Е сега ја додаде таа реченца при крај а до пред малце ја немаше.Ти пишуваш што тебе ти одговара, а прашањата ги избегнуваш. Од рурални места такви размислувања кај сите националности ги има. Не знам дали си ги читнала и другите теми на форумот.Колку жени имаат пишано дека во случај на развод нема кај да се вратат отворено им е кажано од страна на своите родители.Така родителите повеќето(мајки) им велат да ќутат, трпат во брак ама само да не се разведат.Недај Боже да дојде до такви ситуации колку е тоа лошо за таа жена кога нема поддршка од свои.Битно е што ќе каже комшија, а психичкото и физичкото здравје и животот на своето дете не е битен.Значи не мора да е некој во рурална средина овие размислувања ги има и по градови и кај сите националности" цел Балкан".
Се читате ли колку сте полни со омраза? Религијата ве има поделено ко да сте две различни видови на битија. Како иде она... ако сакате да има промени во светот, почните од себе. Патем, до сега во протестите во Иран има 100+ загинати, жени, мажи и 20тина деца. Се надевам ќе успеат да сменат нешто.
https://www.thecut.com/2022/10/women-across-iran-are-protesting-the-morality-police.html Алал да им е Се ежам еј
Офф топик : Дали знаете дека православните обичаи , исто така налагале пред векови , жените да носат марама на главата ? Јас не го знаев ова , со оглед на тоа што одамна е искоренет тој обичај . За прв пат слушнав , случајно гледајќи reels на фб . Налетав на исечок , девојката поставува прашање на нејзиниот духовен отец , дали смее да носи марама и надвор од црква , на што отецот и вели дека ако е тоа нејзина желба , тогаш може да носи . Ме заинтересира , па го најдов видеото на јутјуб и така дознав дека уствари и нашите предци имале обичај да ставаат марами на главата на девојчињата .. Во врска со темата , ако носењето хиџаб , марама и било што друго , е лична желба на личноста , мене не ми смета . Не ми прави промена во мојот личен живот , на ниту еден начин . Можеби само до мене е , можеби јас сум толку навикната на жените кои носат хиџаб , што не ми претставува проблем . Инаку , повеќе језа ме фаќа кога ќе видам жени кои се во црно од глава до петици , само очите им се гледаат . Не знам дали има посебен назив за нив , но мене ме потсетуваат на многу страшни сцени ( у главно гледани на вести на ТВ ) кога почнаа немири ( по " нападот " врз кулите Близначки ) оние сцени со бомбаши - самоубијци итн .. Ми останало во глава некако , дека под оние долги црни наметки , стои динамит .. Знам дека тоа беше некогаш , и тие можеби присилно ги носеле тие динамити на себе , ама ете , траума од детството . Неколку пати се имам сретнато со така облечени жени , тука во Тетово . Мислам дека поголема параноја не ме фатила во животов .. Знам , свесна сум дека нема такво нешто , но стравот е тука не си оди .
Од истите причини сметам дека тоа треба да се забрани со закон, мислам на она целосно покривање, само очите да се гледаат. Може и е регулирано со закон веќе, за преминување на граници, или идење во институции.
Тоа е никхаб и воглавно се носи во Саудиска Арабија, хиџаб е само марама преку главата (најраспротрането како и на балкански простори и Турција), чадор е кога се гледа само лицето (воглавно Иран) а бурка кога ништо не се гледа (воглавно Авганистан).
ова во Иран ти е (Америчко) масло, ако Иран попушти тогаш е втора Либија само мислам дека во иран нема да им помине сепак е многу посилна од тоа што беше Либија
Срам да ти е! Мајтап си играш со традиција стара со векови! Ако сакаш некого да осудиш, осуди ја опресијата врз жените, а не оние со хиџаб да ги нарекуваш со дерогативни зборови. И после: “Не се сакат Христијани со Муслимани“ Шо ќе се сакате, секако зборате едни за други. Туку се вреѓате, туку се чаталите!
Америчко масло е, ама Иран си го бара со борина уште од '78ма. Сите напред, тие ќе праеле држава со закони од пред 1500 години
Еве нешто за бурката The following nations have fully or partially banned burqas: Austria, France, Belgium, Denmark, Bulgaria, the Netherlands (in public schools, hospitals and on public transport), Germany (partial bans in some states), Italy (in some localities), Spain (in some localities of Catalonia), Russia (in the Stavropol Krai),[3][4][5]Luxembourg,[6] Switzerland,[7]Norway (in nurseries, public schools and universities),[8] Canada (in the public workplace in Quebec),[9]Gabon, Chad, Senegal, the Republic of the Congo, Cameroon (in some localities), Niger (in some localities),[10][11]Sri Lanka,[12]Tajikistan,[13]Azerbaijan (in public schools),[14] Turkey (in the judiciary, military and police),[15]Kosovo (in public schools),[16]Bosnia and Herzegovina (in courts and other legal institutions),[17]Morocco (ban on manufacturing, marketing and sale),[18]Tunisia (in public institutions),[19]Egypt (in universities), Algeria (in the public workplace),[20] and China (in Xinjiang).[21][22] А од оние со црн никхаб мнолгу ми е страв. Имам видено жена со никхаб во Скопје и се потресов. Не сакам такви окулу мене да има . (фала богу нема)
Убиства има секаде, ама зборевме конкретно за Иран каде иранската власт ги претепува учениците/чките до смрт поради не носење хиџаб, критики кон власта, песни против власта, општа непослушност. Ти тврдиш дека е Америчко масло, ама колку и да го исклучуваат интернетот и колку и да убиваат и затвораат новинари досега нема ниедна информација дека таму странец убил ирански државјанин, туку тоа е иранската полиција. И дај научи се да дискутираш пред да сееш релативизации ради реда.
*Неправилно носење хиџаб. Што дури е многу полошо. Скраја да е малце коса да им ѕирка. Ама, да. Sтои се друго што пиша.