Добива специјален третман од безбедносни причини. Глобални безбедносни причини. Исламот во Средниот Исток е радикализиран. И то, делумно, поради акциите на САД. Не се толерантни, баш поради опресијата и колонизацијата од западот, која им се случува со децении. Треба да се воспостават дипломатски односи, за да се реши то. А не ко американцине и русине, секој втор 4 ти јули, нова земја ќе инвадираат ко несалам. Глобалното општество функционира како еден организам. Секој од нас е клетка во него. Сликата горе е производ - рефлексија, на она што се случува доле (внатре) Треба да се организираме 8.000.000.000 луѓе. Двајца ќе се отепаме дома, а до 8 милијарди уште колку има?
Јас каков хиџаб имам сега за во Дубаи да носам, сите околу мене ми велат дека преубаво ми личи, може еден ден би се покрила иако сега се носам и кратко и тесно, помодерно од тука вас некои Значи наш избор е, буквално во мојата фамилија една покриена жена нема, не терале како не
Абе сигурно има во вашите такви шо ги тераат да носат хиџаб, исто како шо има во нашите шо им бранат еден куп работи на сопругите. То е до родовите улоги, не е до религијата.
Убави се, ама историјата зад тоа е деградирачка и нема никад да поддржам женско да се завиткува. Имаше видео на тикток, жена со бурка како вика "да се нормализира носењето бурка затоа што жените сакаат да бидат погледнати само од еден маж". Ко продукти на пазар да се. Не фала, не поддржувам.
Деградирачка ни е и нам религијата. “Жената да му служи на мажот“ Па не гледам дека тоа ги одвратило жените од одење в црква...
Е, но никој не го следи тоа учење, барем јас не сум сретнала. Во исламот уште поизразена е таа хиерархија и потчинетост на жената.
Поизразена е. Статистички, колку е понова е некоја религија, толку поконзервативни се сфаќањата на нејзините следбеници. Христијанството се појавило 500 години пред Исламот.
Ме нервираат мужиштата што си ги тераат жените да идат покриени за никој да не им ги гледа а они самите се ѕверат во други жени како никогаш до сега жена да не виделе.
И мене! И ме нервираат мажи шо не си ги пуштаат жените до кај мајка им да одат, да не ги 'изневерела'. Ама сегде има такви. Треба да го смениме начинот на кој ги одгледуваме децата. Се додека ги учиме 'мажите вака-жените онака', исто ќе биди.
Сегде има такви, но баш во исламот се најбројни, најмногу ги има со вакви сфаќања. Прво маженцата не треба да бидат така воспитувани, второ жените не знам како може да се потчинуваат, па дури и оправдуваат носење на хиџаб, и за нив прифатливо е ако сопругот има повеќе жени. Ова последното никако не можам да го сфатам.
Не знам што ти е смешно, ако тебе не те терале има милиони што ги тераат. Ниту им правиш услуга нив, само го ублажуваш проблемот со тоа што индиректно викаш "штом кај мене во фамилија не носат хиџаб, значи не е толку страшно и за другите".
бањање исто по шалвари ,забулени како нинџи,не зезај,уште пак коментираат не сум почитувала верасе согласувам со тебе златна