На православни свадби, никој не прашува така. Жената и мажот се рамноправни. Ете зошто не одговориш на прашањето: ако жената има доволно финансии, зошто не може да има 4 мажи?
Во сите религии има групи во кои полигамијата е дозволена, 'дури' и во Христијанството. И во Библијата пишува дека мажот може да земе друга жена, ако неговата има проблем со репродукција. Твоето 'негативно' и моето 'негативно', не се исти. Ако ви треба религија да ви каже што е морално, а што не, тоа значи дека немате функционален кортекс за сами да расудувате. Според мене, организираните религии се најголемата лага и најсилната алатка во рацете на мажи кои од петни жили се напињаат да го задржат и устоличат патријархатот како ултимативна вистина. Било кое верување/идеологија кое не ги третира еднакво сите членки на општеството, треба да се искорени.
Затоа што никаде не реков дека жената е рамноправна во Исламот. А, дефинитивно ни во христијанството. Добро, не сме викале така на прсвославна свадба, и пак местото на жената во нашето општество не е како што треба. Видиш дека некои работи се прашање на култура, а не религија?
Не е точно. Напротив, во христијанството дури и разводот и бирање нов маж/жена се смета за прељуба, а не па да се има повеќе мажи/жени. Затоа има склучување црковен брак ама и црковно укинување на тој брак. И друго да додадам. Не напаѓам никого, она што сакам да го кажам е, нека носат девојките хиџаб ако сакаат, тоа да е свој избор, своја желба од љубов кон самата религија, а не на сила. Тука е проблемот.
Каде во христијанството налага да се носи хиџаб? Знаеш дека при неверство, ЦРКВАТА ДАВА РАЗВОД? ЗНАЕШ дека мажот не смее рака да крени над жена? И една забелешка, книга е женски род. Заменката треба да биде ја. Срамота не знаеш македонски. Ете убаво објаснување.
Ова во Стар или Нов завет? Најјаки сте ми вака кога немате читано, само од интернет по потреба барате, цепкате.
Христијанството се темели на се' што пишува во Библијата и секој си толкува, како сака. Исто како Исламот и Куранот. Кога имаш фанатик, како Вајдперпетуал кој случајно дошол на власт, ќе ги јутализира сите писанија од религиозната догма кои нему му одговараат. Тоа е проблемот. Затоа законите треба да се секуларни, а не религиозни.
Не. Стариот завет не знам колку си го читала е објаснување за настанување на светот. Сите правила како се живее се во Новиот завет. Таму никаде не пишува еден маж да има повеќе жени или жените да се покриваат. За тоа дека треба секуларни држави, неспорно е.
Ако некој знае што е сатанистичка музика тоа сум јас што сум цел живот пораснат со Хеви Метал и Хард Рок бендој па само да слушнеш некои од тие текстови ќе ти се преврти желудникот се промовира и велича сатанизам на велико ништо подобра не е ни денешната мејн стрим западна музика во сите текстови се промовира блуд, разврат секакви перверзии и гадости сите тие текстови се импринтирааат во глава и го тераат човек на агресија, насилство, конзумирање на алкохол и дрога, промискуитетност едноставно духовна хаварија прави таквата музика а многумина не се ни свесни за тоа.. Никој не оспорува дека треба да се биде во врска да видиш дали си одговараш со човек карактерно никој не вели дека треба одма дирек да се оди на брак. Едно е Ислам друго Христијанство.
Не дебатирам за тоа што значи, дебатирам за апропријација на тоа што пишува, толкувано на начин на кој му одговара на оној кој е на власт. Прочитај ги постовите на Вајдпрепетуал и ќе видиш какви закони ќе имаме ако Христијански фанатик е на власт. Истото е во Иран. Мажите да имаат целосна моќ и сите пари од нафтата да се кај нив. А машала, Иран ја има на претек.
Има врска. И тоа голема. Стариот завет е преполн со екстреми, Новиот завет е веќе нешто друго. Затоа и се викаат Стар и Нов завет. Куранот е повеќе сличен на стариот отколку на новиот завет, што значи тоа еве секој сам нека си извади заклучок.
Аман со тој секс пред брак. Еве нѐ наебаните живи здрави. Патем и атеистите (можат да) си ги воспитуваат децата да не се коцкаат и дрогираат, у реду е
Па такви текстови нема само во странската музика, еве и српските ништо подобро не се, па нема кој не ги слуша. И што има лошо во секс пред брак?
Тоа е друга тема. Можам само да ти одговорам накратко: не се чувствувам опресирана. Се сакам себеси. Да прочиташ малку во други теми на форумов, ќе видиш колку јас, верник, што ти мислиш дека сум конзервативна и веројатно заостаната, дека верник нели, уствари повеќе знам да се ценам себеси и ја знам својата вредност како жена, отколку други жени што се понижуваат на најразлични начини во животот.