Здраво. Искуство со некој од овие два модели на кенгур, или предлог до 2000 денари? https://www.encimenci.com.mk/kengur-nosilka-go-black-chicco-675909500 http://int.safety1st.com/our-products/strollers/baby-carriers/youmi/features.aspx
Мајки ми треба мислење, предлог од вас. Имам керка 5 месеци, ја носев до сега во еден обичен кенгур од 700 ден ама више не ми се свиѓа ја стиска некако. Една сестра ми кажа од локо кроко имало убав со седло. Ептен бил згоден, има ли некој слика или сличен да видам?? каков користите вие, да си земам поубав, и ако знаете од кај можам да си нарачам, со достава дека неможам да шетам
Многу е малечка твојата за кенгур, од 4ти месец се препораките бидејќи е некако седечка позиција во него. Прашај си кај ортопед види таму како ве советуваат овде е 4+. Оние марами мислм дека се 0+. Посоветувај се сепак. На почеток е макс десет минути, потоа постепено наголемуваш.
Зависи од кенгурот...најбитно да е ергономски и нозете да бидат во положба ко жаба. Слично како во марама кога седи.
0+ е кенгур. Едина разлика е што во зависност од возраста се врти. Бебе што не држи главче со лице накај гради. Бебе што држи главче со тил накај гради.
Веќе кога спомена за страната да надополнам, овде не се препорачува никогаш да се стави бебе со лице напред на вашите гради. Ако веќе се става со лице напред тоа се прави на тој начин што бебето се врзува на грб. На тој начин кенгурот кој треба да е ергономски ќе овозможи правилна потпора на грбот на бебето. А не грбот на бебето да дојде на нашите гради.
Си има педијатар, ортопед, упатство на секој кенгур и се си пишува. А овде или онде - сегде е различно.
Здраво на сите, Сакам да прашам дали некоја ја продава слинг марамата, дпкплку веќе нема да ја користи? Доколку да, може да ми пишете порака. Поздрав до сите
Мајќички има ли некој искуство со кенгуров? Очајно ми треба Мојата малечка е 1,5 месец, тешка е скоро 3500кг. За кенгуров пишува дека е дозволено од 3500кг па нагоре. За почеток не би ја оставала многу внатре. Би ја користела за кратки релации, најмногу 30-40 мин би седела во него. Дали положбата од сликата би и пречела со оглед дека е малечка со месеци, не седи сеуште. Ве молам за совет и искуства.
Малечка е уште, ако има некој да ти позајми марама , поубаво е за положбата.Плус уште не можи главата да ја држи цврсто, како пена се на таа возраст. Не брзај.
Мојето 70% ја држи исправено главата. Плус овој кенгур од сликата има потпора за главчето. Маж ми вчера го купи истиов модел, го пробавме и супер е. Пак ќе кажам за почеток еднаш во една недела ќе го користам, по 30,40 мин. На сликата ми се гледаше како бебето да седи, ама кога ја ставив моето бебе не беше така, исто како со рака да ја држам. Марамите воопшо не ме привлекуваат. Некако страв ми е да ја носам во тоа. Ти благодарам.
Zdravo, Bi zamolila ako nekoj bi ja prodal koristenata sling marama da mi pise. Jas mnogu se mislam sto da pravam megu kengur i i marama,m bebce napolni mesec ama uste nema 3kila pomalecka se rodi ,neuste nema ni 3kila, a ne se stiga niz doma nisto bidjeki e vo race stalno, a 3000mi se mnogu inaku bi ja kupila,pa ako nekoj ja prodava svojata neka mi pise. Fala!
Бебе ти е мала за кенгур, од 3 месеци смее доколку стабилно го држи главчето. Марамата е нешто што највеќе сум го искористила. Фино ќе си ја врзиш, она ќе си спие, ти ќе си направиш ручек, ќе вежбаш, ќе се нашминкаш. Тоа ме спаси. Бебе е сега 4 и пол месеци,6 и пол кг тешка, реално потешко ми е сма уште ја користам. За толку мало бебе е и најпрактична за излегување марамата.
Девојки бебе има 3 полни месеци, се мислам дали да купам кенгур, дали е практичен. Најдов два, едниот е на локо кроко 600ден и е до 15кг,а другиот е на Chico околу 2000ден и е до 9кг.
За кенгур би ти препорачала да не штедиш пари, да гледаш да е и кај кичмата долу со појас пошо ќе останиш без неа ако имаш буцо бебе. Иначе ние од 3 месец до 5ти нон стоп в кенгур ја носевме и ни беше ептен практично, а и беба обожаваше.
Првата реакција е таква, најдобро надвор додека сте да го дтавите за да почне одма да гледа, налце подскокнете и ќе прифати. И кај нас плачеше првиот пат.