тачно, затоа постои про гре си ја. башка дефинитивно, која религија и да си, едно е да живееш во Европа, едно е во Азија и близок Исток. нашите мозоци и нашето нормално, не е исто со нивното. Јас не знам само ОН што прават и чекаат.. и не сфаќам зашто во тие земји уште живеат у 19, 20ти век ко на Голи Оток да се нема мрдање од слепа точка
Реално, никој не можи ништо да напрај, оти додека не се смени локалната култура, ќе го сфаќаат како отпор спрема нив лично.
не ме интересира бе нека ги натераат да отворат Устав, ако уопште имаат. и нека ги нормализираат уше колку девојчиња треба да умрат за да изреагира некој? нека поштуваат религија нека ја практицираат, никој не им брани, ама нека не забегуваат пошто тоа е болно. кај нас еве има баби што идат со шамии, па дури и у црква.Другите шо не носиме шо? помалце верник сум? и во црква кога одам не носам, па ниеден поп не ме вратил или да ми рече нешто. крст не носам на вратот, па никој не ми рекол ,,ааа ти не си верник, немаш крст’’ ја може Господ у душа си го носам од кај знаат? да не смеат у школо да идат у 2022 година? не ме заебавајте не може да ми каже некој дека е тоа нормално и крај им го отупуваат мозокот на жените, и утреден нема да може да се објаснат
Тие земји беа напред се додека чизмата на западот не одлучи да згазне за да рашири демократија. Една Сирија имала повеќе туристи од Австралија. Радикалниот ислам е само одговор на западната доктрина кон блискиот исток (да не збориме дека истиот е користен и зајакнат токму од западниот свет, пред да им го сврти грбот). Така да, ОН требало да реагираат кога овие решиле да им пуштаат бомби, а не сега. Сега треба самите да си ги решат проблемите, инаку никогаш нема да имаат заеднички јазик.
лелеле сеа ќе почнете да мешате лонци сеа други ќе се криви. прво овие сиротиве, за секуларизам не чуле. Тие златните немаат Устав или нешто, него по Куранот се водат и шо ќе рече Куранот, тоа е. тоа не е добро, Куранот е напишан пред 2000 години, исто ко Библијата, не можеме и после 2000 години баш се` да црпиме од таму и да се водиме по тоа ако сакаме модернизам и прогресивност. не за џабе порано имало движење модернизам и постмодернизам. Ај ќе речете ние младите паламудиме, интернетот ни` го пере мозокот итн, а порано? ако им текнало дека сакаат да мрднат од слепа точка? коа го спомна туризмот у Сирија. https://www.worlddata.info/asia/syria/tourism.php рамна линија пријателе Од исламски земји, докажано е дека Турција, Мароко и ОАЕ се најпосетувани земји. А Турција е бајдвеј прва секуларна држава у светот. https://www.theveiledexplorer.com/best-muslim-countries-to-visit/?_thumbnail_id=11043
Ни се гледаме, ни се познаваме, и како знаете кој од кого е помодерен? Да, модерни се кај нас муслиманските во однос на тие таму Иран, Ирак.
@Feminka22 извини ама @Ajronmen е во право.. Како што УСА уништи цели држави под велот на "борба за демократија" никој не уништи..
Абе дома снаа и свекрва не мот да се договорат, цел живот очи си копат... две се! Само две! Замисли да треба да премислиш милиони луѓе...
Во Иран најголем број се Шии, Шиизам (секта) тие се представуваат како Мислимани тие го признаваат како Пророк Алија внукот на Мухаммед а.с.Тие се насилен народ ги убиваат и Муслиманите Сунити.Шиите кога слават некои празници одат по улици самите себе се камшикуваат до крв, викаат, плачат.Различно се молат .Ние сме Муслимани Сунити го следиме Сунетот и пророкот Мухаммед а.с.Нашата вера не е насилна и присилна.Како што некои цитираа ама кај нив мажот може да има 4 жени.Да може да има но, ако првата жена се согласи и треба он да е материјално ситуиран да може сите исто да ги издржува.Ако ние сме лоши како вера како луѓе, зошто се мешате со нас одите со Албанци,Бошњаци.Кога се земате со наши самите сакате и името да го смените и марама да ставите.И кај нас во Исламот постои развод и е дозволен.Ние склопуваме Никках Шеријатски брак и имаме право да бараме Мираз(свадбен подарок:злато, пари,некретнина) и да дојде случај за развод мажот мора тоа што е запишано да го даде на жената. А кај вас што ви даваат мажите делите само што сте стекнале судски.Кај нас хиџабот е верска должност.Дома може што сака да облече жената и без хиџаб да е, ама пред непознати мажи,братучеди и мажи што се подалечна фамилија мора да стави хиџаб и абаја и надвор кога излегува.Народ како народ има секакви со однесување, со размислувањеИ престанете да вреѓате усмрдени за покриени со хиџаб,а вие вака поразголени не се усмрдувате мислам на цвеќенце мирисате.И вашата вера ви налага марама да носите, да не пиете алкохол, да не јадете свинско месо.Колку има кај вас во црква што одат марама на глава, мини сукња и деколте разголено.Зошто вака не се бунтувате кога Американците и Русите во Исламските држави ги убиваат жените и децата нели и тие се христијани ваши се тие.Овде некоја Муслиманка нема ли право да изнесе свое мислење без да биде нападната, што треба да читаме како некои навредуваат?
Е за ова имаш мој наклон до под. Иако не сум некој верник, не одам во црква ама кога одам следам правила.. Аферим за се што напиша, ама ова ти беше точно во целта. Дома имам и Q'uran и Библија.. Исти начела, исти животни филозофии..
Темава е за актуелнава ситуација што се случува во Иран, значи млади девојчиња не само што немаат право на избор дали ќе се верници, дали ќе се покриваат, како ќе се облекуваат туку и биваат убивани поради тоа, а вакви ситиуации има и во секуларни земји и на Балканот и во Македонија, девојчиња родени во традиционални семејства кои немаат избор, кои мораат да се покријат, мораат да следат правила, ако ништо повеќе не можеме да направиме барем малку емпатија да изразиме посебно како жени, и Турција е муслиманска земја па еден куп јавни личности и обични луѓе изразија осуда за настаниве, солидарност, организираа протести само вие муслиманкиве на фемина наместо да покажете емпатија си ја сфативте темава како личен напад, па споредби кој имал избор како да се облече, кој е модерен, кои се убавите работи во Исламот, да среќни сте што вие имате избор, но многу го немаат и тоа не мора до Иран да одиме и тука кај нас се случува и треба да се крене глас против тоа, посебно вие како муслиманки со право на избор, треба да се залагате и другите да го имаат тој избор, зошто облеката не те прави помалку верник и лош човек, а верата исто така треба да е избор дали ќе веруваш и како ќе ја практикуваш.
Точно пишуваш, во вашата вера носењето хиџаб е обврска. Дали тоа значи дека жениве во Иран не треба да протестираат?! Ако е обврска како не е присилна верата? Обврската е присила. И не знам зошто има потреба за контра напад??? Каква врска има со наметнување и носење хиџаб со носење марама и деколте при посета на верски објект кај нас?! Вашата жена е деградирана не смее да писне во муслимански држави ко Иран,Ирак ,Саудиска Арабија….и место да се ворите против тоа,вие споредби правите. Неспоредливо е. Жените кои не се муслиманки имаат слобода,нит мора да бидат вернички,може да бидат агностици или атеисти. Вие можете? Не! Затоа и дигнаа глас во Иран.
1.Со минич може да идат сељанки со 0 поштовање. Не ни смеат да влезат. 2.И јас идам без марама во црква.Никој не ме вратил. 3.Свинското е забрането да пошто е прљаво 4.Алкохолот не е.. Самиот Исус водата ја претворил во вино
Западот продава хуманост и си го пика носот кај што не треба. Иран е муслиманска земја и треба да си се развива по својот природен тек, нема што Западот да ги еманципира, тоа е продавање муда за бубрези и не е од љубов и хуманост. Да, против насилство сум, но насилство е и да му наметнуваш на некој да го отфрли сопственото верување.
Општоприфатено мислење е дека на западот се му се може и нив се им се простува. Тоест кога тие дејствуваат тоа не ни се сматра за нешто лошо а не па да им се простува. Така е задоен народот просто. Зависи во која црква одиш, во некои и геј бракови венчаат. Ај да не паметувам пошто не сум баш баш религиозна ама имам слушано онлајн предавања од теолози, и сакам да ти кажам дека алкохол е забрането и во христијанството. Во првобитниот превод се споменува вино ферментирано кое не е за пиење и сок од грозје кое всушност е ок да се пие. Зависи на која христијанска група припаѓаш, сите ја кројат библијата онака како што им одговара./ Пример во Библијата никаде не пишува дека не треба да се убива пишува You should not murder a не You should not kill, тоест тоа е најточен превод бидејќи замисли доаѓа до ситуација да некој те нападне или војна, нормално е да убиеш доколку твојот живот или животот на некој близок е во опасност.
Христијанството подеднакво проблематично? Не сум ја читала Библијата иако претпоставувам има многу забрани, посебно за жената, кои соодветствуваат на времето во кое била создадена. Меѓутоа, во моментот, како Христијанка, не се соочувам со никаква забрана од страна на религијата. Едноставно религијата ја гледам само како душевен мир и верување дека постои “некој над нас” кој не води низ животот. Најпросто кажано. Исламот е даалеку порестриктивна религија која сеуште се води по законите на некои даалечни времиња во кои настанала. Најголемите екстремисти се муслимани. Терористите се муслимани. И со ова не велам дека сите муслимани се исти, далеку од тоа, да не се разбериме погрешно. Ја би да се забрани скроз носење на Хиџаб, посебно на онаков што ги покрива од глава до пети. Прво, носењето Хиџаб ми е скроз потценувачко за жената, таа е онаа која мора да се крие и покрива за машкото височество да не ја нападне као да е диво животно. Второ, не изгледа убаво едноставно, не знам како да се изразам. Додека живеев Скопје се погодував во некој број на автобус само со муслиманки, сите до една завиени во црно, не ми беше ич пријатно..
Имам дискутирано со муслиманки на оваа тема, некои носат поради семејството некои своеволно дури и горди се на тоа, на некои им е онака, не обрнуваат внимание. Тоа што го покрива цело лице е бурка и воопшто не е исламска традиција туку произлегува од екстремистички групи и тоа од скоро. Барем така имам слушнато.
Поентата на твоето мислење е...? Каква врска има христијанството во тема за носење хиџаб? Да, има препораки да се покрива главата, од горе доле истите(мизогинистички) причини како во исламот. Но дали има христијански земји и традиции кои масовно им налагаат на уште мали девојчиња да го прават тоа? Нема. Затоа не е ни релевантно да се внесува христијанството во дискусијата. Второ, каква врска имаат и парите и разводот со темава? И ти и членките што ти ја лајкнуваат препрочитајте го овој дел, баш е сумирана поентата на сѐ ова што се пишува тука: