И после ќе велат дека тоа од сопствена желба го прават. Да, сигурно многу удобно е на плажа на 40+степени да си замотан во чаршаф, мажот нејзин гол, да гледа во топлес жени. Важно религијата пред се.
Добро, барем да не ти лупнат казна за то, ако одиш на одмор... Би сакала да го видам Дубаи некогаш... Додуша не само Дубаи... сите ориентални земји во Северна Африка и на Блискиот Исток, би сакала да ги посетам. Скромно А нивните жени? Мораат ли законски да носат, или не мораат ни тие?
А зошто не прифаќате дека има Муслиманки кои своеволно ставаат Хиџаб? Не ви е срам оти баш една покриена форумџика сега ве чита? @WildMk Сестра ми два пати идеше никогаш никаков кодекс на облекување немало. За нивните жени не знам и јас прв пат одам.
Абе навикнати се чоек. Значи когнитивниот процес ти функционира, во склоп со околината во која живееш... И колку подолго си во една заедница, толку потешко ќе ти е да се навикнеш на нова.
Не знам како да ти кажам, никој нема ништо против своеволно носење фереџиња. Имаме против тн. верска полиција у Иран што шета низ градот и претепува жени што не носат, ваљда се разбираме.
Темата е за задолжително носење хиџаб во муслиманските земји и ако не носиш може да те убијат. За своеволно носење не е темата и никој тоа не го оспорува. Ако таа така сака нема причина да не носи. Нејзина желба си е. Кои сме ние да кажеме зошто има таква желба
За то, мислам дека сите исто мислиме. Исто како што сите мислиме дека Христијаните не треба да си ги малтретираат партнерите.
@John Snow Ако ме читаше ќе видеше дека и јас сум против, сите стававме сториња за поддршка за девојката која беше убиена. Но ова не е прв пат на форумов да се понижуваат жените кои носат Хиџаб. Па како биле затворени неиживеани па и усмрдени сум прочитала. Свашта, срамота навистина. Се разбравме ок пријатно.
јас сум била Мароко,Тунис,Еѓипет и немаш проблем да шеташ како што сакаш облечен,но за време на ручек во хотел мора да си облечен,а не да идеш по бикини ,инаку имало префрлања од тамошните жители кога сум одела така поразголено облечена,чак еднаш ме фати и страв викам тука го фаќам котекот гарант
Па темава е само за една форма на опресија врз жената, ама е истакнат Исламот, оти кај нив се практикува носење хиџаб. Секоја форма на опресија - не чини. Од било која група, врз било која група. ...то треба да ни е комон сенс...
Така е и во Турција, патем секаде и треба да биде оти не планирам дур ручам да гледам нечии цицки или танга бикини пред мене
То е веќе и прашање на вкус. Еден куп услужни фирми си имаат кодекс за облекување. Сигурно во некој ресторан на Парк Авенија, нема да те пуштат по гаќи да му седниш на маса.
Да те читаа ќе сфатеа дека си муслиманка и дека имаш познавање повеќе од нас. Ама,секогаш истата глупа приказна - препаметни на форумов. Те разбрав јас и така е како што кажуваш, меѓутоа кој да сфати дека Дубаи и Иран се две различни места. Убивството на жената е немилосрдно,а законот во таа земја е глуп. Не е поента да се исече косата, туку треба да се симне власта и да се смени законот. По неа за кратко време е убиена и друга девојка за време на протестот додека си ја врзувала косата. Носењето хиџаб треба да е право на избор,а не насила.
да да,исто и Турција одам истото е,заборавив да напишам,меѓутоа слободно можеш расцицлен,минич итн,но не и бикини
Го погоди Бубаче... Шо прајме со жртвите...? како може да се спречи да има луѓе, кои се жртви на опресивни системи?
далеку од усмрдени итн,чак и жал ме фаќа некогаш за поединци од нив во смисла сакаат да го отфрлал забулувањето,но со тоа ги отфрла целото семејство,но ако веќе ако имаат избор зашто да не би бил без превез на главата,па кога идеш на свето место покриј се скроз како што и налага самата вера