Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење хиџаб во исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Directioner005, 20 септември 2022.

  1. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Во Иран бурки носат, со хиџаб може и убиен да бидеш. Одат во екстремности
     
    На Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.423
    Допаѓања:
    20.754
    Баш сакав во сдк да пишам ама кога се активира темава ај тука.
    Има еден канал на Јутјуб , Ninja mommy се вика.
    Жената е муслиманка (не сум само сигурна во која земја живее) и во видеата е секогаш покриена освен очите. Знам само имаше видео со пријателка која носеше хиџаб (значи лицето се гледаше).
    Видеата ѝ се најчесто за правила во исламот или кој смее да ѝ го види лицето, кој смее да се поздрави со неа, кој смее да седне до неа, како се снаоѓа на граница, аеродром или ако ја застане сообраќајна полиција.
    И сево ова го кажува како да е толку најнормално, со таков ентузијазам, барем по гласот така звучи де. Еве не знам дали ѝ е избор, дали подмолно или директно ѝ е наметнато ама никој не може да ме убеди дека некој свесно си би го правел толку комплициран животот кога не мора.
     
    На Ugly Duckling, Серотин, marlonbrando69 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
     
    На Mikha4 и daylight им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Во Иран не носат бурки туку чадор и тоа оние жени што се поконзервативни (мнозинството), хиџаб носат помодерните (исто голем број но статистички помал од конзервативните). Бурки носат во Авганистан, друга земја, други толкувања на исламот и менталитет (Иран се жалеше на опресија на шиитското малцинство во Авганистан пред да дојдат американците).
     
    На WildMk и Серотин им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Баш сега изгледав едно нејзино видео, за рамноправноста помеѓу мажот и жената и поголеми срања од ова немам слушнато.
    Такви глупости збореше, што буквално бев зачудена како може некој во 21ви век така да размислува.
    Многу заостанато, за жал...
     
    На Lady D ❤️ и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Верници во идеологијата.
    Секогаш има луѓе кои навистина веруваат...

    Пример, Нацистите победија на регуларни избори.
     
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.628
    Допаѓања:
    39.233
    Пол:
    Женски
    Многу е интересно што е популарна и на тикток. Многу се хипокрити луѓево.
     
    На Ugly Duckling, Just.do.it и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Некои се, ама не сите...

    Докажано е и научно дека реалноста е субјектувна.
    Најтешко е да го смениш начинот на кој ја перцепираш реалноста
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    А зошто да не е?
    Сега изгледав неколку видеа набрзина, ми делува баш позитивна
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    вон темата:
    Тoа биле привидно регуларни избори проследени со бројни нерегуларности и многу насилство и интриги.

    Дојче веле: Последното „слободно„ гласање (на англиски јазик)
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.628
    Допаѓања:
    39.233
    Пол:
    Женски
    Зашто мојата генерација што се утепува од жалење колку е опресивно христијанството ми е смешно истовремено да поддржува такви профили.
     
    На Celltica, asdas, Серотин и 3 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    ама освоиле еден куп гласови и на регуларните избори
    Тоа значи дека имало луѓе кои верувале во нив.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    19.655
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има многу жени кој се натерани да се покријат, исто така има и такви кој сами сакаат. Имам другарка која сама сака дури и нејзините се против ( чудно ми беше тогаш, дека обично родителите притискаат за тоа) ама таа толку многу сака и еден ден кога ќе се омажи ќе стави. Колешка која има сестри од кој само едната е покриена другите не таа не планира нити сака. А имам и комшии кој жените ги покрија за пари. Им даваат пари од некакви си организации за да се покријат исто и мажите да носат брада, капче...Така да има се. Мене не ми пречи некој ако носи секако тоа да биде по своја воља, само не ми се допаѓа и непријатно ми е кога се целосно покриени само очи да им се гледаат или дури и тие да се покриени со едно како перде. Едноставно кога гледаш човек го гледаш во лице и според тоа интуинтивно го " оценуваш". Мислам дека никој не би се чуствувал пријатно да биде во близина на непознат човек кој е целосно покриен.
     
    На Lotus Girl, Just.do.it и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не знам за што точно зборуваш.
    Ама во профилот на девојкава нема ништо лошо или погрешно, ниту опресивно.
    Не знам каква ти е споредбата.
    Зборува за Ислам од нејзина точка на гледиште. На едно видео вели "I follow the oppinion" или "the scholars say, but I think"...
    Зборува за нормални животни теми, облека, брак, секс, лгбт, што во Исламот е забрането за јадење и зошто...
    Не наметнува, не форсира, едноставно зборува од твоја точка на убедување и не гледам ништо лошо.

    Можеби треба да гледате подалеку од носот и од кутијата, па можеби поинаку ќе гледате на работите.
     
    На buba4e89, mssuniquee и ZAHRA им се допаѓа ова.
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Може ќе звучам смешно ама ме интересира дали со тоа носење на бурки, хиџаб мажите што ги тераат сопругите мислат дека така "никој друг маж не може им ги гледа жените" ако ја носат таа облека?
     
    На Lady D ❤️, Tanjamm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.628
    Допаѓања:
    39.233
    Пол:
    Женски
    Да да ептен не гледам подалеку од носот. :D:D
    Не конзумираме иста содржина и затоа не ме сфаќаш на што алудирам, ама нема врска ме мрзи да се објаснувам. Секако ќе го негираш фактот дека за опресијата во исламот не се зборува доволно и сериозни теми се омекнуваат од некои вакви креатори.
     
    На Celltica, Tanjamm, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Па добро, не гледаме на грав тука, ако сакаш да аргументираш, објасни за што зборуваш првично.
     
  18. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    20221107_232742.jpg Еве на Евреите како се жените покриени дали и тие ќе ви бидат нинџи или дека Муслиманки па нинџи може да ги вреѓате. 20221107_231747.jpg Која е разликата овде не ви сметаат калуѓерките да не е и она со сила можеби покриена или некоја организација и дава пари? 20221107_231717.jpg 20221107_232944.jpg
     
    Последна измена: 7 ноември 2022
    На Meralis, daylight и mssuniquee им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.628
    Допаѓања:
    39.233
    Пол:
    Женски
    Да беше некоја христијанка со скромна облека да зборува како води традиционален живот ќе ја утепаа од заебавање и филозофии колку е угнетена. Не ми е поентата да зборам која религија е подобра, туку дека опресијата од едната се потенцира, ама за другата се замижува. Зборам од страна на млади луѓе, мои генерации, како сумирано од содржините кои ми излегуваат.
     
    На Celltica, Серотин, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Ете супер објаснување. Ќе ти ги прошири видиците за христијанството.
     
    На Lady D ❤️, asdas и Mikha4 им се допаѓа ова.