Сите кои сте муслиманки, не го доживувајте коментирањето на темава како напад. Не е напад кон вас, туку за тие забеганите во Ирак, Ирак, итн. Вие сте си наши. @ZAHRA во времето на нашите баби не ги убивале Македонките кои не биле невини на прва брачна ноќ, туку имало адет, ако не е невина, ќе ја качат на магаре, и даваат страк праз, и ја шетале низ селото, да знаат другите дека се посрамотила. Но, таму каде биле луѓето помирни, или дечкото ја сакал девојката, си премолчувале, си ја прифаќал иако не е невина, не се бунел и немало обиколка на магаре со праз. Мој колега Бошњак муслиман се исмеваше со тоа каменување и камшикување кое се применува во исламските земји. И со носење шамии се исмеваше за пејачки од Азербејџан кои на Евровизија пееја забулени. Да бевте во Иран, немаше да пишувате на форум со „каурки“ па да ве „расипуваат“ со својот неморал. Се шегувам ова, не се лутете. @buba4e89 одамна те знам дека си муслиманка, ама никогаш не си пишала што си по националност, енигма си ми во тој дел. Да не си Турчинка?
Ама дома си е дома Овде се шетам у шорц, искачам со машки, седам до 1-2 надвор, искачам без пратња, носам рамбовки, идам на факс, си носам купачи какви шо сакам, пушам цигари, пијам, идам на забави
Не бе ич не се дегарадирани Women in Iran have been jailed for "singing in public, or publishing their work on social media". According to Amnesty International women in Iran face "discrimination in law and practice in relation to marriage and divorce, inheritance, child custody, nationality and international travel".
Живеете во Македонија, пишувате дека тука сте се образувале, работите, пишувате на „каурски“ форум, а го браните Иран. Би требало да го напаѓате. Убаво кажа @forumce, засрамете се, не не терајте да мислите се и сешто за вас. Во Иран да бевте, досега сонце дали ќе видевте. Тепаат и убиваат ако им се кефне. Седете ти тука, кај нас е убаво, ние секому даваме права.
И кога пишувате "И ние муслиманките се облекуваме модерно, одиме на работа" сфаќате дека тоа е само зашто сте имале среќа да се родите во држава во која исламот не ги управува законите? Онака барем малце сфаќате?
Факт е дека во Иран, хиџабот се наметнува “директно”, со тоа што ќе те казнат/убијат ако не го носиш. Ама факт е дека и тука кај нас, ете со чест на исклучоци, хиџабот е наметнат “идиректно”. Како што и мене ете, како христијанка, ми било уште од мали нозе, наметнато да се крстам пред црква, да одам во црква, да постам за празниците и сл. Да, никој не ме натерал “директно”, ама тоа едноставно ми било наметнато од луѓето околу мене кои го практикуваат истото. Живеам во близина на едно место, со 9-10.000 жители, доминантно муслиманско население. 99% од жените, и девојките откако ќе се омажат таму носат хиџаб. И не е дека буквално мажот, или некој друг ќе им рече “еј забулете се”. Нив тоа им е вградено уште од деца, дека жената треба да биде со хиџаб, и поради тоа, сами “сакаат”, така се воспитани од мали. Нормално е едно мало девојче, кога ги гледа мајка/баба/тетка/сестра му (а и буквално сите жени во околината) со хиџаб, и тоа да посака да стави, сите се огледуваме на нашите родители и блиски. А и кога сите во околина ти се такви, едноставно за да се вклопиш и слееш со масата, и ти го правиш нештото. Оти ќе те гледаат на криво, ќе бидеш “црната овца”. Така да, врти сучи, на повеќето, и кај нас, им е наметнато од околината, можеби индиректно, и несвесно, ама сепак наметнато. Пак ќе кажам, чест на исклучоци.
Кога веќе се фативте да правите споредби со христијанството, има една реченица од апостол Павле, вели: Се' ми е дозволено, но не е се' полезно. Захра, толку лично сфати како напад врз религијата на која припаѓаш, почна да си ја браниш и да ја вртиш топката на друга страна. Никој не ве нападна вас муслиманите туку муабетот е дека се' додека постои избор дали ќе се носи хиџаб, во ред е, ама тогаш кога нема избор туку е наметнување, тогаш не е во ред. Закони не треба да се водат според религија. Христијанството било вакво, онакво, неморал, преголема слобода, Содома и Гомора, да, има секакви, и добри и лоши, ама кога некој ќе убие некоја христијанка затоа што не била покриена или некој што се исмевал со Исус Христос или било што што е против христијанството, тогаш врати се на темава и споредувај. ШугарХони, велиш постари жени се покривале, со тоа само ја покриваат седата коса, и ден денес баби го прават тоа, не ни има врска со верата. Без врска работи напишани во темава, само поделби на наши и ваши а никаде за солидарност и за правата на жените во исламски држави.
@forumce муслиманките кај нас не се свесни колку се среќни што се родени во држава која не е Иран, или Авганистан.. Па можат и да учат, и да работат и се.. Дали ќе носат хиџаб, бурка или не.. Имаат избор и никој не ги гиба..
Ама никој нема да ме убие ако отидам и непокриена. А @SugarHoney пишуваше за 80-90 годишни жени кои секаде носат шамија, не во црква, затоа и' пишав дека не е тоа до религијата што налага, прочитај поубаво пред да пишеш.
Пред еден век де. Тоа е поентата шо овие уште живеат у прошлиот век Тоа збориме ние Не е дека мрзиме ислам, мрзиме хиџаб и ред други работи, него пошо се задртени и затуцани. Која е поентата на хиџабот освен шо ќе им олесни да може и со маслосана коса да искочат и да не види никој? Као да не ѝ го гледам вратот ама да ѝ ја гледам фацата? Па така ќе ја запамтам некоја ако сакам и шо? или ете реков, ако има убави очи у очи ќе ја гледам. Абе некој ако сака да ги гледа ќе најде како. Ја гледам баби (наши) шо уште носат, тоа им е останато, и млади девојчиња имам видено.Баш за Велигден годинава видов, млади девојли во црква беа со марама, надвор си ја извадија. јас пример не носам. Ама секогаш одам пристојно облечена. Исто како во секоја институција. Ниеден поп не би ме вратил заради марамата.
Абе пред еден век е на баба ми времето. Шо ви се чини, колку е? Хомосапиенсот постои како врста сто илјади години. Шо се сто, во однос на 100.000? *Ми текна... На Александар Македонски се радват луѓето. Пред повеќе од 2 илјади години живеел. Библијата е пишувана пред 2000 години Персијското царство било пред околу 7000 години
Не Туку за секоја промена треба време. Ако се 100 години позади нас, ќе им требаат најмалку сто. Ние сме околу 50-100 години позади Скандинавија.. да речеме...