Од кога во кенгур/слинг марама Јас ќерка ми не ја ставав во ќенгур,ниту во слинг марама ,а помислував да купам,ама таа не беше плачлива т.е. не бараше да ја држам во раце , си спиеше кај и да ја ставев и си викав зашто па да ја учам на кенгур потоа може и кога ќе потпорасне да ми бара во раце. А мислам дека не с екористат долго поготово кенгурите тоа е максимално до 5-6 кг бебе , иако на нив пишува и до 9 , мислам дека нема шанси , не е добро за кичмата баш
Од кога во кенгур/слинг марама Бебушка ја ставам во марама од 30 дена Боба марама и еве 10 ипол месеци уште ја користиме. Многу лесно се смирува во неа и се радува кога се гушкаме во марамата.
Од кога во кенгур/слинг марама Над 5м е, ако сакаш за најточно да измерам??? Материјалот е растеглив со што дополнително се добива на еластичност, должина. Со обичен крут материјал нема да може да се направи
Каде низ Скопје може да се најде слинг марама, ке одам на повојница, па младата мама сака тоа да и однесам
јас ја купив во сити мол,карши бејби блу (лице у лице се) на попуст 4000. се користи до 15 кг, има и различни позиции.
Имам кенгур ама кога го носам во него бебето многу напред ми е подадено, не е залепено за мене и ми мрда лево десно, а скроз ми се затегнати рамките. Дали е до моделот? Доколку купам марама ке можам ли да го носам поудобно?
Ja kupiv matamata do sega nitu ednash ne uspeav da ja namestam gledam tutorijali i koga i da go stabav sin mi mislam ke padni plus bebeto e golemko jas slabicka ne znam do sto e ama to e
Мами, ние за некој ден 7+ откако се стопли стартувавме со шетање ама некако ич не сакаме количка, пола пат внатре, па малку плачење и си се враќаме со една рака в раце, со друга ја туркаме количката. За марама не сме, се мислам дека нема да знам да ја наместам и нема да ми биде практична за употреба. Се мислев за кенгур, не знам дали ќе сака внатре, аа мора да пробам . Ај ако може некоја мама нека ми препорача некој модел на кенгур од кој е задоволна. Што викате за овој, нешто меѓу кенгур и марама е http://www.bebehome.mk/Кенгур-сив-Wallaboo/
BOBA 4G 25 meseci sme i uste se nosime vo nea do 25 kg e (4 godini) .Gi ima vo bebesling . Raat sum so nea i koga odime na planina i na odmori posto mn cesto ne saka da odi saka vo race . Duri i spie vo nea duri nie si setkame
Мајки ја прочитав темава горе доле цела, значи бебе во кенгур од 3 месеци може слободно да се става, и читам дека до максимум 9/10 кг ? Ваши искуства колку е практичен, се мислам дали да купам?
Марамите и носилките со од 0+ Разгедај ги во бебеслинг Ние количка не сакавме па само носилка користевме и уште ја користиме 28 месеци сме . Носилката до 4 години е .
Мамички можеби е малку глупаво моево прашање, но морам да ве прашам доколку знаете. Синко ми е скоро 3 месеци и во кенгур ужива дур е. Спие најубаво кога е во кенгур. Е сега прашањето ми е : дали може да му направи мака некоја кенгурот на јајцињата и куренцето ? Знам смешно е прашањево, али кога и да е во кенгур го мислам да не го притиска доле, да не му направи некој проблем на јајцињата итн. Доколку некоја знае ви сакала да ми одговори. Заборавив ортопедот да го прашам кога бевме на неполни 2 месеци на контрола. Све си е океј со синко и ортопедот сам ни кажа дека слободно можеме во кенгуров уште од 0+, ама ова не го прашав што ве прашувам сега и во последно време не го ставам ос трав да не го притиска или да не му направи самиот кенгур нешто на јајцињата го имам овој кенгур Baby Bjorn од Швајцарија поклон од другарка. https://www.google.com/search?biw=360&bih=310&tbm=isch&sa=1&ei=g_lHWcbMDITqUun3gdAM&q=baby bjorn carrier&oq=baby bjor&gs_l=mobile-gws-img.1.0.41j0l4.34426.38552.0.39456.11.11.0.0.0.0.507.2572.0j4j6j5-1.11.0....0...1.1j4.64.mobile-gws-img..2.9.1884...0i67k1.ytPio5qnluU#imgrc=_
Се одлучивме за кенгур на бебе конфорт, денес купивме, мислам дека не згрешивме. Некако не сум за марами, кенгуров мислам ќе го износиме, затоа земав и малку поскап, за да ми биде удобен и на мене односно грбот мој Искрено не сум стручна за најточен одговор, ама се нешто у позадина ми кажува дека нема ништо да им биде на нашите синчиња, еве јас купив денес кенгур исто па пламирам да го користам. Ако било нешто страшно од носење машки деца во кенгур до сега ќе било означено како проблем, за кој јас до сега немам слушнато. Единствено можеш да намалиш со ставање во него подолго време.
Lady*Bug Колку го земавте кенгурот и од колку до колку месеци се користи,јас имам еден се носи на страна и страшно ме боли грбот,а попрактично ми е во кенгур да ја носам отколку во количка