А како сакаш да читаме и да прифаќаме ваши коментари, што вреѓате нечија вера и што пишувате невистини.Во Исламски држави владее Шеријат и тоа им е на нив закон според Кур'ан, нема менување таму закон.Никаде нашата жена не е деградирана.Кај нас е дозолено и образување и спортување и многу други работи.Да, па од толку избори што имате слобода ќе гледаме и Содома Гомора,проституки по улици што секој се иживува над нив,педофилија,крадци.Ова го има ли во Исламска држава? Ама пак ќе речеш не ние имаме слобода.Сигурност никаква немате во други теми читаме за насилства,варање,убиства,манијаци.
Објективност не вреѓање. Не е деградирана?Никаде?! Ни во Саудиска Арабија ? Авганистан?! Каде жените мора да имаат старател кој ќе дава дозвола за брак или развод,операција,патување,отварање банкарска сметка,па не смееја да возат ,а ти зборуваш дека никаде жената во Ислмот не е деградирана? Па и кај нас е. Имам комшивки кои сеуште одат три чекори зад мажот. Друга комшивка/девојче ми се отру зошто ја омажија за 30 год. постар човек. Трета ја извадија од работа и седи дома забулена,а професорка беше. Како не е деградирана! Педофилија,насилство крадци нема во исламски држави?! Па девојчиња бре земаат за жени без да ги прашаат. Можеш да избереш да бидеш атеист?
Ахахаха немој молим те колку ги има со минич што влегле и тоа како влегле.Све од тоа ви е забрането, неможеш да ме разубедиш.
Џабе се објаснуваш таа се знае. Еве се имаше изјасното: Само затоа што таа имала искуство, се видела, чула таа сѐ “знае”. Вие што од мали сте учени за вашата вера поим си немате.
Значи проститутките се виновни што се изживуваат над нив? Како не е деградирана жената? Во сите религии е, но најмногу во исламот. Прво мора да се покрива, да носи хиџаб, за да не ја гледаат другите, мажот нејзин, може што дака да прави. Второ, еден маж може да има повеќе жени, но ако жената има повеќе мажи, тогаш тешко дека ќе преживее таа жена, сигурно би била убиена. Трето, за се одлучува мажот и се прави како што сака тој, секогаш жената е подоле од него.
Имаа врска па да ви се објаснат некои работи.Зошто не е жената со хиџаб како сакате да ја представите и нашата вера. Ептен се насекиравте за Муслиманките.
Содома и Гомора не се групни силувања на малолетни девојчиња во исламска држава? Џабе нема проституција ко жените полошо од проститутки се третираат. Во црква се влегува како сакаш, има правила ама види дали на венчавка ги почитува некој пример. Со деколте, фустани кратки итн. Нема поп да ги убие жените што се така облечени, ниту полиција верска.
Па третата ставка е застапена и во патрихијалните христијански семејства каде мажот е глава на куќата,а другите негови потчинители. Зарем не?
На крај ќе испадне поради сосем трето се убиени а не поради тоа што не ја носиле марамата правилно зашто така залага законот и куранот.
Не не ми ставај твое мислење дека мислам на тоа дека проститутката е виновна.Вашите мажи се виновни не е она.Така она живее во таква слобода и има таков начин на приход, но ете некој после се иживува над неа физички или потоа многу ќе пишат си го барала или ништо не и е .Кај се нејзините права?Јас имам објаснето како мажот може да има повеќе жени.А жената ако е разведена да може повторно да има маж.Гледаш џабе пак не можеш и покриена е и има права.Ај чао!
Јас не сум крива што толку не разбираш некои многу едноставни работи.....секако нема да се трудам пак истото да ти го пишувам, многу членки објаснија и поубаво од мене.
Па не е толку застапено како во исламот. Исламот е во најголем степен патријархален. Сите религии се до некој степен патријархални, но најмногу исламот.
Што одговор да очекувам од личност која ги смета сите за глупи, а себе за препаметна. Земи читај Куран, Библија едуцирај се па дојди ќе збориме
Како не е застапено? Застепено е и те како,за тоа жив доказ ти се приказните на членовите низ форумот.
Се покривале и во христијански семејства порано. Де отидете во некое село кај што има постари жени, 80-90 години. Бабами носеше шамија. Разликата во Куранот и Библијата е тоа што на нас Исус е Бог за нив е пророк. Се друго е исто, горе доле со некои нијанси.
Што да се едуцирам бубаче? Дека треба да се покриеме за да мажите што не можат да си го контролираат нагонот да не не силуваат?
Да се едуцираш за куранот и начинот на која земја го велича и дека има огромна разлика. Маж ако сака да те силува ќе те силува и непокриена. Не извртувај како ти одговара.
Па не е. Не се сите исти. Во христијанството нема никакви проблеми да прават ако имаш секс пред брак, но затоа во исламот да. Во христијанството никаде не се вели дека мажот може да има повеќе жени. Исто така никаде не пишува дека мора да се покрива жената. Се ова е застапено во исламот.