Бурката и никабот се верски екстремизам и деградирање на жената, и заради тоа се банирани во некои земји.
Ај ќе одиме и ќе ги прашаме Така, ама тоа не е поврзано со вера, конкретна земја итн. Капираш или не? Се избацувате во ваква тема за да прочитаме смешки или вриштечки предрасуди, а убаво би било само отворено да се подискутира и прошират некои видици. Ама како сакате да тече темава ваша работа си е тоа
Многу добри одговори даде на прашањава...браво. Ако со нечие мислење не се согласуваш, не значи дека тоа мислење е полно со стереотипи, ама те разбирам, нападот е најдобра одбрана, посебно кога си во недостиг на здраворазумски аргументи.
Не се однесуваше конкретно на твоето затоа има празен простор. Ама за едно си во право она болдираноно Се читаш сега кој кого конкретно нападна, ама ок потаман си е се, важно се разбравме на крајот
Читајте ја „Жената не е маж“ од Итаф Рам, Палестинка која пишува за палестинските жени. Тоа се вистински животни приказни. Заминаа во САД, ама забраните за жената останаа, за мажите се беше дозволено и во Палестина и во странство.
браво...ептен знаеш да дискутираш. Моите претходни мислења ти ги зема со стереиотипи. Баш од моето претодхно мислење како што може да прочиташ напишав дека тој што сака може да си ја покрие косата (и за мажи се однесува ова), иако мажите никогаш не се покриват.
Не ми е јасно што е толку тешко да се сфати дека проблемот е што жените се законски обврзани да носат хиџаб во некои исламски земји и немаат право на избор. Одземање на нечиј живот заради неправилно носење марама ако не е верски екстремизам, опресија и деградирање на жената не знам што друго би било.
Ај така е во право си за се Што да се дискутира со некој што за да докаже некакваси поента гледа да изврти мислење и индиректно те омаловажи освен имај убава ноќ
А кој оправда ваква радикална појава, ајде цитирај нечие било какво оправдувачко мислење за ова? Ниедно во последниве страници што ги читам нема. 0
Премногу читате западнјачка пропаганда околу арапскиот свет што ја сервираат западните сатански медиуми. Жените во арапскиот свет се далеку повеќе заштитени одколку кај нас. Таму маж не смее да се осмели да погледне жена со страст да и дофрлува нешто на улица а камоли да ја силува. За ваквите престапи се јадат камшици а постои и смртна казна. Мажите ги почитуваат жените многу повеќе за разлика од кај нас и има далеку помала стапка на семејно насилство за разлика од западниот свет, помал број на самоубиства, разводи, криминал, деликвенција... бидејќи луѓето се воспитани во духот на религијата и се почитуваат некои морални вредности. Постои ред и поредок алкохолот е забранет, забранети се ноќни клубови, нема западнјачка сатанистичка музика, нема порнографија, нема казина и кладилници па размислете малце подлабоко каков свет е тоа во споредба со нашиот. Морално и духовно се милји пред западот кој се наоѓа во духовен колапс. Никаде јас не реков да носат жените шамии мислам дека добро се изјаснав околу тоа но доколу ние би применувале барем пола од тоа што применуваат муслиманите мислам на вистинските муслимани не на овие овде со балкански менталитет би биле далеку подобро друштво како целина.
@Wideperpetual Е како не. Како што кај нас има злобни и луѓе што секакви глупости прават, а потоа идат во црква, така има и кај нив. Дома ќе ја тепа жената, а потоа ќе отиде во џамија да си се моли. И ова го имам читано низ коментари по Интернет баш од муслимани. И таму има мамини синови, и тука има мамини синови, и таму има насилници, и тука има. И таму има прекрасни луѓе, и тука има. Не е се црно или бело како што ти го замислуваш. Лицемерјето и некои работи се универзални и ги има во цел свет.
Ела ти кажи ми како ќе ми е поубаво, пошто јас не знам. Мразам mansplaining. Кажувај си за тебе, не за некого кого не го ни познаваш.
Има негативни примери и таму не дека нема но се во далеку помал број за разлика од западот. А оние што се насилници и ги тепаат жените а потоа одат во црква или џамија е пример својствен баш за ова наше поднебје на балканот каде што луѓето се повеќе традиционалисти одколку верници прави јасна разлика помеѓу традиционалист и вистински верник бидејќи разликата е небо земја. Традиционалист е човек што онака површно се изјаснува како верник а во позадина прави секакви злодела. Верник е човек што живее целосно според светите списи дали Куран или Библија и се придржува целосно на тоа што го пишува. Да имало кај нас вистински верници би била друга приказната туку имаш само декларативни верници што освен што одат во црква и се причестуваат друго ништо незнаат. Ниту ја прочитале библијата ниту се придржуваат на Исусовите учења. Тоа е тоа лицемерие кое го споменуваш и апсолутно си во право. Традиционалист и верник се два различни поими
Во тие земји правилата во исламот не се закони. Жената е на рамниште на објект во секоја од големите религии, разликата е во тоа дали цела држава сосе закони ќе реши да го спроведува тоа. Факт е ова. Нема религија што не е на штета на жената, а оваа конкретно се покажала одново и одново како најопресирачката со најмасовни последици. Ова со проширувањето на видиците ти е скроз промашена поента. Баш дека сме виделе како религиски екстремизам бавно, невино и лесно се протнува во секојдневен живот ги имаме овие ставови. Едно е ксенофобична Петка што пишти на сè поразлично од неа вклучувајќи и жени со хиџаб, црнци и луѓе со зелена коса, а сосема друго е да си загрижен за антички систем на опресија кој опстојува со векови поради индоктринација и да посакуваш да не постои тој систем. Потруди се да направиш разлика меѓу овие две работи. Хмм, што точно да практикуваме од арапскиот свет, непризнавањето на силување во брак или пак продавање мали девојчиња на возрасни говеда? Не се читате што пишувате.
Промашена поента според кого? Тебе од твој агол можда ти е, мене не ми е Не сум припадник на ничија вера, не сум ниту посебно религиозна, а сум била некогаш. Не сум ничиј емисар. Чист разум и љубов во срцето за секого макар и тотално опозит од мене, макар и носеле хиџаб на глава, ме води. Ти потруди се да го разликуваш ова и да сфатиш дека ширејќи ваков футуристички фанатично апокалиптичен наратив поединци само правите раздор, а потоа пополека отварате врата на сеење омраза. И сфатете веќе еднаш има земји каде самите одлучуваат што ќе ставаат на глава и тоа е сосем во ред, ниедна не оправда ништо присилно.
Во арапскиот свет не може да те избрка од дома со се деца како што се дешава и пречесто кај нас, со самото шеријатско венчавање доколку дојде до развод страната која сака да се разведе треба да исплати доста голема сума во злато или пари на другата страна, а не како кај нас ни мочана алиментација за дете не сака да плаќа. Жената е многу по заштитена во шеријатот, деградирана била ако носела хиџаб абе ај. Иако по своја волја носат. По шеријат на крадец рака сечат а вакви дела како силување досега ниту сум видела ниту слушнала. За западот зборам. За многу зборените Иран и Ирак еве видео како им се деградирани женитеРечиси на сите и коса им се гледа,( досадни сте со тоа) и убаво пристојно облечени така ли е?
@mssuniquee Нели баш во Иран се моменталните случувања со забраната на жени да посетуваат факултет, труење на девојчиња во школите, и случајот и протестот за Маша Амини? Баш по Инстаграм гледав аматерски видеа од овие случки снимени од тамошните граѓани. How does that work дека се супер заштитени? Мислам дека од религиски аспект изгледа е едно, а од режимски друго. Но, второто е за жал реалноста.
Реков дека не целосно се согласувам со се што кажува исламот и со државните уредувања што се спроведени во некои држави од арапскиот свет, пример строго сум против смртна казна, насилно мажење или женење со некого спротивно на волјата на поединецот и т.н. А во што се согласувам веќе наведов погоре забрана за конзумирање на алкохол, дрога, порнографија,казина и кладилници, сатанистичка музика, воспитување на децата од мали во духот на религијата и поттикнување на младите да се воздржуваат од секс пред брак, прељуба и т.н. Ова е апсолутно прифатливо Има начини како во модерно друштво може да функционира религијата без да постои некаква опресија и дискриминација како што кажувате. Само требаат луѓе што сакаат да живеат морално и исправно а такви се се помалку за жал.
Е аман, и нека прават протести и треба, а не како кај нас дилери и наркобосови ни уништуваат деца, силувања кражби па казина повеќе од маркети има, ама неее ние наши маки немаме сме се фатиле за протести во Ирак. Ние прво да си протесираме за работи кои влијаат врз нашиот квалитет на живот, нашите животи да ги средиме прво @Polyincognito
Со пари ќе ги купат, со пари ќе ги разведат... Јас да сум таму жена никако не би се осеќала заштитена ако некој ми нуди само пари.