Не сум купила сеуште, не можев да се одлучам . Моментално користам Ergobaby original, но таа нема опција за бебето да гледа напред. Ми ја позајмија колку да пробам дали воопшто ќе сака да седи во носилка, да не биде џабе фрлени пари. Имам и марама од tuctuc, но потешка ми е за местење и така ми стои.
Може некој предлог од кенгур од кој сте задоволни што се користи од раѓање, сакам да купам затоа барам некој совет на што треба да се внимава. Со марамите ми изгледа многу комплицирано, поедноставно е кенгур. Само да не се тие Еrgobaby, многу ми се скапи.
Марама не е комплицирано ииич, знаеш ама колку се осеќа бебе безбедно во неа и ужива, плус не му висат нозете и рачињата, ќе си го спаковаш убаво и терај.
Мојата ја нарачав од Амазон, иначе гледам дека имаат и Ело на инстаграм тАка се викаат. Јас ја користев до 4 месец, после тоа се става на грб бебето ама не ни пробав, се префрливме н кенгур ама ја носеше само маж ми пошо мене ми беше искрено тешко, кичма немав ама тие први месеци ми заспиваше одма само што ќе ја ставев и шетавме без проблем. Друго, за дома да спремаш нешто, а бебе да спие е топ, така само можев да направам ручек и да се средам (не спиеше без мене).
Mojava si spie vo krevetce ama zaspivanjeto e vo race i ima denovi koga ja maci grcevi gasovi sto i da e i ne mozam da ja spustam preku den vo krevetce se drzime cel den vo race....pa bi mi se nasla. Gi sledam tie elo na insta bas ke poglednam. A i za zaspivanje valjda vrsi rabota, raste bebe tezi na race veke
Јас, пред два дена ја зедов. Уште не стигнав да го клам бебуш да ја пробам, во фаза сум на гледање видеа како да го наместам. Вака океј ми стои материјалот. Огромна е иначе .
Бебе е стално на мене, така и спие преку ден.. Се мислам да ја земам Во кенгур баш и не сака да седи... Ај пробајте па пиши како е )
Јас зато ја зедов, моево исто само во раце сака да е ко ќе е буден и то строго мора исправен за да разгледува, во спротивно вришти. Ќе ја пробам утре/задутре и ќе ти пишам како сме поминале .
Здраво , да ми препорача некој добар кенгур и за бебе и за мама, веќе сме 3 месеци и 5.7 кг си го држиме главчето и се сакаме да видиме.
За почеток што е попрактично кенгур 0+ или марама и какви? Да ми посочите да разгледам, за во случај да сака постојано во раце да имам најдено само да земам.
Јас имам и тоа и тоа, попрактично е кенгур. Марамата дур се изврзеш паника да те фати. Памтам се смеевме со маж ми, вришти ќерка ми, фати он да се мота да ја стави во марама, дур се замота, прекина она, си викаме затоа е измислена марамава, дур се замоташ му здосадило на бебе, само си прекинува да плаче.
И од вас да побарам совет се мислам да купам кенгур имам две мали деца и барам решение за едното за да можам да излегувам со двајцата. Вреди ли да се дадат повеќе пари гледав повеќе модели конкретно https://www.babycenter.mk/mk-freeon-kenguru-6v1-discovery-gray-964423.html или https://www.babycenter.mk/mk-freeon-kenguru-3v1-carry-me-blue-964422.html ваше мислење ? Максимум би дала до 4000 ден веќе од 6000 ден има убави колички Бебето за кое барам кенгур е 1,5 месец само знам дека ми треба кенгур од 0 месеци ама она што ми е важно е да има добра потпора за кичмата да не ми отиде јабана Дајте совет како да го изберам вистинскиот и да не ми бидат џабе фрлени пари и има ли некој што е поефтин, а што брка работа?
Од овие два, првиот. Овој вториот според сликиве не обезбедува М позиција на колковите. Најбитно е тоа, да не му висат нозете, грбчето првите месеци треба да е благо свиткано и секако да има соодветна потпора за твојата кичма . Јас имам на Ergobaby, 360, претходно имав еден од Chicco и нема споредба. Ако сакаш поефтина варијанта види го Ergobaby Embrace, тој е 0+ и е до 11кг (зависи до кога планираш да го користиш).
@Зак од Андромеда Вака од сликиве баш не можам да добијам претстава, како да може да се наместат убаво колковите ама како тие да не го имаат правилно поставено детето. Најубаво со дете на лице место да видиш.