Третово ме изнасмеа, е да ќе избие Трета Светска војна така, замисли една ''неспособна'' жена со 2-3 ца мажи и нивни деца, очи ќе си извадат типциве
На друг начин го решаваат тоа У глобала не, ретко кој ќе преземе вратена жена, ама сепак многу зависи од покраина држава итн.
И кај Кинезиве како да имам најдено ваков запис или ги убивале или доживотна робија. Кај Енглезиве нешто така у некоја кула ги стрпувале, ете Хари фама со Spare направи Навистина вакви брутални правила имале оти со заговор да не ги симнат од трон, мислам да немаш доверба у роден брат/сестра итн. И тоа советниците само да ти се најблиски и најдоверливи, ужас
1. Ne smeat da se normalno obleceni, ti e prvata greska 2.isforcirani tie vtorata 3.mazot mora da go slusat ja ne znam kade e ovde islam a ne kade e pravda Za poslednive 2 ti rekov deka ne dosol kuran samo za 2023, ne znaes kako bil da ides sama po ulici pred 1500godini ili sto se desil, ne mozes samo da komentiras bez da gi citas i hadisive ma muhammed lii drugive knigi od strucni lica. Isto kako jas sega ovoj citat od bibla da go komentiram kako sakam jas (“Let a woman learn in silence with full submission. I permit no woman to teach or to have authority over a man; she is to keep silent”). ili pa ovoj grudiot “Christ is the head of every man, and the husband is the head of his wife”
Дали знаеш дека кога една девојка сака да се пресели од Авганистан, Пакистан, сите земји што завршуваат на стан, Ирак, Иран, прво ги венчаваат, (се разбира дека е договорен брак) и после тоа заедно со сопругот мигрираат. Дали знаеш зошто?
А какво посебно пбразование треба за да се протолкува цитатов? Ти кажува што смее жена. Не ми треба лекар да ми каже дали стапалото ме боли или раката.
Се обидуваат да објаснат дека буквално толкување на текстови од светите писма не треба. Тоа е зафркнатото во религиите кога фанатици, радикални групации или еве обични лаици си толкуваат по свое. Ај за лаици ќе рипаме вака по темиве ама другиве зло сеат, смртоносни последици има. Затоа ниедна религија, со должна почит кон нив и поединци, нивни припадници не треба да се израмнува со закон, никаде, сега, секад и у вечни векови. Амин
Ne, ne velev za vratena zhena, tuku kako mazhot shto mozhe da e vo brak so 2 zheni, zoshto ne taka i zhena da e vo brak so 2 mazhi?
Ми излезе постар оџа на Инстаграм пред некое време и велеше "Ако си мамин син, не се жени. Ако се уште цицаш, не се жени. Ти треба да си потпора на твојата жена. Твојата сопруга ако сака, ќе чисти и ќе готви дома. Таа не е твоја слугинка. Таа не е слугинка на твојата мајка, твоите родители." Сум гледала и reels од помлади, што пак зборуваат дека должност на мажот е да ја штити жената и физички и финансиски. И дека не смее да ја удира. Поради некои такви говори, мислам дека религијата учи на љубов, ама во пракса, политички лидери и дивјачкиот менталитет на многумина создаваат насилна средина и тоа си го оправдуваат демек така требало.
Е ајде де зошто? Инаку да порано во војни гинело многу машко население и си започнало да е допуштено 1 маж со до 4 жени, ама пишаа и членки тоа им е ствар на договор со првата жена. Дека пак треба да е прилично финансиски имотен мажот за одржување до 4 домакинства. Плус дал златно ланче на едната исто на сите други, ама научиле да си поќутуваат да не му се трошок на газда Има многу фалинки у ова, ама сите муслимански мажи па и не живеат строго по Куран да не се лажеме. Има муслимански жени век си векуваат, се е до карактерите, слогата и разумот. Во цел свет ако ти се погоди маж будала оди расправај се и справувај се за навек, ама да фалинките што се издигани на ниво на закон еве што доведуваат да се случува. Ужас!
Ај што создаваат, ама кога такво толкување се допушта да е закон над законите што да пишам да не заплакам
Како строго забрането? Баш знам личности од гореспоменатите држави, знаеш како ги омажија? Сопругот на слика си го видоа и другиот ден свадба. После тоа заедно миграција. Не ми одговори на прашањето, зошто од овие земји жената не може сама да мигрира, туку е приморана да се мажи прво, после тоа заедно со него да се пресели?
Тука може колку сакаат да го величаат исламот, факт е дека во муслиманските земји корупцијата, криминалот, убиствата, силувањата се најмногубројни. Ете нека кажат, како е нормално ова.
Добро, и покрај сите страдања на ваши совернички, се уште оправдувате носење на крпи на глава? Видете која опресија е тоа врз жената. Сведување на ниво на предмет.
Како што има хард кор екстреми во исламот, така има и во христијанството. Ако одиме по таа улога ако слепо се држиме до религијата овде мислам на христијанството ништо помалце нема да бидеме од муслиманките. И во христијанството порано жената служела само за да раѓа, чува куќа не смеела да работи нити да гласа. И кај нас имало договорен брак, жените носеле марама...Само што жените кренале глас и стегите попуштиле да сме ќутеле и државата да ни беше поврзана со религијата исти ќе бевме. Ниедна религија не учи да треба да се понижи жената да нема право на глас, тоа си го смислувале порано некој "попаметни" тогаш ги сметале оџите и поповите нив слепо ги слушале и ако тие речеле жената треба дома да седи и деца да раѓа и чува, тоа се врзувало во крпче...Како што има бабини деветини што ги викаме ние така има и бесмислени религиозни правила што на некој ете така му одговара да ги следи без да размисли со своја глава.