Уште ќе правиш филмови Захра? И ќе споредуваш неспоредливо. Како е возможно да како жена мислиманка одобруваш омаловажување на жени,ускратување на основни човекови права?! Како?
Мојот животот нема никаква врска со темава,ниту мојата нашетаност. Одамна сум разочарана од поединци на форумов па не изнесувам јавно. Моето мислење е најмал проблем за вашите прашања и ставвиви и баш ме заболе што мислеле луѓе без работа и што чекаат плата од маже,а овде ми дебатираат за права на жени во Иран. Еве ви во кои земји се носи хиџаб The garment has different legal and cultural status in various countries. In the Indonesian Aceh province, Muslim women are required to wear the hijab and all women are required to do so in Iran and Afghanistan. In countries such as Saudi Arabia, the hijab is not required. Зошто сте се фатиле за Иран,зошто не се фатите за Авганистан можеби. Друго, муслиманките се попристојни за разлика од вас кои си зимате многу за право. Жалам што прифаќањето на вистината не ви оди од рака впрочем тоа не е мој проблем. Уште кога започнала да постои таа држава со таква власт не требале да останат во неа. На крајот имаат право да одлучат. Толку од мене на темава. До утре сабајле сакајте зборете, мојот став е тој.
Најкултурно ти се обратив и ни најмалку иронично. Да, муслиманките во моја околина пијат алкохол, излегуваат разголени, се дружат со кого сакаат и прават што сакаат, и ко што кажав легитимно право имаат на тоа. Не го плукам Косово, само ти направив споредба затоа што тврдиш дека во муслиманските земји немало криминал. И кога сме кај Косово, не мешај католици, добро знаеме кој владее таму Да да, ги гледам колку носат марами старлетите во Дубаи, инстаграм пука од голи слики, а ваму шеиците наметнуваат двојни стандарди. Ја изнаплука Македонија, а овде живееш, слободно пресели се ако не ти одговара за живот, ама ваква слобода никаде нема да најдеш Не знам зошто го испревртивте цел муабет и почнавте со напади, кога темата не сте вие кои имате слобода, туку угнетените жени таму некаде низ светот....
Жена што не ѝ даваат да работи, не може да гласа, да вози кола, со кои пари и можности ќе замине? Оти фала богу треба пасош и документи и слични работи. Освен ако реши илегално да бега ама казната...знаеме што е ако ја фатат.
Да се буниме. Ај не врти ти многу воденица таму на твоја страна.Не ми кажувај ти кој одобрува омаловажување.Објаснив убаво дека и нашите Муслимани се борат со тие Шии.
Залудно е да се води дискусија со вас, на какви работи замижувате само да си оправдате религија, разочарувачки. Кој не го осудува и тоа што го прават Американците и Нато, па и ние од нив страдаме. И кој е против вас само затоа што сте муслимани, кој не ве прифаќа? Зборуваме за немање право на избор, за убиства .Вие имате проблем што сфаќате нешто како личен напад и по секоја цена браните лоши традиции и убиства на млади жени користејќи споредби без смисла и надвор од темава. Жално и разочарувачки, пак ќе речам ако е толку убаво и безбедно во тие земји одете таму, некој е тука со заврзани очи и замижува да, но не ние што изразуваме емпатија кон тие жени.
Аууу тебе ќе те прашам дали да се преселам .Сами вие си ја плукате Македонија и бегате од Македонија и дадовте двојазичност.
Абе види, тебе така ти изгледа, тие ако го знаат твоето верувување во ЛГБТ+ ќе речат ебати верувањето, за тебе е слобода, за нив разврат, за нив е религија, за тебе ропство. Главно, не гледам зошто да им се мешаш што прават во нивна земја. Да се во Мкд, да, да ќе ми смета, ама Иран си е своја автономна држава, нека си прават што сакаат.
@ZAHRA ај сега не врти муабет дека муслиманките се светици а христијанките грешници.. Ај те молам тие филмови не. Факт е дека ако некоја сака по своја воља да е покриена и да живее по тие правила, ок секоја чест почитувам, ама кога бурка/хиџаб тежи како олово зашто е наметната е извини не подржувам па колку сакаш давај ми примери вака онака..
Каква врска има ова со темава? Биди среќна што живееш овде со секакви права што ги имаш. Жените од твојата религија не го имаат тоа право во некои земји. Државава не ти чине. Ваква слобода никаде нема да имаш. Срамота
Па ти одобруваш.Јас не те прашав за Шиитите. Ти ,Велиш жената во Исламките држави не е деградирана. Тоа не е вистина.
Не кажав јас дека тие се светици, а христијанките лоши. Јас луѓето не ги гледам по вера,раса и избор.Почитувам се ама ако збориме за верата кажувам кај нас што е дозволено,што не и што знам и кај вашата вера како е.
Знам јас се што е дозволено и што не е кај вас, а знам и како се живее реално.. Така да не ми кажувај бајки дека сите жени муслиманки живеат по вера. Оние кои одат на учење на Кур'ан да, и тие се и покриени, а другите се сосема различни и не се покриени. Фала богу кај нема секти да убиваат жени како во Иран.. Она бре не е нормално.