Не знам Вајд жално е, прежално е дури. Тие немаат никакви права, полицијата сакаше да ги заплаши со убивањето на втората девојка, но мислам дека знаат дека повлекувањето значи падната чест и срам затоа не се предаваат. Цела власт треба да се смени, да не биде смртта на жртвите залудна.
Никој не може да ме убеди дека на Балканот жените, посебно постари Албанки избрале да носат бурки и хиџаби. Воопшто не е така и стварно е безобрано да ја игнорираме цела таа опресија само затоа што мал процент самостојно одлучиле да се покријат.
Во Иран девојка е убиена бидејќи не го носела правилно хиџабот. Дури и по свој избор да го носела, ја убиле зошто било неправилно. Тоа е истата религија, не е некоја друга, затоа е сосема нечувствително тоа што го пишуваш ти тука на темата @mssuniquee. Замисли тебе среќата да не ти беше таква, туку да беше родена во Иран, дали вака ќе пишуваше? Имаш среќа да имаш избор. Ама тоа е тоа, среќа е. Муслиманка си, ама, си можела многу лесно да бидеш и во Иран. Впрочем, и секоја од нас. Затоа малку повеќе емпатија нема да е на одмет.
Light sweater? На 40+? Ќе ми се фатат. Не мислам да умрам. Нивните тела се адаптирани на тие температури.Ние овде преку лето доаѓаме до 38 на некои 2-3 недели и толку.Тие испод 40 немаат видено Ик бе
Ok nıe defınıtıvno ne se razbırame, sto patı pısav deka nıkoj ne go podrzuva toa tamu sto se desava. Ovde se spomnuvaat I Albankı a onı zıveat tuka lele kakvı dvojnı arsını epten Reın aj banırajme od temava podobro za mene navıstına
Тоа што ја убиле девојката за глупости, неправилно носење на хиџаб е невидена затуцаност на самата држава. И немаат избор, да имале не би било така. Испадна дека девојката не починала од тепањето, си најдоа друга причина да замачаат очи. И за овие треба санкции како за Русија. Ама кој да им стави санкции нив? И тие имаат нуклеарно оружје. Катастрофа. И мило ми е што овде дел од Албанките и другите муслиманки имаат права, се облекуваат како сакаат, и не живеат како тие во затуцаните земји.
Ова е тоа што од тебе боде очи. Ти мислиш ти ако имаш избор, сите имаат. Гледаш ли дека не е така? Гледаш ли дека убиваат жени зошто погрешно го носеле? Па уште не терале како не со смајлиња, а жени во моментов се борат за својот живот.
Kako pocna pak da se komentıra na temava? Kako na Nena ı smetale vo Danska zatvorenıte Muslımankı. Pa ı Albankıte gı komentıravte a za devojkata od Iran edvaj 5-6 komentarı, Abe aj
Извини(не хејтај добронамерна критика ), ама ти ја побрка работата откако ги префрли мислењата од темата Хиџаб во оваа.Таму се збореше за носење по избор што многу го има на Европско тло колку и да не се запознаени некои со тоа.Овде се зазбореа за ужасот на Истокот. Членовите и членките мешаат.Смени наслов на оваа тема за да стане јасно за што и за каде да се збори(на пример наметнато/присилно носење хиџаб и бурка).
Зборуваме за наметнување хиџаб наспроти избор. Секако дека ќе коментираме за луѓето со кои живееме и гледаме.
Последното мислење таму е од пред една година. Првото мислење со кое е отворена темата беше она што повторно ја покрена дискусијата околу хиџабот. А ти од каде знаеш дека не е? Или онака ги убиваат, зошто они сакаат да носат, сами си се криви.
Добро сите носат хиџаб од што сакаат, религиите не им го перат мозокот на луѓето, никој во историјата не страдал заради религиски догми и сите се среќни и весели. Слободно може да ја затвориме темава.
искрено не е ок во западно општество идеш и се прекриваш цел од глава до пети и уште прашуваат зошто се дискриминирани,јас разбирам така да идеш на свето место,но на плажа бе во шалвари,капути и хиџаб на глава,нажалост не,чак и нивните дечиња ако се женски на плажа се бањаат со бициклисти и блузички,а не во купачи што е за мене жално
За различни ситуации зборат. Или јасно оддели ги темите со објаснување или смени го насловот на оваа да одговара на двете ситуации.Може нешто како Носење хиџаб во Исламот-право на избор или наметнување/присилување? Или оваа тема нека е само за наметнато. Или на @buba4e89 предлогот.Дискусијата ќе е појасна. Ти одлучи.
Ако си била во Еѓипет вајда знаеш дека се пишува со Г а не со Ѓ. И котек со Ќ. И секаде има дофрлања кога некоја девојка е поотворено облечена, не само таму.
Човек кој се срами од свое или туѓо човечко тело за мене не е човек. А уште помалку вредност има тој што ги третира туѓите тела како стока.