1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење на бебето во слинг или марама

Дискусија во 'Бебе' започната од Unique.chick, 5 октомври 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Баш ми е мило :)
    Се надевам дека ќе бидеш задоволна и дека ќе го искористите максимално.
    Мене ептен ми врши работа, посебно кога одиме некаде за на брзина , па да не ја влечема количката, си одиме со слингот и си се гушкаме цело време :inlove:
     
  2. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Марамата е спремна, уште буце фали во неа :D едвај чекам!
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Многу сакав слинг марама и ќе ја земев ја чекав платата која требаше да стигне на 12.11ама бебушка не изненади и се породив порано во 8 мимесец на 8,11 па така марама немаме . Планирам за 40 дена да ија купам таман ко ќе излеземе од дома прв пат :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Може ли да ми кажеш во кои положби ја ставаш ќерка ти? Јас пробав во една, некако главчето не си го држеше убаво и плус се нервира кога ја ставам :( плаче, вришти. По се изгледа ќе морам да се вежбам со кукла или да чекам да порасне малце за да си го држи самата вратчето пошто вака ми е страв.
    Оваа позиција кај маж ти личи удобно ама незнам како да ја изведам :)
    Имаш линк од некое видео?
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Додека сеуште не си го држеше главчето сама, ја стававме во таа положба што е на сликата со маж ми. Сега веќе ја ставаме само внатре, а главата колку толку знае да си ја држи, па не и ја пикам внатре.
    А штом плаче веројатно нешто не и е по ќејф, не е добро наместена. Сега на почеток не ја ставај со раширени ноџиња, туку собери и ги и така пикни ја внатре.
    Еве видео, на едното имаш како да ја врзеш, а на другото е положбата која ја применуваме и ден денес.
    http://www.youtube.com/watch?v=8SapA2y5OcU
    http://www.youtube.com/watch?v=e1q30B6-E-8

    Еве еден поинаков начин на врзување кој можеш да го користиш за новороденче
    http://www.youtube.com/watch?v=ot7XYLiKVak
     
    На roza102 и cecilia им се допаѓа ова.
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ај ќе пробам па ќе ти кажам, фала :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Еве со претходната тема се потсетив да ви ставам слика како се носиме сега низ дома. Зошто звречо сака во раце, ама да е свртена нанапред за да гледа, па мора да се наоѓа решение. А не е мала веќе и тежи, па повеќе од 10мин немам шанси да ја држам. Еве што смисливме ние.


    Ова е положбата наречена Буда, па ни се најде ептен :angel:
    Може и двете рачиња внатре, ама сега многу ни се слатки и си ги јадеме па така диетално, само едното е надвор :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • buda.jpg
      buda.jpg
      Големина на фајлот:
      80,5 KB
      Прегледи:
      287
    На pepita82, MacenceEna, roza102 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    ^
    Meu од кај ја купивте и цена ако може?
    И до колку кила е?
    Јас со ќерка ми се искривокрстив тогаш не купив ама сега за синко дефинотивно ќе се снабдам :)
     
  9. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    и ние дефинитивно ќе си купиме ваква марама :) изгледа многу практична :) и бебушот баш си се мести во природна положба, ем рацете слободни, ем си се :hug: мераци :lol: само јас имам едно прашање,ноџињата во која положба ги местите? како стојат поставени? околу вашата половина или некако поинаку? Мама25 Меу има во претходните постови напишано од кај ја земала
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Од продавницата за бебе слинг ни е земена, 2950 мислам беше или 2900ден.
    Ноџињата се соберени, за свртено накај мајката кога ќе го кренеш бебето ги собираш баш како да си седнува, во колениците се собрани, а кога е свртено нанапред фаќате за стапалцата и ги собирате, природно да се соберат.

    Мама25 до мн кила е :lol: мислам до 18кг, зошто и големи дечиња носат во неа.
     
    На Mama25 и roza102 им се допаѓа ова.
  11. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Еве во моментов се шетаме во марамата.
    Значи разбудена е невозможно да ја ставам внатре плаче рика ама после јадење баш си се намести сама и само ја ставив внатре незнаеше што и се деси :lol:
     
    На Vetruska и meU им се допаѓа ова.
  12. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Туку мамички да ве прашам дали некоја од вас има искуство со кенгур и дали знаете дали го препорачуваат ортопедите. Бидејќи ние кога бевме на ортопед на 2 месеци ни рече дубаче воопшто да не да користиме ни сега ни понатаму (иако е уште мал за тоа) и ни рече уште два ипол месеци минимум да го виткам во широк повој па пак на контрола и сега се мислам за кенгурот. Јас сега почнав да го носам со кенгур, вака ми е полесно бидејќи веќе затежува и не можам долго го држам на раце :) А сите што ги знам користеле дубаче и мајка ми ме ставала во дубак ама не требало.
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Сањичка, мислам дека сте многу мали за кенгур. ДАли ве гледаа на ехо па што ви кажаа да продолжите со широк повој???
    Нас педијатарот не гледаше на ехо и ни кажа дека немаме никаква потреба од широк повој, додуша јас ставав се на се 2 недели. За кенгур ни кажа дека детето треба да е поголемо односно да го држи стабилно главчето , и без разлика на тоа никако пред 5-6месеци. Затоа во слинг ни кажа дека можеме уште веднаш, така и направивме. Е сега слингот има позиција како кенгурот со таа разлика што не го оптеретува ’рбетот како во кенгурот. Така да мислам или да си отидете повторно да се посоветувате, или да почекате уште малку.
     
    Последна измена од модератор: 29 април 2017
    На Sanjicka15 и Annath им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.137
    Пол:
    Женски
    Сестра ми малата ја ставаше во кенгур од 2 месеци точно, ништо не и беше а супер се разви во колковите. Знам дека за женските бебиња тоа е битно, за машките не дека не е битно туку не е до толку мислам страшно па да носи широк повој до 4-5 месеци, мислам дека е премногу. Мислам дека треба да побараш и второ мислење, но мислам дека и дубакот и кенгурот се нормална работа за децата, досега има куп деца израснато со овие помагала и ниедно немало мака, не знам од каде им е сега приказнава туку ајде. Внука ми ја носевме во Ремедика, фино поминавме, она ни кажа дека кенгурот е од 0+, и на самиот кенгур пишуваше, нашиот беше од Чико, одличен а и цената богами му беше добра, со оглед на тоа што го зедовме од Џамбо, беше бааги поефтин од другите продавници кои држеа Чико, да не те лажам може за цела илјадарка. А и дубакот беше на Чико, и двата со мемеори пена и беа суперискористени, одлична помош со оглед на тоа што внука ми кога започна да станува пргаво таман и дојде дубакот, а дотогаш беше многу мирно бебенце, па кенгурот супер беше за надвор, за во супермаркет, за до лекар и слично.
     
    На Sanjicka15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Деновиве кога излегувам од дома, секојдневно гледам една жена како се шета со бебето ставено во ваква слинг марама. Значи првиот пат кога ја видов, не можев да сфатам што и е на женава, како топка да имаше под вратот, а тоа да ти било главчето од бебето. И секој ден така шета веројатно кога оди да пазари го носи детенцето со неа. Ептен згужвано ми делува детето, плус оваа ја закопчува јакната врз слингот и надвор се гледа само главчето и одма над главчето на бебето е нејзината глава и многу неубаво изгледа. Не знам зошто ама ич не ми се допаѓа како изгледа целосната слика на мајката и детето. Којзнае можеби е навистина згодно, ама детево е цело како згужвано а кога оди главата му виси и се клацка. Можда и она лошо го мести. Не знам... |(
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Зависи од возраста на бебето. Веќе ставив ваму слика како изгледа Лина кога е во слингот, немаше еден коментар негативен. Со оглед на тоа претпоставувам дека мајката не го мести добро, веројатно крстот на слингот е премногу високо штом главата на детето е толку блиску до нејзината. Исто така нема потреба ако бебето е убаво облечено дополнително да се става под јакна, може само да препоти. Премногу топлина е тоа, ако се земе во предвид дека со телото е долепено до мајката, а со самиот слинг е на три пати покриено.
    За згужвано во првите месеци , се склопчени, а не згужвани, зошто се местат во положбата слична на онаа во стомакот.
    За понатаму , еве ние веќе го користиме место кенгур, во иста таква положба, со тоа што во слингот нема оптеретување на ’рбетот.
    Исто мене ми се допаѓа многу и положбата Буда, каде детето е свртено нанапред.
    Во секој случај одлична ствар, премногу сум задоволна , а искрено ептен го користиме слингот, многу попрактичен ми е , него да се малтретирам со количка, посебно кога шетаме низ продавници.
     
    На Delgadina и Annath им се допаѓа ова.
  17. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    и мене не ми се свиѓа ама ич :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Сестра ми за двете внуки имаше слинг, а сега за третово дете ќе купи кенгур! :lol:
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ауу кажи која е таа положба и ја са ја пробам во иднина :clap:
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Која положба, Буда или онаа како кенгур???