Па целава поента е дека е лесно да го браниш исламот кога не си задолжен да живееш по негови правила. Можеш што ти одговара да примениш, што не ти одговара да отфрлиш. Е друго е кога до детал е инкорпориран куранот во државните закони па немаш тука сакам неќам
Една од работите што не се согласувам со Исламот e тоа што сеуште живеат по стариот закон или според Стариот Завет и аплицираат правила и прописи од таму како државни закони. Па така денес во исламските земји сеуште е на сила крвната освета(око за око заб за заб) смртнaта казна, камшикување на престапниците и слично. Овие правила важеја за стариот Израел кој беше теократска држава водена директно од Бог. За нас христијаните е битно да се знае дека со доаѓањето на Исус и неговата жртва за човештвото за откуп на гревовите овие правила се аболирани и никој после Исус нема право да воспоставува теократска држава. 23 Before the way of faith in Christ was available to us, we were placed under guard by the law. We were kept in protective custody, so to speak, until the way of faith was revealed. 24 Let me put it another way. The law was our guardian until Christ came; it protected us until we could be made right with God through faith. 25 And now that the way of faith has come, we no longer need the law as our guardian.
Зошто споредуваш со христијанство? За тоа има друга тема, овде друго се пишува. Не знам какви ви се овие објаснувања, кога не можеш да оправдаш нешто, е ама ваму е така, таму е онака. Можам многу убаво да објаснам каде како е, ама оф топик е. Во едната религија имаш право на слободна волја и избор без никаква закана по својот живот, во другата не е така. Екстремизам, од која и да е религија, е нешто многу погрешно. Едит: не сакам ништо наметнатно. Сакам да имам избор и ако верувам во нешто и правам нешто, да верувам и правам од срце, затоа што ми е убаво, затоа што ме исполнува. А не затоа што нешто морам или во спротивно ќе ме убијат утре.
Точно. Никогаш во христијанството жените не биле форсирани да носат крпи на глава, полигамија е забрането, не е дозволено маж да удира жена.
И во Христијанството жените морале да носат шамии. Ама во тоа време така функционирале, не знаеле и не можеле поинаку. Разликата е што сега тоа е искоренето, а во Исламот продолжува да се практикува истото.
А ние што трубевме на темава неколку страни? Ти беше оној истиот што не убедуваше во темава дека таму владее мир, ред и поредок, што е сега оваа контрадикторност?
Нема никаква контрадикторност ги истакнав само предностите во тие држави и тоа дека живеат далеку поморално и во склад со божјите закони за разлика од нас што е факт. Уште во претходни коментари се изјаснив дека сум против смртна казна, присилно мажење и женење, крвна освета и ред други работи. Теократска држава после Исус никој нема право да воспоставува бидејќи се одзема правото на слободна волја мислам ова важи за Христијаните Исламот е друга приказна.
Предностите во тие држави?! Дали се читаш што пишуваш? Живеат поморално? Дали знаеш дека и таму има силувања, ама никој не пријавува зошто таму жените се сметани за предмети. Во тие држави жените се тепани од своите мажи. Ако жената не може да го задоволи својот маж или не може да биде бремена, мажот може слободно да си донесе 3 други жени. Ако за тебе ова е морално, очигледно имаме различни дефиниции за морал.
Да го браните христијанството како подобра религија е... з а б л у д а. Се согласувам со мислењата за хиџабот и исламските држави и се, ама моментот кога ќе почнете да зборите дека Библијата е подобра, подобро ги третира жените и не знам што, тука ви паѓа во вода објективноста на вашите мислења.
Па баш ова се случува во исламските земји, затоа и коментираме. Никакви предности не може да има држава што се води по закони стари 2000 години.
Ништо од ова што наброја не одобрувам јас ниту пак е оправдано во Христијанството. А во што се согласувам веќе наведов погоре забрана за конзумирање на алкохол, дрога, порнографија,казина и кладилници, сатанистичка музика, воспитување на децата од мали во духот на религијата и поттикнување на младите да се воздржуваат од секс пред брак, прељуба и т.н. Ако гледаш нешто лошо во ова што го набројав тогаш дефенитивно имаш проблем во расудување што е добро што е лошо
Не сакам да кажувам оваа религија е подобра, оваа полоша. Но факт е дека исламот многу лошо ја третира жената. Според Куранот дозволено е жената да биде тепана, да биде послушна на мажот, да може мажот да има 4 жени. Во Библијата никаде не го пишува ова . Како може да кажеш дека подобро се живее таму, гледај само за една марама девојка убија. Ако е така, пресели се таму. Може подобро ќе ти биде.
Па во ред е што ги коментираме негативните страни осудувам и јас што е негативно ниеден екстрем не е добар. Ама ако кај нив е лошо кај нас а особено на западот е Содом и Гомор морелен колапс уште еден екстрем што не е воопшто добар а се прикажува како архиетип на едно здраво општество.
Ти можеш за себе да кажеш што ти е морално а што не, не и за другите. Секој има различна дефиниција за морал.
Да, сигурно подобро е да не можеш да бидеш во врска, директно во брак. Каков карактер има и дали си одговарате, небитно е. И онака таму развод забранет е. Може вака да се живее подобро е.
Во тоа ти сакаш да веруваш. Католички и протестантски свадби во црква на кои сум била, ја прашуваат жената "Дали прифаќаш да си потчинета на мажот како што црквата е потчинета на Бог?" (или нешто така). Во Куранот пишува дека мажот е должен финансиски да ја одржува жената и сите финансии на мажот се финансии на жената. Доколку мажот не е способен финансиски да оддржува повеќе жени и еднакво да се грижи за нив на сите начини, тогаш според Ислам не смее да има повеќе жени. Како и секогаш е истата приказна, се бира на што да се придржува. Многу работи што се сметаат дека се дел од Ислам се уствари дел од културата на тие простори. Муслиманите во Босна и Турција живеат многу поразлично.