова. Стокке пресоблекувална за 60 евра, ај што презгодна и анатомска, туку и чисто дрво. Исто греалка за над пресоблекувалната за 40 евра. Дали 10 пати пуштена. Толку и јас ќе ја користам. Облека скроз нови или по еднаш облечени, убави марки за по 5-10 евра. Што убава јакна и зедов за 5 евра. Од дожд и ветер штити. Најискористена ми е подлогата за играње. Нон стоп е на неа, дури новата што е, не ја сака толку. За 5 евра. А на ново е 80 евра. Се преперувам и дезинфекцирам со чистачот на пареа. Сега да најдам базар за облека, би купила на старо облека до годинка. Во потрага сум и по столче за јадење некое. Гледам само да се убаво зачувани и од фамилија непушачи. Не дека не купувам и нови, таман работа од ќеф ќе земам, ама за 4 месеци еве четврти број облека почнува, имам ствари што не ги има ни облечено. Што ќе им правам. Ај ако родам уште едно арно, ама ако не. Треба да ги донирам. Доволно други трошоци има и допрва ќе има. Не мора сега за нешта што кратко се користат да се даде цело богатство прво, а второ е подобро за околината се да се искористи максимално.
Лесно се местат да. Ама јас ја тргнав веќе, реално ја користев додека беше помалечко до кај 2ипол месеци мах спиеше на мене, низ дома нешто ке сработев, јадев грчеви кога имаше обавезно сакаше така да седи на мене... ама веќе сака да гледа и потежок е, па го кенгурот ми е подобар избор
Здраво дали оваа марама е добра или ќе ми препорачате друга? И ме интересира дали е рано за во нејзе? Викаат боље во марама него во кенгур дур се мали моето скоро 20дена е. Педијатар рече за во кенгур по15мин не и образложив за марама дека станува збор. Пс мене ми е чисто за преку ден кога сум сама да можам да јадам да подсредам нешто па да е со мене
Јас имам марама на Фемамама.мк на инстаграм, 900 денари. Материјалот е цврст но не е премногу растеглив, единствено тоа ми е замерка. Ја користам од две недели на бебе до сега (2 месеци е скоро), а ќе ја користам и понатаму. Инаку топло ја препорачувам.
ttps://www.encimenci.com.mk/nosilka-kengur-air-4-vo-1-jungle-40010906 дали некој го користи кенгурот и дали е 0+?