Здраво, и мене ме интересира да слушнам искуства за марамава, дали да ја купувам или да барам друг бренд. Доколку знаеш позитивни или негативни искуства, те молам сподели. Фала и поздрав
@Филотеа те тагнав да те прашам дали купи марама? Заинтересирана сум јас да купам, им пишав на бебе слинг страната, нема стигнато сеуште марами, не знаат кога ќе им стигнат. @Bubish26 од кај ја купи твојата?
Jас на крај купив од TucTuc што се наоѓа во Настел Тафталиџе, ваква: https://www.tuctuc.com/uk/sllas-aut...aby-sling-weekend-constellation-grey-12051597 Околу 3 500 ден. стреч е, и мислам дека е добра (секако немам искуство со други марами), само не е баш за во лето
Вака убава е, дебел е материјалот? Мене боба марамите ептен ми прават ќејф, некако ми се гледа ко тенок материјалот. Ама ете немам од каде да нарачам.
jac со двете деца користам многу марами и кенгур исто, сакав да ви речам дека таа што е на саjтот на бебеслинг од little frog e од Полска, jaс имам од таа марка ама не со прстен него голема бр.6, и гледав сега на саjтот изгледа како да може да прават достава во Македониja. jaс би порачала директно од таму имаат многу убави бои, jaс оваа ja имам со бамбус лесна и мека посебно за во лето ама и општо https://littlefrog.shop/product-eng...-wrap-Bamboo-Aventurine-size-6-2nd-Grade.html тие што се 2nd grade ce како втора класа нешто не е совршено во шарата во ткаењето, ама воопшто не се забележува а се поефтини. еластичните не ги препорачувам тие се за многу мало бебе после веќе не даваат добра поддршка, а овие ткаените (woven wrap) може од новороденче и до големо. и големина 2ка исто мислам дека не е добро не може многу од врзувањата да се прават, и со прстенот нема добра рамнотежа може да боли рамото, со 5ка или 6ка е најидеално, зависи од висината на човекот што ќе ја носи а кенгурчињата и да тврдат дека одговараат за новородени не се толку добри, освен ако не некој хибрид т.н. mei tai.
прашав чисто ради интерес и рекоа дека доставуваат до Мкд за 10е многу ги препорачувам, вредат за парите, а и плус како има интерес штом нема да ви требаат веднаш ќе ги препродадете. не знам од беби слинг зошто не порачаат да има ♀️
@Kate Rina 93 уште не сум ја купила зошто не сум сигурна дали бебе ќе сака во неа, па да не биде да ја купувам за џабе.
Дали ја користи некој марамата-кенгурче од Chicco, и кои се предностите и недостатоците? https://www.encimenci.com.mk/kengur-marama-boppy-comfy-fit-grey-chicco-799494700 И дали некој има искуство со обичните кенгури на Chicco?
Поодама си пишала ама да те прашам, пријатен ли е материјалот? Ми треба повеќе за низ дома, а некако ми изгледа подебела...
Да, пријатна е за носење. Бебето си ужива покрај тебе а ти си слободна за движење. За материјалот пишува дека е за 3.5-18 kg. Made from bamboo fabric with a heat regulation effect, with a hint of elasticity for greater comfort. It is also breathable and protects against UV rays (UVB, UPF, 50+). .. е сега колку е ова точно и дали навистина ќе издржи до 18 кг, не знам, особено што е растеглива, не ми се врува дека може толкава килажа, но како и да е, супер е, мека, и да, пријатна. Ако размилуваш за често носење/шетање, не само за по дома, друга опција- ги препорачувам носилките https://jagy-carriers.com/ , пошто на мм му е комплицирано врзувањето марама, нарачавме од тука, стигна за 20 дена и е одлична. Лесна зе местење, многу практична и расте со бебето, односно панелот се подесува во зависност од големината на бебето (како што е и со марамите), и што е најбитно, поддржува парвилна положба на бебето. Ги има во три големини а во моментов се и на попуст, така да се супер потрошени пари (ако се носите често).
леле зошто ja отворив темава ) имам три марами (една продадов) и едно кенгурче мандука, ама сакав друго од материјал ко марама ткаен (woven wrap), а со прерамки. ама веќе ми е 10 месеци малата и седи во количка повеќе ама еве сега го отворив линкот и многу ми се допаднаа ја порачав оваа https://jagy-carriers.com/en/product/jagy-cariers-delux-midi-size/ скапа доставата до Германија 20е, не знам тебе колку те фати? ама посакав да ги поддржам и шарата многу ми се допадна
Здраво, дали можеби некоја од вас што користела (или има, а не ја користи) беби слинг марамата што сака да ја продаде? Заинтересирана сум да купам. Фала ви
Иако темата е за слинг марами мислам дека сепак прашањето е за овде. Дали некоја ги има користено носилките Ergobaby Omni 360 или Tula Explore, па да сподели искуство.
И јас ги гледам сега, ме интересира истото.. да не купи во меѓувреме да споделиш искуство? Исто и боба кериер или слинг, само што овие немаат бебето нанапред да гледа, после неколку месеци ( кериер ), па не знам колку ќе биде практично, а мислам би ми вршела работа на почеток, со две деца, барем бебенцето да го носам, да ми бидат слободни рацете...