Не можам се да ве читам, читнав на почетокот како една членка се навреди и сфати лично како се зборува против исламот. Но не еве јас ќе кажам. Сум имала и имам другарки и другари муслимани, јас сум таква што сакам со сите да се дружам и воопшто не гледам разлика во вера, националност. Е сега факт е и самите ми имаат кажувано некои како кај нив некои работи се далеку да речам по ригорозни, самите машки( не сите, некои) велат како кога ќе се оженат нема на жената да и даваат да носела кратко, или да се шминката надвор, не сакал никој да ја гледа неговата жена. Тоа е само една да речам мала работа, ама битна да се каже дека и тоа го има и кај нас. И не можеби не е секаде, можеби не е еве во случај кај членката или нејзиното пошироко семејство, но е во цел куп кои таа не ги знае и познава. А за среќа на тие што се нашле тука да живеат, но за жал на тие што се во оние држави како Иран има многу поужасни и нецивилизирани начини со кои ги третираат жените. И секој можел да се роди и да живее и да биде таму, секоја жена која што е сега моментално на форумот. Затоа имајте емпатија
Отидете во село каде што населението е претежно муслиманско и ќе ви се стане јасно дали имаат право на глас кога се работи за носење хиџаб. Таму жените се деградирани во секоја смисла на зборот, и сигурно би биле претепани кога само би помислиле на избор, а не па да се борат за право на глас кога се работи за хиџаб. Не е проблем само во светот, и кај нас е.
Целосно точно. Жените се деградирани секаде во исламската религија, најмногу во исламските земји. На Балканот, дадена им е малку слобода. Запрепастувачки е тоа што млади жени, мислат дека е во ред да бидат подоле од мажот и нивната улога е само нему да му служат.
Па еве баш во Исламска земја сум и ама ич не гледам дека се деградирани. Напротив Прво што млади девојки не се покриени а жените се но се ептен модерни. И богами баш деградирани, прееска секоја со себе влечеше кесе Луј Витон Диор Версаче. Сами си шетаа шопинзираа дотерани буквално од мерак да ги гледаш. Второ, тие иако носат Хиџаб косата до пола им се гледа. Нашминани абе како ние кога на свадба идеме. Чудно ми е и мене но ете . Иако носат хиџаб ептен модерно се носат. Арапиве ич не ги можам, ама жените им се кукли! Само навистина не сфаќам зошто ја убиле таа девојка кога и тука жените носат хиџаб а пола коса им се гледа?
Само ја полниш темава со офтопици.Знаеш ти сама за што правиме муабет ама со сила се правиш преумна.Игнорирање е спасот.
Ако на улица не гледаш дека се деградирани, не значи дека не се дома зад затворени врати. Во ОАЕ знам дека не е закон да е покриена косата ама не значи дека е потполно исто како во рецимо Франција слободно. А мислам таму си
А вие знаете што се дешава позади затворени врати нели? Иначе не пишав да се расправам немам ни намера ни време, ете и мене ми е чудно зошто ја убиле девојката кога и тука така се носат.?
Ама вие не потенцирате Иран туку сите муслимански земји. И овде владее шеријат. Доколку сакаш, за кратко ти праќам слики во порака лично да се увериш какви се муслиманките овде.
Има разлика од една до друга. Има и поекстремистички и помалку екстремистички. Еве еден гугл ти кажува дека ОАЕ имплементираат само некои од шеријатските закони.
Добро ајде не е исламот крив, шеријатот е крив. И шо сега? Се смени нешто? Што постигнува ова потенцирање дека не се сите муслимани исти и дека ~вистински~ муслимани не наметнуваат ствари? Не ме интересира мене дали се сите исти, ниту пак ми е гајле дали некој ќе помисли дека се исти. Репутацијата на исламот и на муслиманите во моментов е во втор план и не треба да се превртуваме газ преку глава за да ја заштитиме. Многу е бесчувствително темава да се полни со бранење на привилегирани муслимани наместо емпатија за жените во Иран. Знаеш како звучиш? Како мажите што викаат дека не се сите мажи исти во секој муабет за сексуално злоставување. И за ова со христијанството. Океј да, нема вакви случаи во христијанството бидејќи е 600 години постаро и реформирано, иако истите грозоморни работи ги проповедаат. И откако сме го заклучиле ова што? Како ова придонесува некако да се реши проблемот? Само прфрлање топка и вртење во круг.
Многу плитко размислување, извини вака. Демек ако купуваат Луј Витон, не се деградирани? Со ниедни пари на светот не може да се купи слободата сама да одлучуваш за својот живот и сама да правиш избори за истиот Во сите муслимански земји каде религијата го има главниот збор, не е вака. Ама... битно шопингуваат Во златен кафез
абе знаев еј знаев за што ќе се фатите хахаха аии Ајде убава вечер тешете си се вие Од целиот муабет се фативте за шопинг, не што пишав дека се модерни, не ја покриваат цела коса итн.. Абе ццццц
Оти не одиш во Иран да прошеташ? Од таму ни интернет нема да имаш за да пишуваш на фемина. Битно во Дубаи марки носат жените и на шопинг одат, што е битно негде што ги убиваат за прамен коса. Бес ме фаќа колку игнорантност има меѓу луѓето, не можам да не искоментирам некогаш.
Навистина не сакам да продолжам со муабетиве, не ме цитирајте оти не сакам да се расправам. Пак ќе кажам мислете што сакате се сте у право поздрав