како сакате сватетего овде ти е измешана Америка затоа што Иран е сојузник мноментално со Русија и на секаков начин бараат да им наштетат зошто изминативе години немаше вакво нешто и тогаш беа истите закони? иначе секаде низ светот има група на лугје што не се сложуваат со законите на валстите ама незначи дека ако тие искочат на протест и заради нив мора да се менува нештото!
Не биди и ти ко мајка ми, ко одеше Австралија имало жена во никхаб зад неа, цел лет се плашела тотално дискриминирачки. Под облеката се жени исто ко нас, проблемот е што негде е наметнато да носат и тие што не сакаат и уште поголем проблем е насилството врз тие жени. Инаку имам тетка што во црква без да е завиткана во шамија и со долга сукна не влегува, постојано оди по манастири и има духовник, а инаку е сопственик на салон за убавина и разведена. Сопствена желба и е да се носи така од силна вера, што не и е наметнато од религијата, ни од законот и не и прави никакви опресии во секојдневен живот.
Па порано тоа било обичај во црква се одело задолжително во недела со облека чиста и според прописи жените со шамија и долга сукна/ фустан. Јас го почитувам тоа се знаело дрес код за во црква а не денес кој како му текне така оди у стил само свеќа да запалам набрзинка. У црква не се оди ,,набрзинка,, и не се оди со деколте и не се оди со голи нозе.
Јас се надоврзав на твоето мислење дека ти е страв од жените што се облечени така. Примерот го дадов дека е во ред ко ќе е по сопствена волја, без разлика дали е христијанство или ислам, проблемот е кај што е наметнато со закон и со казни.
Ај те молам прекини да бидеш дежурен полицаец на темава. На крајот од денот мое мислење ќе избришат . Колку ме иритира ничим прозван со дрско понашање.
Ако имавме Библиски закони, ќе те убиеја. Тоа е и целата суштина на теми како оваа. Религија не треба да се меша во општествено уредување. Ни една религија! На попаметни од нас им текнало дека секуларноста е похумана.
И што е најлошо се пренесува од колено на колено. Колку држави пробале да им "помогнат" да се спасат од овие девијантни појави ? Вродило резултат? Не. Сите се откажуваат баш поради овој факт. Во некои држави забранија хиџаб, бурки и пак џабе е. До нивниот менталитет е,не дозволуваат никој да им се меша.
Јас незнам како можи да им забранат да носат хиѓаб,,? Можи и мене ми смета да гледам разголена девојка на друга маса да пие кафе ама не можам да и забранам. Значи хиџабот и разголена девојка е по своја воља Ретко денес има кој прави против своја воља
Како знаеш дека е всушност жена ако лице не ѝ гледаш? Јасно ми е дека не секогаш по нивен избор носам ама искрено и мене не ми е удобно да сум до некој чие лице не се гледа. Сум за тоа да не те услужат во банка и слични институции кај што проверуваат идентитет ако не ти се гледа лице. И не спомнувај сега здравствени проблеми или несреќи каде лицето може да е унаказено. Се знае за што зборам.
Ама 99 % од тие жени што го носат се присилени на тоа, во спротивно ги убиваат. Јас не сум присилена да носам минич, ама они се присилени да носат хиџиб. Затоа е и оваа тема.Пример оди во околни села да видиш дали е по своја воља.
Ама тука зборуваме за традиционални муслимански села, каде што нема христијани. Веруј немаат право зц да речат, а не па да се дотеруваат. Нема шанси да видиш жена без хиџаб.
А па по македонските села, да ти е мерак да живејш. колку е поизолирана заедницата, толку е поконзервативна.