22 годишна девојка брутално претепана и убиена од страна на полиција во Иран, поради тоа што не го носела хиџабот правилно. И после “не морале” да носат хиџаб. Ми се гади!!! Сликава е еден саат пред настанот. Жените во Иран, во знак на протест и поддршка си ги сечат косите. https://kurdistanhumanrights.org/en...-and-tortutre-by-morality-police-in-tehran-2/
Се разбира дека мораат да го носат. Иако многу од нив велат дека тие го носат од желба, сепак пораснати се со тоа мислење дека жените треба да носат хиџаб.
Ама ова е скроз забегано. Во кој век живееме? Ејј уште не ми се верува што се случува.. Според мене сите жени муслиманки треба во знак на поддршка да го извадат хиџабот. Ова мора да престане.
Страшно е ова што се случува во Иран... Уште една млада девојка е мртва. И нормално, џабе сега поединци вадат хиџаб, си ги сечат косите во момент на револт, кога не го прават тоа сите сложно во голем број, и така за жал и оваа револуција ќе биде изгасната неславно како и многу други....
Птотив носење на хиџаб сум и што најмногу ми смета дошле да живеат во европска држава ,а се покриваат од глава до пети,ако им налага верата нека си седат од таму од каде што се,а овие што сакаа да го извадат им давам целосна подршка за тоа.Прв пат кога стапнав во Данска се исплашив од тоа што видов,три стари облечени скроз во црно оф глава до пети само очите им се гледаа,беше приквечерина,страв да те фати,ужас,а инаку да не бидам погрешно сватена почитувам секаква религија,меѓутоа забулуј си се дома или во џамија,оutside-категорично НЕ
А сериозно страшно е тоа коа им се гледаат само очите барем лицето треба да се гледа од кај да знам дека тоа не е некој лопов или силувач што се маскирал ко муслиманка.
Ако се гледа така, ти не требало да излезеш од Македонија. Ако си против носење хиџаб и бурка, не почитуваш секаква религија.
Не мора да значи дека не почитува, Еве ја ислам ко ислам го почитувам, ама некои работи кај нив не ми се допаѓаат и не се слагам со нив. Од типот на ете, носење хиџаб. зашто ако јас можам да одам по шорцеви на 40+ да не можат и они? или да се бањаат во купачи ко секој нормален човек. Нели се и они луѓе и заслужуваат акомодација? а сигурно не е пријатно да се бањаш со шаршаф, па уште и мокар да ми седи да ми држи ладно..
Не верувам дека некоја жена би сакала да носи хиџаб на 40+ степени во лето. Но, пораснати се со таа идеологија и нормално, велат дека сакаат да носат и дека никој не им наметнувал правила за носат.
Некои членки поназад не го сфатиле убаво кажаното.Тоа дали уште им се наметнува носење хиџаб на муслиманките или не, зависи од државата во која се наоѓаат и влијанијата на други луѓе и времињата. Многу стереотипично ги гледате Муслиманите. Не се секаде исти.И во една иста држава не се исти. Има многу кои им оставаат на жените во нивните фамилии сами да си одлучат дали да се покријат. Добро би било да си ги апдејтирате сфаќањата.
Да де... и јас сум агностик, ама пред црква ко ќе врвам, ми иди да се прекрстам. Вакви длабоко вкоренети навики, тешко се одучуваат. Не е проблем хиџабот, ако го носат оти сакаат. Проблем е ако мора да го носат.
Да, тоа у Европа, шо сме неколку века поназад. А на Исток? Еве девојкава у Иран шо умре, шо ти кажува тоа? 22 години имаше чоек. Година дена само постара од мене. Јас летово не облеков нешто подолго од шорц, кроптопи се изнаносев, на плажа по купачи се пржев со месеци. Смеам да праам што сакам,.додека на другата половина умираат ради ебан хиџаб. Фер ли е? не е
Не е фер. Не е Европа поназад, овие шо ги кажваш се поназад. До 1978ма Иран беше демократија. 'Наеднаш', од демократија, стана Шеријат. То е ко ќе аплицираш закони од пред 1500-2000 години, во денешницата.
Па најмногу од нив го носат зашто мораат. Така се пораснати, во семејството секогаш се збори дека женското мора да носи хиџаб, никако сексуални односи пред брак, додека на машкото се му е дозволено, и нормално дека женските ќе речат дека не им е наметнато, туку тие така сакаат, зашто пораснале со таа идеологија.
Абе и кај 'нашите' има опресија врз жените. Колку има што молчат и ќутат, а се во насилни врски... баш поради тоа што се учени дека е 'срамота' да се разведеш. Дајте да го средиме то, после ќе мислиме на хиџабот во Иран.
Проблемот е што некои мислат дека насекаде им е наметнато, а не е. Наметнувањето е поприсутно на Истокот. На Европското тло се поосвестени и голем дел имаат прифатено дека треба да е избор на жената.
Имаше вакви кампањи во МК од 'озлогласениот' Сорос. Мисли глобално, делувај локално. Само кој да го слуша.... Прост народ, Македонија вечна да ЈЕ! То оти ги интегрираат, а не ги остризираат. македонците се расисти, националисти, хомофоби, исламофоби. Сите не чинат, само ние чиниме.
Не мора да се почитуваат религиите безусловно. Ехее на светот колку религии има, ама ни една не добива толку специјален третман како исламот. Никој не смее ништо да каже против него. Факт е дека хиџабот е опресивно средство. Заради него во моментот во Иран се убивани жени. Тоа е акутелно ама е само уште еден настан во низата на работи што милион жени ги трпат заради верата. Тие што викате дека сами си избираат, да има такви, ама се многу мал процент, и тоа најчесто се богаташки од Запад кои не се ни растени во многу патријархални семејства. И ај само шамијата ќе ја сварам некако, ама оние што се целосно забулени и им се гледаат само очите? Тие се радикални и радикални верници не сакам од ни една религија.
Причината што некои земји во Европа забранија целосно покривање на лицето не е оти не покажуваат почит, туку за да не може некој тежок криминалец слободно да се шета покриен или да можеш да одговараш ако направиш нешто. Каде и да си, во јавност, во банка, на аеродром и било каква институција, да ти се гледа лицето на надзорна камера и пред службени лица. Оти да, апсолутно мора да ти се гледа лице пасош или лична карта ако приложуваш негде. Не сум сигурна дали ти одбиваат услуга ако ти е покриено лицето во банка на пример ама потполно се согласувам ако имаат такво право.