крадциве имаат потранспарентна маска од овие со бурка. не ви е страшно така некој да ви се појави, не знаете кој е што е
Епа ништо тогаш ваљда на сон ќе ти се прикаже.Знаеш колку има што го злоупотребуваат тоа?Еве пример можеш ти такво да облечеш и да праиш беља и ќе викаат утре Муслиманка го напраила а нема врска.
Сеедно кој е под таа покривка. Работава е дека баш затоа ТРЕБА да е забрането со покриено лице да одиш во јавност, за да се знаеме кои сме што сме.
Таман работа да ме исплаши.Како бе не се плашевте вака со маски за време на Корона,на зима некој кога носи шал преку уста.Попрво ќе ме исплаши некоја нашкртана лошо нашминкана како кловн.
Многу игнорантен поглед. Не е дека не сакаме жени со хиџаб околу нас поради неприфаќање на други култури, туку се збори за тоа што жени буквално умираат поради овие причини во некои делови во светот. Не е доволно да кажеш само не поддржувам насилство и толку. На насилството не му е гајле дали ти не го поддржуваш, кога има фатено длабоки корени во тие општества и има развиено недопирливи системи за опстојување на тие корени. И место да гледаме некако да придонесеме да не се шири тоа, ние упорно збориме за прифаќање туѓи култури. А тоа насилство испаѓа од небо паднало, ќе се правиме слепи при очи дека нема никаква поврзаност со религијата што владее во тие краеви. Главен муабет на сите им е дека не е проблемот во исламот, туку во мизогинијата, а не сфаќаат дека самиот факт што постојат недопирливи структури како исламот на кои ништо не им се може, е една од главните причини поради кои мизогијата постои и живее илјадници години. Од дрвјата не ја гледате шумата.
Можно е, како не е можно. Ете во Иран е компулсивно/законски носењето хиџаб. Затоа религиите не треба да се плеткаат во државно уредување. *За сите религии важи ова.
Јас немам ништо против. Но, имам против да умреш само затоа што малку накриво си го наместил хиџабот, како што за жал се случи со Маша Амини. На што личи тоа бе? Па и после секој маж и жена што протестираа во нејзино име, ги бесеа на кран. И тоа во исто време кога од спротивната страна светот го гледаше Светското Првенство. Се почитувам, и тој што сака и тој што не сака да носи. Но, се што е наметнатно со насилство е екстремно погрешно. Кога станува збор општо за убавина , арапските жени се поим за кралска убавина, за мене лично.
А и она дека може да покаже лице/коса пред жена, ама не пред маж, ич не ве асоцира на нешто друго? Мислам ако се покриваш за себе, покривај се за себе, не за мажите само.
Никој нема против, ако некоја жена сака да носи хиџаб/крст/ѕвездата на Давид/додај по желба. Имам против, кога некој ги тера 'законски', односно - насила, да носат сите Доста властите ни се плеткаат во секој аспект од нашето постоење. Се некои рендом мажи одлучуваат како да се облекуваме, како да се однесуваме, дали да раѓаме, колку да раѓаме, дали да абортираме, дали да работиме/не работиме, дали возиме автомобили/не возиме Се' што сакам е држава да не ми се плетка во приватни/индивудуални одлуки.
@WildMk Не знам баш зошто ме цитираше, мислењето ни е исто Но, од друга страна не можеш да кажеш "нема никој против". За жал постојат и луѓе со предрасуди. Не можеме да зборуваме во името на сите.
Ама што испомеша триста работи само за да не признаеш дека целосно прикривање на лицето и телото може многу да се злоупотребува? Еве ајде објасни тогаш зошто некаде е илегално, или онака?
Како може да споредиш маски со вака целосно покриени лица? Со маска, пак можеш да го препознаеш човекот. Вака со хиџаб, бурка, нема шанси да знаеш дали е маж или жена, а не пак да препознаеш.
На изборот во 2020 и после локалните во 2021 кога дававме лична карта нели бараа да симнеш маска кратко. И никој немаше проблем со тоа. Ај некоја со никаб дали така ќе направи. Не а?
Во темава прочитав доста небулози: од споредба на хиџаб со хируршка маска, од тоа дека непокриени жени привлекуваат манијаци и триста други глупости. Треба да се забрани целосно покривање на лицето од безбедносни причини. Друго, исто така со задолжителното покривање на косата и лицето на жените пред други мажи (а не мора да се покриени пред други жени) самото тоа говори за "рамноправноста" која жените ја уживаат и како се гледани од страна т.е. се гледа на жените како да се објекти кои може некој маж да ги поседува, а не како возрасни, здраворазумски личности кои може да носта одлуки во својот живот. И не, не е исто носење на крст и носење на хиџаб. Тој што носи крст, може да се идентификува од страна (не му е покриено лицето). Тие што сакаат слободно може да ја покриваат косата, ама не и целосно покривање на лицето. И зошто никој не прашува зошто мажите не ги покриваат косата и лицето пред жени, затоа што и некоја жена може да е привлечена од некој маж. Значи се се сведува на тоа како се гледа жената: како објект кој може некој да ја поседува или како рамноправен субјект со мажите,
А што правиме во земји со доминантно муслиманско население каде што жените слободно можат да изберат дали ќе се покриени или не во врска со тоа дека овие покриените се поседуван објект а другиве обратно? Не се сведува на ништо од ова за кое пишуваш/ пишувате. Од верски аспекти во такви земји прифаќаат или пак не прифаќаат затоа што не се до толку верски наклонети. Тука не зборувам за земји каде присилно се наметнува буквално на сите жени, од сам старт пишав не го поддржувам тоа.
Не ми е. А, поентата за безбедност што неколку ја терате ви е безвезе бидејќи и христијани вршат напади.
Тогаш зошто и мажите не се покриени? Зошто само жените да се покриваат? И, да, во некои земји жените до толку се гледани како објект што дури и за да идат некаде мора со машка придружба.