Абе ако сакам ќе имам секс со 1000 души, ќе слушам метал и ќе се дрогирам секоја втора вечер. Се додека тебе не ти штетам, што ти е гајле што правам? Гледај си за тебе.
Какви закони ќе донесам јас бе дај не ме заебавај. Во Југославија имаше цензура на цел западнјачки шунд и пропаганда па имавме најдобра и најфункционална држава и прекрасни луѓе и генерации. Од ко влегоа западните мешетари овде решето не напраја и економски и духовно
Не мислам така, напротив. Тебе те рачунам за една од поинтелигентните и една од најдобронамерните членови на форумов. Всушност, на некој начин и се гордеам со тебе како член на форум. Не ти го спорам верувањето. Сите во нешто веруваме, на овој, или оној начин. Прашањето ми е зошто дозволувате нечие толкување (институционална религија), да го корумпира она што е длабоко во вас? Не сум верник, ама сум спиритуална личност. Има делови од сите религии, вклучувајќи го и Христијанството, во кои верувам, зошто јас така се чувствувам, но не верувам слепо во се' што пишува. Посебно, кога е нешто што некого опресира, или нешто што се коси со научни докази. И не е друга тема, истата е. Хиџабот е еден аспект од религиозната алатка на оние кои се на власт. И тој аспект, е опресирачки за жената.
Исто и Иран била барем до негде демократска држава све до касни 70ти кога им се деси исламска револуција. Сега ич не е.
Ако чинеше Југославија, немаше да пропадни. Не чинеше. Знам, живеев во нејзе. Знаеме сите, оти ова денес е производ на таа 'голема владевина'.
Што има лошо? Лошо е што другата страна може тоа да го злоупотреби и да те обесчести и да те остави. Јас лично познавам неколку девојки што психички попуштија после секс со првиот дечко едната дечкото ја уценуваше да има секс и со неговите другари ја снимаја и ја искористуваја со месеци и стигна до степен на психијатрија да лежи а другата стана нимфоманка одкако психички и физички беше малтретирана и изневерувана после таа врска се погуби скроз. Вакви случаеви денес има на извоз ете затоа сум против секс пред брак.
Како ќе ме обесчести? Замисли! и жените уживаат во сексот! Некои сакаат да менуваат партнери. Некои сакаат анален секс. Некои сакаат да бидат доминантни во кревет. /додајпожелба Имањето секс не е 'обесчестување'. Силувањето е!
Никој не ти брани твој живот твое право ме праша што има лошо ти кажав и за машко и за женско важи истото искористена и злоупотребена страна можат да бидат и машко и женско
А вакви срања не може у брак да има? Дечко ако веруваш дека некој може да те искористи со секс, па ваљда не треба ни во врска да си со таква личност нели?
Претпоставувам немаш прочитано делови од новиот завет каде што јасно е нагласено дека жената е потчинета на мажот и треба да му биде послушна? Значи книгиве се пишувани мноогу одамна, нормално е дека ќе бидат во склоп на тоа време. Да, тие правила за живот си го измислиле мажите и нема простор за метафоричко разбирање, наменети се да се разберат буквално. Можете да ги интерпретирате на небуквален начин приказните, чудата, делата на Исус и на светците и сите други ситници, ама овие правила се многу јасно напишани и нема потреба од ментална гимнастика за да се докаже дека авторот уствари нешто друго мислел. Затоа што во минатото светиве книги не биле само објаснување за нашето постоење и филозофии, туку и водич за живот на луѓето, што само по себе налага да има делови кои треба да се сфатат строго како што се изнесени. Факт е дека и христијанството и исламот се опресивни кон жената, само што модерното христијанство има прифатено и модерни идеи, исламските земји се неколку века поназад.
Човече колку ли тајни криеш уште во тебе ти, ти не се зезаш кога велиш си born again Christian. Извини ама мене ми има смисла ова да се измислени лично од Ѓаволот, зошто мене душата ми се осеќа нападнато кога ги слушам, так да не се бунам на оваа теза. Иначе за секс пред/надвор од брак кратката верзија (од духовен аспект) е оваа. Спојлер: . https://www.ghanaweb.com/GhanaHomePage/features/Soul-ties-how-to-break-them-1469539 А потоа си постои и онаа догмтичната верија што горе долу на сите ни e познатa. Пак сме малце оф (иначе незнам дали има тема за ова поосебна?) Незнам колку денес верници и муслимани и христијани се запознати со ова, а колку само со догматичниот аспект, а колку се приддржуваат па тоа тек не питај ме ништа друже. Дури и во Иран каде што е нелегален/ казнив по закон секс пред/надвор од брак имаат/ се кријат. Да, истиот Иран каде маж може да има/легално повеќе од 1на жена ( но не и жената).
Не сум видела опресирани христијанки тоа само кај муслиманките е случај. Во христијанството жената е почитувана.
Имате многу документарци и за христијанството и за исламот. Можете да ги погледнете јас често ги гледам ме интересираат, пример Хистори каналите имате документарци за христијанството и исламот, стариот и новиот завет. Погледнете ќе разберете многу работи.
Ајде бе не ширите дезинформации си зела пушташ линкови од мормони. За ортодоксно христијанство тука збориме.
Па тоа е целиот муабет: Зависи како го толкува оној кој е на власт. Во случајов, Мормоните, Иран, Афганистан... 100 пати го повторивме ова. Се вртиме во круг... Кој разбра-разбра...
Мормоните се секта. Како и да е, христијанството не е толку опресирачко и деградирачко кон жените како исламот.
Во Америка во деловите кај што се доминантни конзервативци и ултра религиозни политичари се носат закони што се директно против слободната волја на жената. Беше актуелно сега, законот за забрана на абортус. Христијанството е одвоено од државата и поретки се екстремистите, па затоа ни се чини лабаво, инаку не е. Еве пример членов тука сите што го цитираат се води баш според библиски правила.