Од 3.5 - 9 кг (што значи би требало до кај 10/11 месеци) не знам кога имаат по 9кг, секое бебе различно. Ќе ти пратам сега и слика во лп.
Јас ја купив... џабе. Еднаш го ставив кога беше месец дена, и цело време имав чуство дека ќе ми падне од доле. Тешко ја местев, воопшто не ми беше лесно, како на видеата. Ја баталив и се вратив на кенгурот што ми го даде сестра ми од внуките. Може некој има друго искуство, но мене ич не ми се најде.
Nez dali e soodvetno prasanjevo za tuka ama aj da prasam. Od koga pocnavte so kenguri. Od koja vozrast
^^јас ортопед не сум прашала, туку педијатар за кенгур. Бевме 6недели и некој ден и +5кг рече слободно, секако со лицето накај мене и не повеќе од 30мин да биде внатре. Нанадвор смее да се става кога ќе почне убаво да го држи главчето, пред +3.5м рече никако Ставам бејби чат пат во кенгур, дури 5мин седи без проблем, ако цело време го шеткаш ќе поседи цели 15мин
Majki, sto e podobro kengur ili ergonomska nosilka? Koe e vaseto iskustvo i sto preporacuvate? Fala mnogu!
на каква ергономска носилка мислиш? за колкаво бебе? за помали бебиња (додека не можат да седат) марама најмногу се препорачува, затоа што најдобро може да се оствари правилната положба на грбчето и нозете. Секако треба да се запазат некои работи во врска со врзувањето ама брзо се учи. Материјалот исто е важен, да биде цврст а малку растеглив, најдобрите се дијагонално ткаени. видов и кај нас има едни од little frog јас зедов со памук и бамбус многу сум задоволна. А имаме и Manduca, само за таа да биде добра за бебе треба многу подесувања плус, има на јутуб видеа, и пак не сум баш задоволна како седи бебето во неа
Zenski gledam dosta od vas se pofalija deka kupile sling marama. Jas sega sum so vtoro bebe. Za prvoto kupivme kengur, ama kasno. Maliot stana tezok i ni eden mesec ne go koristevme. Sega pocnav bebkava da ja stavam ama citam po net i ispaga mojov kengur ne bil dobar Za kukcinjata. Pa resiv da kupam marama. Iskreno mnogu mi se 3000 i kusur, pa si vikam moze nekoj od vas ke bide zainteresiran da mi ja prodade maramata ako ste zavrsile so koristenje. Kontaktirajte me slobodno. Izvinete za latinica, ama moram od telefon, do kompjuter nesto ne stigam vo posledno vreme.
Искрено јас од 1 месец во марама ја носев и се преродив Ич не жалам што дадов 3200 денари. Прво ми беше страв што како ама за 2 дена ја уходав и сеа со мижење јја местам. Беба е сеа скоро 6 месеци и уште ја носам. Кенгур имам на Инфантино ергономски и тој топ ми се погоди, ама појќе сопругот со кенгурот. Ако имаш можност нарачај си верувај ќе уживаш и ти и бебе. Плус супер е за грчеви и заспивање и да завршиш работи. Башка кичма ич не болит.
Eve bas sega se mislev da poracam. Inaku nisto rabota ne zvrsuvam. Na maliot sabajle ne ne mozam ni nadenje da mu dadam, ni da go oblecam.
На youtube имаш туторијали за секоја врста и марка марама како се местит. Искрено ако си во можност земи си немат да згрешиш
Со марамата може да се биде само во исправена положба или може да се седне така наместено во неа, исто и за во кенгурот?
Најправилна положба е ко жаба за во марама, може и странично на бок да се намести бебето....со некој марами можи бебето и на грб да се носит, или со лицето нанапред. Зависи од моделот.
Мене се ми се чини нема да сака да седи во неа, а сакам да купам пошто количката не можам сама да си ја спуштам и сум приморана дома да седам, а ова би било идеална замена за количка. Во какви услови, за кои цели се користат, дали само за прошетки во природа или може и дома, или во трговски и слично? И дали вашите бебиња ви седат внатре?
Мене топ ми се погоди, башка после 5 мин ми заспиваше и раат бев...Сегде шетав и уште шетам по потреба во носилка