Стварно групни силувања таму што читаш негде по Индија и негде уџум места што ни на мапа ги нема.И да се има десено се знае тие како завршуваат што ќе го сторат тоа.А тука каков е законот на силувачите година,две и надвор и пак ќе нападне.После барате кастрација,барате смрттна казна.Ама зошто еве во Шеријатот го има закон за смртна казна.
Како нема проблеми да прават, кога милион млади девојки се кријат од сопствените родители за секс. За останатото се сложувам, меѓутоа дека во христијанството не се носело шамија не е точно. Мајка му на Исус Христос секогаш носела шамија. Постарите генерации исто. Подоцна со развојот на годините прерасна во моден детаљ.
Доказ за тоа е убиствата што се случија оти не е деградирана и е многу ценет нејзиниот избор. Ако не е деградирана зошто беа тие протести,м?
Не! За секс пред брак, да, но нормално никој не се придржува до тоа, но НИКАДЕ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО мажот да има 4 жени, како КАЈ ВАС.
Епа важи ама никој нема да те убие ако не си невина на прва брачна ноќ. Патем кај нас чаршавот со крв не се изнесува за сите да видат дека невестата е невина
Воопшто не извртувам како ми одговара туку ти кажувам што е целта на покривањето. Отвори си прочитај си, едуцирај се која е намената на бурките.
Закон срцка.Да ти даде на тебе закон државата @forumce мора да излегува покриена како ќе правиш ти? Ааа не било сигурно.Било и тоа како ако не 4 сигурно 3
Фала Богу на оваа тема имам многу да пишувам ама оставам на тој што ми вика да се едуцирам да паметува како се знае.
Сега што си подобра ти од оние што велат ве напаѓале вас? Упорно велиш нема силувања, кражби и слично во муслимански земји. А да те прашам вака: Што се случува во Косово? Машала цвета бизнисот со дрога, проституција, трговија со органи. Ама не, Србите ваљда го прават тоа. Дубаи оние шеиците милионерски немаат швалерки разни старлети кои ги опсипуваат со богатства? Во Саудиска Арабија не им сечат раце за кражби? Никој вас муслиманките не ве нападна овде, повеќето од вас сте модерни и современи, образовани, пиете алкохол, излегувате без ничија дозвола и сосем легитимно си е тоа. Ама муабетот е дека таму некаде во Иран, Ирак, Саудиска Арабија жените и девојките водат никаков живот, не само што ги убиваат, туку буквално им ги раководат животите и до најмала ситница....
Очигледно ништо не знаеш за христијанството, па само напразно се спротиставуваш. Никаде не е дозволено еден маж да има повеќе жени, во исламот е дозволено. Ако мажите и жените се рамноправни според исламот, тогаш зошто и мажите не носат хиџаб о зошто жените не можат да имаат повеќе мажи?
Како тоа ние се обидуваме да ја претставиме? Зборуваме за нечија реалност во друга држава, жени да се убивани зошто не следат некое верско правило нели ви е жал за тоа или за да си ја одбраните религијата и убиство ќе оправдувате, а никој не ја напаѓа религијата како религија, во сите религии има и некои убави работи и некои лоши практики. Зборуваме за основни човекови права, да имаш право на избор дали воопшто ќе бидеш верник или атеист, и ако си верник и веруваш дали ќе ги следиш сите правила или не. Ако во тие муслимански земји е поубаво и побезбедно зошто не живеете таму? Еве да бевте таму ќе немавте да имате избор да бидете модерни муслиманки кои што носат кратко туку ќе бевте или покриени или убивани. Затоа е овој револт и гнев, затоа и муслимани, а не само христијани излегуваат со осуди за случувањата и солидарност кон тие жени.
Ааа за сега ми збориш дека не е страшно, ама порано сигурно така било ако не била невина.Да, де не се изнесувал ама затоа свекрвата чекала пред врата и да влезе да види имам пријатели многу Македонки и знам што ми имаат зборувано нивните баби.
@ZAHRA, дали ти би сакала сега да живееш во Иран? Остај филозофирање на форум во земја каде ништо нема да ти се случи ако излезеш без марама. Иран, да или не? И немој многу ваши, наши мажи кога не толку одамна во Косово групно беше силувано 11 годишно девојче. Чудовишта има од сите националности, од сите вери.
Баш ме интересира како завршуваат тие што силуваат во брак? Ау да, никако, затоа што силувањето од сопругот најчесто не се зема сериозно.
Полу се сложувам со тебе а полу и не. Затоа што сум била на секој можен дел од спектарот (верски) можам да кажам дека има екстремни казни за некои ствари, но жената во исламот секогаш ќе е на последно место. Религијата е во раце на мажи кои не оставаат жената да каже збори инаку ќе ја каменуваат/убијат. И не ми се верува дека кажа дека жените имаат права? Најосновниот и наједноставниот пример што јас ќе ти го кажам е, дека кога жената ќе може да оди во џамија на молба во исто време како сите мажи внатре, јас ќе имам надеж дека можеби еден ден жената ќе биде почитувана од самата религија. Исто и за христијанството и сите останати религии каде жената е под моќ на одредени правила. Никогаш нема да почитувам ништо што не ме почитува мене.
Ха да, сигурно. Но, ние збориме за сега. Во муслимански семејства тоа СЕГА (во 2022 година) се прави!