Не мора ти мене ништо да ми прошириш видик најглупо нешто во тој пасус што го испрати се последните реченици од "Никој ќе нема против.".Калуѓерките не можат да имаат маж и да створат потомство, и цел живот им е поминат во манастир тоа не ли вие на вас греота и жално нели е угнетена?А во Исламот жената може да и се посвети на религијата дома да обавува молитва, да има маж и потомство.
Ама зошто мешаш калуѓерки со вернички? Основни работи не знаеш. Значи монах/калуѓер е лице кое одлучило животот да го посвети на Бог и живее во манастир (тој таму и работи) и затоа има таква облека. Не само калуѓерките, и калуѓерите не смеат да имаат жена. Значи тие доброволно се одлучиле за таков живот. Не знам дали имаш видено, ама и калуѓерите имаат посебен вид на облека. Додека во исламот, целосно дискриминирана е жената. Зошто? Ете зошто, прво само таа мора да носи хиџаб, мажот не, второ, она НЕ СМЕЕ да има повеќе мажи, за мажот може да има повеќе жени. Трето, местото на жената секогаш е под мажот, па дури и во џамија, жената секогаш седи зад мажот. Знаеш зошто? Случајно да не се возбуди некој маж на неа. Значи она треба да се крие и да седи подоле, за некој да не се возбуди. Е па како е нормално ова? До кога ќе се иде со оправдувања за вакви небулози?
Не е похумана туку поприфатлива. Еве што сме секуларна држава се џанам функционира како подмачкано На темава тотално сум против законски присилно наметнување на нештата, макар и на носење хиџаб, ама ако носејќи го си го спасувам животот епа нормално животот ми е помил од се. Протести им требаат не од сега, од многу одамна, лошо е што гинат многу невини и недолжни и за време на протестиве и гинеле и пред нив. Многу други нешта се во прашање во сето ова што се случува таму, ама да промени им се навистина неопходни. Сепак да беше на поинаков начин се изведено и прифатено би било совршено, ама бидејќи совршенството не постои еве гледаме што се случува таму.
Ха ха ха аиии навистина па ти не знаеш основни работи.Ти мојата вера ја понижуваш.И тие покриени што ги викате нинџи и со секакви зборови и тие се посветени на Аллах(Бог).Кај нас жените не обавуваат намаз во иста просторија во џамија со мажи одвоено на друга страна.Дома може да обавува во иста просторија со својот сопруг.А па затоа на интернет сешто пишува и за монаси,калуѓерки и папи и попови општат,педофили тоа гледај го отвори видик.
Наместо вие муслиманките да се борите за правата на угнетените муслиманки вие тука индирекно го оправдувате тоа што им го прават мажите. Рипате за христијанството, а не покажувате солидарност спрема присилените женички. Викам јас до менталитетот е.Жена на жена најголем волк.
Да,да како што во Франција ги малтретираат,напаѓаат и им влечат хиџаб.Каде сте виделе Муслиман да пали Библија?-Нигде!А Куранот вие го палите и газите.Гледајте вие да ја намалите педофилијата кај папите и другите работи.
Помеѓу сите верници од различни вероисповести, а и помеѓу луѓе кои не се верници се можни вакви девијантни појави, не е тоа исклучиво поврзано со едни, а никако со никои други. Иако точно е дека во религии каде што верското лице има забрана да склучува брак и полово општи со партнери за да го канализира тој сексуален нагон и таквите пориви се случувало да прибегнува кон злоупотреба на деца од многу причини, да не навлегувам сега психолошки кои се тие. И сето ова укажува дека кога од религиски причини луѓето се принудени да одат против својата природа се случуваат низа вакви непожелни појави. За сето друго не се навредувајте по никакви основи, нинџи, ова или она, иако можеби повеќе беше шеговито напишано нинџи ама да навредливо е, гледано од очи на верниците на таа религија кои по сопствено убедување прифатиле така да се носат.
Па нас христијаните повеќе ни е жал за тие женички отколку вас муслиманите. За вас нормално е тоа што се прави врз нив, не ви е чудно. Така сте учени од мали нозе.
Стварно?Аии ептен ве фати жал.Не сме учени ние така.Мене ми е жал за тие монахињи што се силувани што не можат да оформат семејство и за деца што се злоупотребувани.
Дека има/ имало такви случки, да, но тоа што ти сакаш да го претставиш исламот како совршен и дека никој не страдал поради него, нема врска со реалноста. Извади ги розовите очила. Жени умираат поради тој хиџаб. Жената во исламот е угнетена и нема никакви права. Баш имаше видео кадешто се вели дека мажот можел да има повеќе жени, но во рајот, сите ќе се биле задоволни, и беше објаснето дека со оваа логика во овој свет ние тоа не можеме да го сфатиме. Wtf?! Ете конктетно гледаме што се случува во Иран.
Ете гледаш пак се докажа тоа дека гледате за нашите, а не ве интересираат угнетените муслиманки оти за вас тоа е нормално. Сама се побиваш.
Едно нешто треба да разбереш, критиките кон наметнатиот хиџаб/никаб/бурка и сите репресии кои идат со тоа не се навреда во никој случај, едноставно е солидарност со жртвите на ваквите режими, исто како и солидарноста која ја имаме кон жртвите од други авторитети кои се кријат под маската на некоја религија. Но оваа тема е затоа, ако не постои веќе тема за педофилијата меѓу католичките свештеници, или лицемерието и златољупството на православните попови, слободно отвори тема, иако веќе имам доста дискутирано на форумов сепак би дискутирала пак. Ако не си заинтересирана за дискусија можеш и оваа тема слободно да ја прескокнеш, едноставно секој ден има вести каде деца се убивани и претепани до смрт од страна на Исламската Република, некои од нас иако не можеме ништо да направиме од овде, сепак не ни е забрането да коментираме и разговараме околу целата ситуација. А не сме во Иран, сеуште слободно може да пишуваме што сакаме. На крај мислам дека сите сме согласни дека понижувањето, нанесувањето физичка и психичка болка на друго човечко битие во име на религија и бог е само фарса на ментално болни психопати кои случајно или не се нашле на позиција со огромна моќ незаслужено. И дискусијата околу тоа не смее да биде пригушена.
Ама ете ти своите не ги жалиш тоа го прикривате.Таа девојка што е убиена, е убиена од страна на свој народ Шии.Ние сме Сунити тие го убиваат и нашиот народ.Мене ми е жал за било кој народ ако недужен гине.
Прескокни ја ти темата.Не можеш ти на мене да ми кажеш јас каде ќе коментирам.Да тие деца,жени и мажи се убивани од Американци,Руси.
Ова е насочено за жените муслиманки. Ако е по нивна желба нека носат хиџаб доколку сакаат, а не ако мажот настојува. И се надевам дека се свесни дека мажот не е над нив, како што ги учат некои, и дека се тотално рамноправни со мажот.
Па ти во оваа тема мешаш други работи. И за иранските деца ако зборуваш не се убивани од Американци и Руси, во Иран пиле не прелетува моментално, туку нивната т.н. морална полиција ги убива затоа што им се гледала шишката од под хиџабот. Што ќе кажеш за тоа? Или тоа ти е нормално тебе?
Имав јас одговорено на тоа во претходните постови.Не, како може да ми биде нормално такво малтретирање и убивање.
Ти кажуваш греота е да им се наметнува нешто, да имаат право на избор и дека треба да бидат заштитени од такви екстремисти кои убиваат туку така, тоа кажува - ама во христијанството вака, онака. Емпатија и солидарност навреда е за нив. Темава попара.
Е реченицава сумира што сакаат членкиве да ти кажат. Зашто ЖИВОТОТ да ти зависи од облека? Значи ако во нормална земја некаде си несоодветно облечен, можеш да бидеш избркан, да ти биде одбиена услуга, итн. Ама нема да те убијат.
Сменете ја ретрориката. Темата не е за тоа дали Христијанството, или Исламот е 'подобра' религија, туку за хиџабот како алатка за опресија на жената. Во двете религии има аспекти кои се користат како алатка за опресија на жената. Дебатирајте за еб*ната опресија!