Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носење хиџаб во исламот

Дискусија во 'Религија' започната од Directioner005, 20 септември 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Игнорирајте ги бе таквите.

    30 страни потрошивме на непотребни докажувања.

    Да зборуваме стриктно за Иран.
    Кој зборува за друго, едноставно да го игнорираме
     
  2. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    А Авганистан?
     
    На Lady D ❤️, Just.do.it и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    И Автанистан:

    Држави во кои носењето хиџаб е законска обврска на секоја жена.
     
    На tambelina, Zorina и Серотин им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    39.380
    Пол:
    Женски
    А во Македонија сите муслиманки избираат да носат хиџаб и ни една не е опресирана? Ти си имаш bias дека си муслиманка, ама нема да си ја навредиш религијата ако признаеш дека и во Македонија ситуацијата е лоша за многу жени, полоша отколку мојата и твојата.
     
    На Lady D ❤️, Celltica, staycalm и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Така си е, пишав јас погоре што мислам за таквите правила и земји.
    Ти само си се фатила за дел од моето претходно мислење и вака како самостоен извадок од целина си го обликуваш по твое и се прибегнува кон беспотребно развлекување на темава.
     
  6. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Токму така, земји каде што мораш присилно да прифаќаш или носиш нешто за да спасиш жива глава.
    Против таа опресија и уредувањето во земјите кои си ја извитоперуваат религијата со цел опресирање на сите жени таму сме тука да пишеме и дадеме поддршка.
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Прошетка низ пазарџиските улици низ југозападен Техеран, летото 2022 - мал е бројот на жени со чадоор, додуша сите носат хиџаб но различно наместен, а гледам има и доста нашминкани.
    Видеото е на фарси (ирански) но титлувано е на англиски.




    Ерменец во Исфахан (по големина трет град во Иран) разговара со две иранки на 16:45 на тема облека, спомнува и дека на мажите им е забрането да одат по шорцеви во јавност:

     
    Последна измена: 8 ноември 2022
    На mssuniquee и ZAHRA им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Ве молам држете се до темата. Темава не служи за провокации и не служи за сите да напишеме рандом работи што ни текнало дека се практикуваат (или не се практикуваат) кај муслимани и христијани. Значи за работи како број на жени во брак со еден маж, инцест, калуѓерките што немаат деца, прашања дали смее оџа да стапи во брак, ве молам упатете ги или во соодветна тема, или по ЛП на членот. Не тука. Насловот е Носење хиџаб во исламот и ве замолувам да се држиме до хиџабот, неговото влијание, историја, ефект, природа, итн, без да мешаме други неповрзани теми на кои не им е местото тука. Многу такви мислења беа избришани, поради тоа и поради непотребни провокации.

    Пробајте да се искажете без провокации, без невкусни шали и на пристоен начин.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Свештениците во Иран стануваат мета на мајтап, но не сите од нив го одобруваат присилното носење хиџаб. Интересно што и помеѓу иранските теолози има дебата на оваа тема.



    Ако некој разбира фарси (новоперсиски т.е. ирански), нека прераскаже што зборува свештеников на тема хиџаб... од тонот се гледа дека збори нешто интересно и од коментарите на јутјуб (грубо преведени со гугл транслејт) се гледа дека луѓето симпатизираат со неговите умерени ставови.

    Од емисијата „Топло столче„ (јули 2022) гостин на програмата е г-дин Хоџат-ул-Ислам Насер Наќојан верски експерт по исламска теологија со тема:
    „Задолжителен хиџаб, патрола за насоки и култура во разговор со хоџата ал-ислам Накојан„



    од случајно одбраните коментари преведени со гугл транслејт од фарси:
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.086
    Допаѓања:
    180.504
    Не разбирам фарски, ама не е тоа муабетот.
    Смачено ми е од луѓе без работа, што си измислуваат работа, и притоа таа работа се состои во регулирање, да не речам интервенирање во мојот живот како човек. Дали сум маж, жена, дали ќе носам брада или бурка, или како и да се вика, дали ќе родам здраво или болно дете, дали ќе имам пристап до моите средства во банка...Ооо, автократија- игри без граници, во различни форми и пакувања|(
     
    На Mikha4, daylight и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Интересно е што оние кои денес традиционално ги сметаме за основоположници на светските религии воопшто не биле свештеници: Кришна бил пастир, Буда бил принц кој се откажал од тронот, Исус бил столар, Нанак бил помошник во дуќан, а Мухамед а.с. трговец.
     
    На Mikha4 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.086
    Допаѓања:
    180.504
    Со други зборови, биле луѓе со работа? :D
    Ако беше тоа поентата:?:
     
    На Celltica, Angie1432, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.323
    Допаѓања:
    126.070
    Пол:
    Женски
    Не ги интересира.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Копита недоносени.
    На душа ќе им иде.
    Си чмаат.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.994
    Беа избришани неколу коментари ама пак се провлекуваше истото.
    Не било до исламот туку до одредени луѓе кои на погрешен начин го спроведувале.
    Мислам вака можеш за све да релативизираш. Не било до фашизмот, луѓето биле лоши. Не било до нацизмот, лоши луѓе имало. И тако даље за било какво општествено владеење.
    Епа нормално луѓето се лоши, некој нели ги потпишува и спроведува тие закони и правила, луѓето ги носат општествените владеења, сами не се создале. Што значи и исламот некој го создал, некој го напишал куранот со сите правила. Ама апсолутно не е невино уредување со виножита и еднорози па сега да се тешиме оти само некои си го толкуваат субјективно.

    Туку замислете во Франција при протестите кога се забрани бурката, да постапуваа на ист начин со нив. Ама само онака замислете

    Баш кај оваа нинџа мами имаше видео околу законот. Како тоа не смеело бурка и никаб, ама можело хируршка маска. Или како тоа жените немало да смеат во болница и институција да бараат жена да ги прегледа/им изврши услуга (оти и ова забранија). Wow, ова кажува колку појма немаат што е вистинска опресија. Замисли, опресија е да мора да покажат лице пред маж за да се сликале за лична карта/пасош.
     
    Последна измена: 7 декември 2022
    На Lady D ❤️, crimson, Касија и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Женава многу срања кажува. Би требало да и се забрани да снима видеа. Само уште понесфатливо ми е како може некои да ја поддржуваат. До толку да не размислуваш или немаш мозок да сфатиш дека ова е опресија, страшно!!!
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Бурката не е забранета во Франција туку целосно покривање на лицето како мерка против терористи. Никој не смее да си го покрива целосно лицето на јавни места.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    20.994
    Пa бурка е она што скрос го покрива лицето сосе очите, само мрежа има врз нив. Никабот е како превез на лице. И овие се нели дел од забраната, можда лошо се изразив.
    Зборот е нели, муслиманките што покриваат лице беа највеќе афектирани од законот
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.