Па законски е да ти даде тука и да бега кога тогаш ќе дојде на суд, а и секако ми е многу подообро да имам свои финансии за ако ме остави мажот да не ми е крај на свет и ако се откаже од своето дете или не се грижи за него тоа не е родител. Не ми е заштита нит машкост пари ако ми даде нит па ми е нешто уау на што би се дивела..
@mssuniquee Е ама муабет направи сега Прво го пофали Иран, а потоа велиш, па нека протестираат, ние нашето да го гледаме. Make it make sense. Верувам не ни знаеш зошто протестирале. И нема да ни се влоши или подобри ситуацијата, ако се едуцираме и за некои работи по светот.
Најискрено не знам,мислам за девојка на која и се гледала косата па ја убиле? Па еве и самите на видеа може да видите дека коса им се гледа на повеќето, а и скоро со свои очи видов. Екстремисти во било која вера ниту сакам ниту подржувам, ама и вие имате доста погрешна слика за Муслиманката и Исламот. @Anie93 Абе во теорија да така е ама во пракса да те видам. Баш моја блиска се бори со таков клошар, седи непријавен на работа за да не плаќа алиментација, и прави проблеми не дава пасош детето да извади.. Случајно најдов слика во тел, еве дека и не сите арапки носат хиџаб. А АРАПКИ беа пак да поврторам.
Ne e bash tolku zashtitena kako shto pretstavuvash. Isto taka spored sherijatot mazhot mozhe 4 zheni da ima. Zashtita toa li e? Toa li e grizha za emociite, mislenjata i stavot na zhenata kako ramnopraven subjekt so mazhot?
Па не и е лош муабетот, убаво укажува промените што сакаш да ги видиш почни да ги правиш прво во себе па потоа имај влијание врз блиската околина, па и со тек на време глобално. Мислам што фајде од одмерување сили со зборови по тастатура кога ниедна од нас не е таму во живо да влијае, протестира и помага? И таа и многу други никаде не оправдавме ваква смртоносна радикализација. За другиот дел колку сакајте напаѓајте и обезвреднувајте што пишува ама таа ја опишува реалноста. Знаете колку мажи намерно раб. на црно за фактички да немаат реални приходи за плаќање алиментација? Додека во муслиманскиве земји кои се вистински верници во душа со високо морални вредности децата никогаш нема да се пуштени по вода со се мајка им без издршка. Таму фамилијарната чест и достоинство се уште им се на пиедестал и мн.важни да не им се извалкани.
@mssuniquee Знам дека обврска на мажот е да го заштити семејството и финансиски да ги обезбеди и жената и децата. Ама и таму како и тука, секогаш ќе има такви што нема тоа да го прават. И таму и тука, или се разведуваат или го трпат. За мене лично, се си е до самиот човек. Или е добар или е лош. @Vraloma Па убаво си кажа, таму оние кои се високо морални луѓе тоа го прават. Истото е и тука.
Абе не викам дека не постои тоа во теорија ама ако работиш и заработуваш нема да ти се најпотребни парите на свет од тој "родител"
А ако имаш инфо мене ме интересира дали во тие земји може до сабајле да си искача таму жена во диско со другарки? Да го оставиш детето на чување на мажот и да си одиш на викенд со другарки? Да работи и заработува повеќе од мажот да биде независна од него, да не му е домаќинка(слугинка) ?
Така да, ама зошто? Зошто он да не придонесува за нашето дете? Не му го однесов во чеиз негово е? Значи се на мој грб да падне а он ерген да си изиграва како не Еј за тоа 4 жени ретко кој и применува денес. Иначе има избор при венчавање со првата жена, жената може да постави услов дека не може мажот пак да се жени. И тоа има да
Така ама како е со моралот и од кој причини е различно? Таму се доминантно верски покорни и раководени луѓето и ако правилно се толкува верското учење си има ред и мир. Секоја верска радикализација и овластуваење да е израмнета со закон во држава е погубна за одредена групација.
@Vraloma Клучно ти е тоа "ако правилно се толкува" и тоа е тоа. За секаде валјда важи. Ако на некој се угледуваме, можеме на Јапонците. Ете, статистички најниска стапка на силување, чистат зад себе каде и да отидат, здрав начин на живот, вечито млади и здрави, и децата уште од мали учат програмирање и милион корисни работи. За пример и непример, не сме 10/10 ни ние, ни Блискиот Исток.
Прогуглај за која земја си сакаш и сама ќе си дознаеш. Многу муслимански ги има и секаде е различно, дури и во самата земја од покраина до покраина има огромни разлики. Исто како и на форумов и темава што сите сме различни, некои сакаат да споделат искуство, други да научат нешто ново, трети да подгреваат атмосфера, четврти сеир да маваат итн. @Polyincognito токму така сум напишала како е и како го мислам. Ама ако правиме споредби и со Јапонија и чие уредување е најповолно подобро да си отвориме нова тема за такви дискусии.
@Vraloma Мислев на менталитетот на народот, не стриктно уредувањето Не мора нови дискусии и теми, јас тука завршувам на оваа тема. Си го искажав моето мислење доволно.
Па менталитетот од кај иде од уредувањето, од тоа на кои правила, закони и начела ќе се раководат. Него мислев го сфаќаш ова па го скокнав да не дообјаснувам детално. Ок тоа е, не ги чепкаме Јапанците тогаш
Незнам за другите арапски земји ама за Саудиска Арабија сигурно знам нема дискотеки забранети се, забранета е конзумација на алкохол, дрога, нема искачање до 5 сабајле и швалерај кој со кого стигне... нема јавни куќи, казина, кладилници, порнографија, странска музика, забрането е ширење на друга религиска пропаганда и т. н. А и жените имаат право да се школуваат и работаат но одвоени се од мажите забрането е групирање на мажи и жени на исто место освен фамилијарно дружење нема блуд, разврат, предбрачни односи, неверства, разводи ретки се. Има доста работи со кои не се согласувам со исламот али многу повеќе работи имаат позитивни одколку негативни така да живеат далеку поморално и според божјите закони за разлика од нас и тука им се поклонувам до под. Кај нас за жал американизмот и модерниот конзумеризам има пуштено длабоки корени и се повеќе живееме како сатанисти одколку како божји народ онака како што Исус не подучува да го следиме неговиот пат.
Значи уште еднаш ако прочитам ваков булшит дека таму било поарно мислам ќе зеам ќе се обесам више. Нема силувања знаеш зашо? Зашто не се пријавуваат и/или санкционираат. И големиот грев, предбрачни односи. Бреј. Би пуштил таму ќерка да се прошета? Не а? И што морал е тоа да можеш со братучед да се омажиш?
Таму ќерка му е посигурна веруј, оти тука од таксист па надаље може да ја силува. Или дур седи у кафич случајно ете некој залутан куршум да добие. И вие ама си претерувате ептен ама
https://www.bbc.com/news/world-middle-east-23381448.amp Ахам, ептен сигурна. Нешто немаше силувања и заштитена беше жената а?