Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење хиџаб во исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Directioner005, 20 септември 2022.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    20.761
    Ама хиџабот (и остали шамии и облеки за покривање) претежно во ислам е алатка за опресија на жената.
    Не знам што се контраш упорно.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Да, и?
    Ти си опресирана од христијански фанатици (родителите)
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    20.761
    Со хиџаб не сум.
    Ако сакаш за опресии во христијанството имаш такви теми или отвори.
    Муабетот ти е ко - ајде да збориме за сунет кај христијаните. Прво сунет се прави само кај муслимани (и евреи ми се чини) од верски причини, второ обрежани христијани се обрежани од медицински причини.
    Значи верски сунет кај христијани нема. Исто како што нема и бурки и курки и шотизнам.
     
    На Lady D ❤️, Angie1432 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.328
    Допаѓања:
    113.986
    Пол:
    Женски
    а па ако има суќна денес не можи да има патлак под неа...
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Логикава ти е бомбона.
    Опресија е опресија.

    Без разлика дали е хиџаб или 'да не бидиш курва'
     
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    20.761
    Ама кој дел од тоа дека збориме за опресија во ислам не ти е јасна?
    Начините на опресија се различни и моментално тие во исламот ги дискутираме.

    И жртва е жртва ама кога збориме за жртви на силување збориме за жени така? Зашто не се еднакво двата пола жртви.
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Да, ама цела тема е: Вие Муслиманите - Вие Христијаните

    За фалење се та едните, та другите |(

    *И доста сега, пак ја одвлекуваш темата од суштината.
     
    На Zorina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Зошто упорно споредуваш нешто што не се споредува?
    Знаеме дека и во христијанството жената е опресирана, но исламот користи различни алатки и "закони" за уште повеќе да ја опресира.
    Досега не се случило некоја христијанка да е убиена од христијани зошто не верувала или не почитувала правила или влегла во црква несоодветно облечена.
    Ова е присутно во исламските држави.
     
    На Lady D ❤️ и elimkd им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Не се случило оти не живееме во држава во која Библијата е закон.

    *Вчера го праевме муабетот

    Не ми се збора, се' додека не се свртите кон опресијата.
    Од луѓе е наметната.
    Па дали биле Христијани, Муслимани или Растафаријанци, ич не е битно
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    20.761
    И во теми за силување и насилство врз жени се контраме мажи и жени кои се лошите, кои арните, па не гледам да се буниш.
    Не велиш таму жртва е жртва нели?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Не, никогаш не сум рекла |(

    Шо сакате прајте.

    Среќен 8ми март!
     
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Не велам дека христијанството е совршено, исламот е лош.
    Но, да не ги видоизменуваме фактите.
    Темата е за хиџаб и за убиството во Иран. Факт е дека жената во исламот не е сметана за личност. Факт е дека мажот има секакви права над неа, дури и да одлучува за нејзиниот живот.
    Факт е дека на многу девојки хиџабот им е наметнат и факт е дека убиството во Иран е поради неносење или погрешно носење на хиџабот.
    Тоа е темата и за тоа треба да има дискусија.
     
    На Lady D ❤️, elimkd, Zorina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Во Иран!
    Каде Куранот е закон!

    Не важи за сите муслимани во светот.
     
    На Zorina и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.443
    Допаѓања:
    22.587
    Пол:
    Женски
    Ццц... 30 страни се тој еден ист муабет и пак неможат да се разберат.
    Значи има разлика од нашиве муслимани тука и од тие од Иран авганистан шо ти знам од дека. Овие се наши тука се пораснале со нас тука во Европа и имаат полиберални погледи дали биле албанци роми итн... јас познавам жени што носат хиџаб НО тоа го ставиле по своја волја. И вистина е тоа што го зборуваат овде дека жената во исламот е многу чувана гледана. Јас не сум запознала човек што повеќе си ја гледа жената и семејството од муслиман. А за тие во ирак иран да не зборам тие се далеку од ислам, тие се само простоќа, глупоќа...
     
    На ZAHRA, minne992, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во ислам се носи хиџаб, никаб, во христијанство калуѓерките се покриени, во будизам монасите се келави, секоја религија има сопствени правила и норми.
    Се додека е од сопствена воља никој на никого не смее му коментира.
    Опресија врз жени може да се изведе на милион начини, не е хиџабот проблем, проблем се опресорите.
    И донирање органи е благородна работа, ама се додека е направено под сопствена воља, а не трговија со органи.
    И сурогат мајчинство е за менр благородна помош, но под услов да може секоја жена со сопствена воља да си одлучи што сака да прави со својата матка, не зналк дека поддржуваме присилно сурогатство или дека игнорирам дека не постои.
    Има конвертирани муслимани, пораснати во христијански семејства, никој не ги присилува да носат хиџаб, дури и проблеми имаат со семејствата, па пак носат, од сопствена воља како и треба да биде.
    Се потресуваме на мали девојчиња што носат хиџаб, мене ко мала ме носеа во црква и покрај тоа што се онесвестував од свеќите, и пак ме носеа.
    И кој е крив тука, ни хиџабот, ни свеќите се криви, туку тоа наметнатото, присилното однесување.
    Сите сочувствуваме со жените во Иран и во другите земји околу Иран што спроведуваат горе долу исти казни врз жени, ама тоа нема веза со Ислам, туку со моќта на мажот што ја користи религијата како изговор.
    И во Иран поддржувам да носат хиџаб тие што сакаат да си носат, се додека не е наметнато и нелегално од харам полис, секој да си одлучува за сопственото тело.
     
    На Biljarkata, ZAHRA, Касија и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.628
    Допаѓања:
    39.234
    Пол:
    Женски
    @mssuniquee и @Emotional123 вие две сте Босанки што живеат скроз нормален живот и наместо да признаете дека има помалку привилегирани од вас што немаат некој избор, вие упорно пишувате за луѓе што се на ваше ниво, како да е за вас дискусијава. Деца од албански села со хиџаб сигурно сами решиле дека ќе се покријат(да имам видено, девојчиња). Или жени што секаде идат во придружба со мажот, па и на лекар не смеат сами да влезат. Озбилно, ако до толку не можете да искритикувате еден дел од вашата религија, или барем религиските режими како во Иран, можеби вие сте тие што не сте објективни.
     
    Последна измена: 8 ноември 2022
    На Lady D ❤️, staycalm, Amellie13 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.166
    Пол:
    Женски
    https://www.instagram.com/reel/CkdxB_dACca/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
    На пример манекенкава. Прими Ислам. По своја воља. Сама си замина на Хаџ. Што сега заостаната ли е , усмрдена ли е, натерана ли е? Или само нејзина волја..
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Анегдотални случаи не се битни, кога во Иран за милиони жени важи правилото дека мораат да носат хиџаб
     
    На Lady D ❤️, staycalm и Серотин им се допаѓа ова.
  19. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.166
    Пол:
    Женски
    Епа мислењава во темава не се само за Иран туку за сите Муслимани, а кога ќе им се возврати веднаш се фаќаат " ама во Ирак, Иран.."
     
    На buba4e89, ZAHRA, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ижам пишано дека има опресија во држави како Иран.
    И што ако имам пишано?
    Пак се зимаат во уста и муслиманките надвор од државата, како погоре што пишале дека ни подавале рака, ние сме одбивале.
    Абе дал да се смееш дал да плачеш.
     
    Последна измена од модератор: 8 ноември 2022
    На buba4e89, ZAHRA, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.